Тоа не знам. Нека каже некој што е од друг град. Во Скопје порано и на трансфузиологија препишуваа ама веќе не, само на ГАК
Можеби и се нормални оние "јаки мутации" што се најголеми знаци за тромбофилија: F5, F13, F2, F7, FGB ... па затоа рекла така. Многу поделени мислења има за мутацииве од докторите низ цел свет, не само кај нас. Еден вика тоа не е ништо, друг вика клексани. Кои мутации ги има девојчето?
Не може никаде на трансфузиологија, нема врска градот, ако одлучиле да не препишуваат џабе е во кој град и да одиш. Не знам дали мора баш на ГАК, треба да се провери дали специјалистите гинеколози од болниците во другите градови може да препишуваат.
Јас имам одено кај Нино, додека чекав термин за кај Јани, според она во разговор што имав со него запознаен е, тогаш немав од Ману резултати, сега со тие од Ману ќе одам кај него да видам што ќе каже.
Резултатите стигаат кај матичниот што го издал упатот. Во меѓувреме матичниот може да ти извади упат за на ГАК, пошто само таму веќе даваат извештај врз основа на резултати од трансфузиологија. Ова е за Скопје, не знам за други градови.
Ако тебе телото пребрзо ти коагулира можеш да завршиш со тромб евентуално при бременост на бебето да му се закачи. Таа што ја познавав јас имаше мутации малтене на цел панел и примаше по 3 клексани и пак порано ја породија поради ризик. Побарај повеќе мислења и ќе си одлучиш.
Имам неколку мутации, димери и хемостаза ок, некои доктори се против клексан, некои и два велат, затоа се збунив. Ќе барам уште мислења секако.
Сега кај кој ќе одиш, Јани веќе не не прима, мислам прима не, ама воздржан е и од совети. Наредна недела ќе одам кај Нино да се консултирам. За 2 клексани кој ти кажа, Јани?
Се повикав на професијата што ја имам, па побарав одговор зошто трансфузиолозите веќе не се надлежни за нас. Од трансфузиологија ми рекоа дека задолжени за нас биле гинеколозите, а не трансфузиолозите. Дека на ГАК конечно морале да си ја презедат оваа обврска, бидејќи тие не биле надлежни за трудници. Демек не е проблем да се направи консултација, ама не можеле да препишуваат терапија на трудници. И сега Господ нека ни е на помош, зошто јас повеќе доверба имав во трансфузиологот, отколку во гинеколозите, кои најчесто креваат раменици, или се против клексани.
Од 1000 е препорачана доза од гинеколог. Имам мутации за фолна. Не даваат писмен извештај гинеколозиве, али сеедно не знам како можев ваков пропуст да направам ... А Метилиран Б12 земам од 1000 цело време.
По колку пиете на ден од овие, го погледнав претходниот извештај од Јани и се збунив, со мутации кај вас по колку треба, јас до сега по едно земав
Јас пијам од 1000мг на Now, така ми препиша Јани. Овое се од 400 значи по 2 ипол на ден треба за доза од 1000 ако ти е препорачана.
Јас од 1000 пијам по препорака на Јани. Ама не сите мутации даваат индикација за толку високи дози на метил фолат. Кај некои мутации доволно 400 или 600мцг.