Kortiko terapija e, ali toa e zaradi toa sto imam hashimoto i e avtoimuna bolest, se uklucuva do kaj 12 nedela mislam A za kleksanot Jani uste od pocetok bese za dva kleksana, ali jas poslusav ginekolog
Девојки, доколку некој бара упат за кај Јани да ви кажам дека денес имаше термини за втората недела на октомври. И да прашам, дали тој може да препише клексани? Претходно на трансфузиологија не ми дадоа, друг доктор беше, па морав на ГАК. Па да прашам да не е пак џабе одењето.
Јас вчера бев кај Јани, ми рече дека не смее тој да препишува, а баш пред некој ден прочитав некаде дека пак почнал да препишува. Очекував дека ќе ми препише по тоа што го прочитав ама сепак не препишува девојки, да знаете.
Овие си играат изгледа де може де неможе, на 5 септември бев ми пиша клексани , на 16 септември пак бев кај Јани ми кажа што се однесува до мене колку можам ќе ти помогнам баш со тие зборови. Слушнав дека директорката им правела нешто проблем да не даваат клексани, се надевам ќе најдат разбирање со нејзе да не не шетаат по клиники.
Не ми е сфатлива ни мене ситуацијава, де вака де нака. Незнам што е толку тешко да одлучат кој ќе препишува, кој не, секој ден само некои нови измени слушам. Ако не сме тука на фемина од кај ќе знаеме што-како одлучуваат и после за џабе патот и само нервози непотребни, свашта
Ужасни се и безобразни на трансфузиологија во државна болница. Кога и да сум отишла сум чекала 3,4 саати може и повише за да ми препишаа инекции, дека идев со проритетен, дека нема за трудници шифра мојата матична незнаеше како, (од после тука научив дека сите одат со друга дијагноза). Значи последниот пат кога отидов чекав од 8 сабајле до 12 за да ми кажат више не препишувале клексани ама ДА СУМ СИ ПРОБАЛА ?! Не се нормални и таа на вратата сестрата и кажав дека имам патолошка бременост на строго лежење и ме оставаат таму ко партал на скалите да чека 5 саати. За на крај да не ни завршам работа. Очи неќам да им видам. Си идам на приватно ми кажуваат терапија и со тоа на ГАГ ми препишуваат клексани.Идам после пладне никад нема гужви и чиста работа.
Здраво, дали на некоја од вас и ги прекинале клексаните, иако има тромбофилија и историја на спонтани абортуси ( јас имам 3)? Денеска бев на преглед на Клиника, во 11 недела. Докторката ми рече ќе ги примаш до 16 недела и после ги прекинуваме. Искрено ќе ми биде страв да ги прекинам
Консултирај се со трансфуџиолог за ова. И јас сум со 3 спонтани со тромбофилија. Мене ми рекоа до крај да се боцкам и плус Аспирин преку еден ден. Сега треба да го прекинам. 28+ 4 сум. Да не беа инекциите не ми се верува дека до овде ќе стигневме.
Јас немам историја со спонтани ама сум со тромбофилија. 30+1 сум и цело време ги примам клексаните и ќе ги примам до крај.
Да, обавезно ќе се консултирам со трансфузиолог, ама како што го имам разбрано претходно Јани до крај ќе треба да примам, иако димерите ми се секогаш добри. Ми велеше мораш, поради историјата на спонтани. И јас пијам аспирин 100 секој втор ден. Инаку пијам и метформин, тој по препорака на Ложанковски. Немам проблем со шеќерот, ама тој ми го препорача и рече дека давал добри резултати. Всушност метформинот е единствената плус терапија што ја примам од претходната бременост, која ми заврши со спонтан и покрај клексанот. Прашав и гинеколог на Клиника ми рече не штети метформинот, ама не и беше јасно и зошто го пијам
Незнам за метформин, еве сега слушам од тебе , јас покрај клексани и Аспирин нели примам метилирана фолна и метилиран б 12 и д 1000. Фала му на Бога све е ок и бебе си расте супер и се развива. Пак ќе ти кажам. Трансфузиолог ке те посочи најубаво. Да не имаш потреба од поголема доза клексан штом и покрај терапијата пак си имала спонтан ? Инаку и мене д димери и све друго ми е супер цело време ама ќе се боцкам до крај ради мутацијата.
Не, не смеам по два клексани, димерите ми се помалку од 148, односно пишува <148, а и гинекологот вика нема шанса за два, плус дека сум била слаба. Инаку и јас пијам метилирана фолна и метилиран Б12
Битни се времињата ако тебе ти се скратени тогаш не смееш никако да ги прекинеш. Ако ги слушаш одклиника тешко тебе. Мене втората бременост ми ја водеа како ектопична, а не ни видеа и сакаа во сала да ме однесат на чистење зошто се ретардирани. Со тромбофилија се гледа протокот на крв на папочната врвца и плус времињата на згрутчување на крвта со д димери. Ако не го најдеш Јани барај ја Виолета Дејанова или Елена на трансфузија, другите се сите не писмени за жал.
Девојки јас малце се испаничив, пијам метилирана фолна, се сеќавам докторката ми рече на Now као се најдобри, после сменив на солгар, од аптека и тие ги фалат . Ама работата е што и не приметив дека на now се 1000 ug , а na solgar 400,ug. Значи пијам 400 скоро цело време. Од колку пиете вие ? Со мутации сум иначе, хетерозиготна на MTHFR 1298. Се плашам да не сум пиела помалку од потребното :/