1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.381
    Допаѓања:
    1.156
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,

    Резултатите за генетски мутации и тромбофилија на трансфузиологија отприлика за колку време се готови? Ми рекоа за две недели кога се боцнав
     
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    40.197
    Пол:
    Женски
    А која доза ти е препорачана? Имаш мутации?
    Генерално без индикација 400 ие е доволно. Дури и за мутации не сите примаат големи дози. Мене препорачана доза од трансфузиолог ми е 600 ие метилфолат и 4,5 мцг метил б12, за разлика од други кои по препорака на трансфузиолог примаат по 1000 мцг.
    Без паника секако подобро помала доза отколку ич.
     
    На Faith му/ѝ се допаѓа ова.
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    32.865
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали овој месец ако ни е неуспешен за бременост треба да го пијам аспиринот за време на менструацијата додека ми трае и после пак да почнам или воопшто да не прекинам?
    Вие како правевте?
     
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    32.865
    Пол:
    Женски
    За 2 недели точни ги земав јас
    Можи и порано биле готови ама не отидов порано за да не ме вратат ако не се готови, ама ако добро се сеќавам има членки што ги земале за 10 дена
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Продолжи да го пиеш не го прекинувај.
     
    На mace89 и Bejb15 им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    32.865
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Od koga pocnavte so kleksani? Posle pozitiven test ili odkako se vide plodot na eho?
     
  8. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    После позитивен тест, од 5та недела.
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Одма и на најбледа линија од позитивен тест
     
    На Yeeah, Bebence29 и Ena0310 им се допаѓа ова.
  10. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    @Ena0310 Фала ви ,веднаш ќе се обратам кај матичната ако имам позитивен тест
     
    На Yeeah и Ena0310 им се допаѓа ова.
  11. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мајки знам дека ве има доста со генетски мутации
    Керка ми е мала има 7 години и од 3години после операција е на терапија Синтром за коагулација на крвта
    Има 3 генетски мутации две хетерозиготства и едно хемозиготство
    Ја водеа како тромбофилија искрено и не ми беше добро објаснето
    Секоја недела после операција и испитуваа д-димери и примаше клексани 2 месеци се додека не и беа добри и потоа ја префрлија на орална терапија т.е Синтром
    Од тогаш еднаш месечно и испитуваа ИНР и и одредуваа терапија
    Пред пола година се преселивме во Германија чекавме долго за термин и денес се јави докторката која рече дека керка ми е потполно здрава дека има генетски мутации но дека нема никаква тромбофилија и може одма да се прекинат апчињата и плус б12 пиеше исто и тие да се прекинат
    Јас сум премногу загрижена
    Во Мк ми рекоа дека има пребрза коагулација на крвта овде друго,јас сум премногу загрижена незнам што да правам
    Дали некоја имала некој сличен случај како е најправилно да постапам јас незнам
     
  12. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некоја меѓу нас е хетерозигот на FGB и MTHFR комбиниран хетерозогот на двата гена?
    Саиам малку да се консултирам... поздрав
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    Денес бев кај Јани, вие што имате упати искрено џабе е одењето, не сакаше ниту мислење да даде, им било забрането. Ми вели не е моја приватна ординација, консултирај се со гинеколог, викам нели треба афа, лупус нешто да испитам, не можам вика, не можам оди кај гинеколог на клиника, ми забранија.
    Викам барем кажете дали и нареден пат со клексани да бидам, само тоа ми одговори.
    Се пренервирав значи :@
    Толкав пат минам и за ништо. Еве зошто одиме по приватните врати, од мака не од премногу пари, лудница ни го направија здравството :@
     
    На Ena0310 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Исто...исто... бев минатата недела. Забрането било од минатиот месец било каква консултација..
    Му викам треба аспирин пред планирање следна, треба метилфолат?
    Не знам, тоа гинекологот ќе каже. Нас ни е забрането ка жауваме, се лутат колегите гинеколози ако даваме терапија
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    И сега не знам што да правам, јас пак ќе се вратам кај трансфузиологот во Систина, што може гинеколог да ми каже за мутации и тромбофилија?
    Ти што реши, каде ќе одиш?
     
  16. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Во право си.. треба трансфузиолог, што ќе каже гинеколог...
    Јас сега барам матичен гинеколог да аменам..
    На приватен трансфузиолог не сум била досега.. кај кој одиш во Систина? Запознаен/на е со вакви случаеви?
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    32.865
    Пол:
    Женски
    Што им е бре? Од кога ова сега?
    Јас минатиот понеделник бев и ми дади терапија, што е ова менување секој ден? Ќе не излудат на крајот значи, катастрофа ни е здравството .
    Кога веќе ни Јани нема да пиши терапија, каде ќе одеме?
     
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Јани не пишува терапија уште од пред 2 месеци и повеќе. Мислев барем мислење дека дава ама сега и тоа изгледа им забраниле. Знам мене не ми препиша клексани само ми ја потврди терапијата од пред тоа што ми ја имаше дадено. За терапија на ГАК одам. Е сега наредна недела ќе испитувам хемостаза и димери и со резултати од нив после не знам кај да одам (facepalm)
     
  19. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    не..не.. нит мислење нит насоки.
    ми повтори неколку пати дека тоа само матичен.....
     
  20. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    НА ТРАНСФОЗИОЛОГИЈА во други градови не бива да се препише терапија?Мора ГАК?