Женички, оние коишто пиете Кардиовитамин од Србија, дали може некоја од вас да ми го сликне составот на апчињата (неможам да го најдам на нет). Трансфузиологот ми направи некоја шема, колку треба да внесувам Б витамини, па ме интересира колку има фолна во Кардиовитаминот и дали е метилирана.
Ти благодарам на одговорот. Сѐ уште не сум купила. Трансфузиологот ми понуди неколку шеми како да ги комбинирам, па ќе видам дали до Србија или до Бугарија ќе одам да ги набавам.. Само сега читам на форумов, дека чим пијам фолна метилирана, треба и Б12 прочистена.. А трансфузиологот не ми спомна дека треба прочистен Б12..  Инаку МТХФР С677Т хомозигот сум.
повели и мене ме водеше Елена имај 100посто доверба во неа. што ќе каже она тоа е. имаш привилегија да те води една од најдобрите. на вибер достапна што е реткост. и кај Јани одев ама една е Елена
Дефинитивно!!! Прекрасна!! Многу темелно пристапи кон мојот случај, и како што кажа, секогаш е достапна, за разлика од други доктори.. Топло ја препорачувам на тие што допрва треба да одат на трансфузиологија!! Ти благодарам за одвоеното време
Како хомозигот на МТХФР, терапијата ми е следната: - Аспирин Протект; - метилирана фолна - 0,8mcg (микро грами); - Б6 - 10mg; - Б12 - 120mcg (микро грами). За фолна имам од Неофолик, но, кажувајте искуства за другиве витамини.. Кардиовитамин, а и останатите кадешто Б витамините се во комбинација со други витамини, се во помали дози.. Што пиевте вие женички?
А од кој производител, и колку е концентрацијата на Б12 во тоа апче? Читав дека ги набавуваш од Струмица, ама додека не ми снема фолна (а моментално имам две пакетчиња Неофолик) не планираме да одиме до Бугарија.. Па тогаш ќе ги набавам и фолната и Б 12 во преработена форма. Инаку д-р Дејан Трајков ми рече дека иако ми е мутиран тој ген, немало потреба да пијам преработени витамини, но, по препорака на трансфузиологот, ќе ги пијам во таа форма..
8,35 (референтна вредност од 00.00 до 13.00). Овој резултат ми е по пауза од два месеци од витамин Б.
Девојки, јас сум со мутиран ген мтхфр хетерозиготен и ме интересира од кога почнавте со аспирин и фолната киселина? Од следен месец почнуваме со обиди, за фолната знам дека може и порано да се прима, а за аспиринот не сум сигурна..и дали да земам од Вигантол капките (кој ви ги препишува, зошто и сл.) тнх
Zemaj gi neofolik meta od bugarija I vit b12 vo forma na metilkobalomin I b kompleks na Dr wolzz I aspirin 100
И мене, затоа се прашувам дали на своја рака да земм плус витамини или не..Моник баш ти имаше пишувано за вигантол капките, зошто ги пиеш, дали ти ги препиша доктор?