1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. AniSk

    AniSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Nema da odam veke tamu ne, ke si gi kupuvam privatno kako i do sega
     
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Ама немаш потреба приватно да ги купуваш. Јас обично понеделници одам, Чибишева е понеделници, во соба 36 мислам беше. Те прегледуваат со абдоминално ехо, чисто процедурално и ако си имаш извештај од трансфузиолог препишуваат клексани за 30 дена. Пробај така да направиш.
     
    На H.VAGA и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    И јас досега сум немала проблем. Нема потреба на приватно да ги земаш и да даваш толку пари.
     
  4. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Prvite kleksani na privatni si gi kupivte? I posle kolku vreme od pozitiven test vi zakazaa na Gak?
     
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    За на ГАК матичниот ми давал приоритетен упат од денес за денес.
     
  6. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Ti izgleda se nemas izgoreno od tie na GAK? Pa tolku mnogu gi brains.
     
    На Meckicja и AniSk им се допаѓа ова.
  7. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Зошто така зборите. Па и јас се имам изгорено на ГАК, ама тоа не значи дека сите таму не ги бива и дека на сите мислењето им е за нигде. Си има добри доктори и таму. На кого ќе верувате и дали после ќе одите на второ, трето мислење е ваш избор. Се изгореле луѓе и на приватно, знам и такви па ајде и приватниве ради тие изолирани случаи/доктори да ги бојкотираме... не оди така.
     
    На Meckicja, Iris-1234 и Suze18992 им се допаѓа ова.
  8. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Jas i pisav na maticnata,imam upot da ispitam beta hcg vo sreda mi rece utre da odam kaj nejze da se dogovorime so terapija i kako ke terame ponatamu za ultrazvuk e premnogu rano.
    Inaku ne sum prestanala da pesacam sega se vrativ od pesacenje na den sum od 5-7 km mi e strav zaradi spontaniot da ne treba da lezam duri togas kje skrenam
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Не секоја има индикации точно ама не се ни толку спретни докторите од ГАК да увидат дали во подоцна бременост ќе треба да се примаат и што може фатално да заврши. Колку жени што примале клексани завршиле фатално и колку што не примале. Запрашај се само.
     
  10. Bebence29

    Bebence29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    912
    Пол:
    Женски
    Mene duri mi e strav od mnogu terapija
     
    На AniSk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Тоа е твое мислење.
     
  12. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам сличните. Укажуваат на висок ризик од тромбоза
     
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто немам кого да бранам, кажав само дека не треба да се даваат такви совети затоа што на форумот има и жени што може немаат финансии да одат на приватно, па сега треба да ги паничиме дека нема квалитетни доктори на државно и да си знаат дека штом немаат пари ќе си завршат фатално. Инаку се имаат луѓе изгорено и на државно и на приватно. Конкретно другарка во Систина ја убедуваа дека не и требаат клексани се додека не заврши со страшни лакуни на постелка и плод кој и тоа како почна да заостанува заради ненавремено третирање со клексани.
    Девојче, како можеш прво да кажеш дали се спретни или не и сите доктори да ги ставиш во ист кош? Како и во секоја професија и институција така и во оваа, имаш екстра квалитетни луѓе, просечни и неквалитетни луѓе ама кај нас 90% од докторите прво работат на државно и не чинат, а кога ќе одат Систина или Ремедика се екстра и се најквалитетни. Горе наведов пример за девојка која ќе завршеше фатално заради непримање клексани а одеше на приватно.
    Јас конкретно за моите мутации пред да одам кај Јани, консултирав гинеколози и од приватно и од државно и терапијата што ми ја дадоа беше идентична и на крај и Јани ми ја даде баш истата терапија.
     
    На Meckicja и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  14. Faith

    Faith Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    Mthfr .
    Може да изгуглаш, има повеќе вида ама два се најпознати 1298 и 677.
    Исто може да биде наследен од еден родител или од двата изатоа некои се
    Хетерозигот или хомозигот.

     
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Зошто истите тие додека чекав исплашија девојче во5ти месец дека бебето има циста на главата и ќе почине и после 1 недела пак се погодивме за рефундација да зема потврда од таму и немае врска. Јас бев кај нив ме извадија од пает дека е вонматерично и ме спремаа да ме чистат па се погоди некоја ептен стара докторка за да им каже дека е во матка и дека ќе се појави срцева акција за 2 недели на контрола. И ќе ми кажеш дека се спретни? Не не се воопшто особено тие доле што се во амбуланта.
     
    На AniSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    И да се надоврзам плус кога ја спомна систина веќе дека таму докторката уште на првата неуспешна бременост потврди за оток на срцето, втората неуспешна беше ради докторката од коруновски што го погази мислењето на јани и тврдеше дека нема потреба од клексани и трета успешна али со доктор од систина и јани. Е затоа сум убедена дека се за нигде.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Хехе секој со своето искуство
    На ГАК докторите на прсти се бројат кои се добри, а до нив само со врски се стасува. Треба да се молиш, да се погоди некој како што треба, а од искуство на дежурство, и за конзелиарно ми се погодувале Неуки....
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Може си имала лошо искуство со еден, ики неколку доктори, јас не реков дека не е можно ама е далеку од тоа дека баш сите се заникаде, тоа сакав да ти кажам. Од друга страна досега не сум имала искуство некој да го погази мислењето на Јани, гинеколозите со кои јас сум се консултирала секогаш давале свое мислење ама ми напоменувале во секој случај да консултирам трансфузиолог и фала богу мислењата секогаш им се поклопувале досега.
    Од друга страна, имам другарка гинеколог што од ГАК премина во приватна клиника и самата вика дека што повеќе им наплаќаш на пациентите и им даваш скапи анализи и суплементи, тоа позадоволни се и мислат дека си најдобар доктор на светот.
    Инаку, за цистите и пациентката што ја спомна, јас имам читано дека често знаат да се јават на мозочето кај бебе во тек на бременост и треба да се следат, но најчесто се повлекуваат, е сега начинот на кој и соопштиле на пациентката апсолутно не е коректен и не е човечки и тука нема простор за дискусија.
    Пак ќе речам, секој има право на свое мислење и истото да го каже затоа што ова е јавен форум ама сепак треба да се внимава на начинот на кој се кажува бидејќи не секоја пациентка тука има можност да оди во приватна клиника, па не е во ред истите да ги плашиме и да ги вадиме од памет.
     
    На Meckicja, Ano, Thinkerbell. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.269
    Допаѓања:
    2.798
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од иронија и хехе муабети. Да, секој со своето искуство, а јас од ГАК и немам искуство воопшто освен за земање извештаи за клексани. Дури последно кога бев за извештај и за тоа не бев задоволна ама нејсе. Тоа не значи дека ако јас и ти сме имале лошо искуство готово сите се неспособни и треба да ги извадиме другите од памет. Баш како што кажа и @Iris-1234 не секој има можност и средства за на приватно. А и не секој има ризична бременост и потреба од повеќе мислења или подетален надзор. Не генерализирајте. Ко што реков и приватно може човек да се изгори. Ништо не е гаранција.
     
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Баш така. Ете јас во една од приватните клиники бев извадена од памет пред да останам бремена, ми рекоја дека сум за итна операција. Излегов расплакана и избезумена, па веднаш отидов да барам не уште едно туку уште две мислења од толку што се преплашив. На двете места ми потврдија дека ситуацијата е тотално безопасна и воопшто не е за операција. Докторот од приватна клиника каде што бев за второ мислење самиот ми рече "Сакале да ти ги земат парите, па затоа ти предложиле итна операција, едноставно е затоа што приватното здравство е и бизнис." Ете два доктори од две приватни клиники ама тотално различни искуства за мене, така што никаде немаш гаранција дека добро ќе пројдеш. Дај Боже кај сите сè да биде во ред, ништо друго не е важно.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.