Епа затоа пошто немаш искуство на Гак, затоа и мислењата се различни. Ти идеш за да препишеш клексани, а јас сум лутала низ лавиринтите на Гак... Крај краева секој си одлучува кај ќе оди. Еднаш човек кога ќе се изгори ќе дува и на кисело млеко.
Ама не се разбираме Јас и само за извештаи што одам на ГАК па некогаш се соочувам со глупости и не сум задоволна. Ти можеш твоето искуство да го кажеш, ама да речеш дека сите се лоши и дека никој не го бива и дека не треба никој од ГАК да се слуша е апсурд. Јас лани имав спонтан во 4ти месец. Цела бременост водена приватно. Па нема да зборам дека докторите во таа болница не ги бива. Изолирани случаи има секаде, некаде помалку, некаде повеќе. На тој што има средства му е полесно да избере соодветна институција и доктор. Тој што нема ќе оди на ГАК и сега според тебе не треба да ги слуша таму докторите зошто сите се неписмени и ништо не знаат. Да не зборувам дека секоја бременост е различна. Ок е да кажеш твое искуство, ок е да дадеш совет според нешто што ти си поминала, ама да генерализираш и се во ист кош да ставаш не е ок.
Devojki ve molam za informacija dali dobivte isplata za kleksani? Podnesov uste na 14.09 i obicno za nekoja nedela isplakjale, sega seuste ni pismo mi nema stignato, pa da preprasam
Каква е ситуацијата на Трансфузиологија во однос на чекање? Надвор се чека ред или во чекалницата се прави гужва?
Јас од 07.09 имам поднесено и немам исплата. Минатата недела се јавив (чекав исплата за ова и за боледување) и ми кажаа за платата минатата недела (во среда) и така беше, а за ова оваа недела. Девојката беше многу фина и се ми провери. Последно во август се чекаше надвор и како доаѓаше термин пуштаа внатре, ама сега незнам. Секако тие што се со термини нема чекање и брзо се завршува.
Да ама ако ти треба со потпис и печат за рефундација за клексани ќе треба да си го земеш од трансфузиологија.
Не ама и друг пат извештај ми стигнувал отпосле. Да резултат и мислење, долу ако се смилуваат и има потреба може и терапика, ако не препорака за консултација со матичен. Мене на трансфузиологија не сакаа да ми заверат. Поднесов така и баш од таа причина се јавував во фондот да не има проблем (извештај без никаква заверка), девојката ми рече дека поминало на комисија, значи нема проблем, се чека само потпис во регионална и да пуштат исплата.
Само да допрецизирам. На трансфузиологија беа децидни и не сакаа да ми дадат заверен извештај. Кога поднесов во фонд тој на приемно промрче дека матичната требала да стави печат верно на оригинал, ажа се нагодивме да ми ги прими така, па ако треба накнадно да доставувам. Затоа и специјално се јавив во фондот ако има проблем да не чекам известување по пошта да поднесам побрзо и и објаснив на девојката на телефон, таа ми рече дека штом било во таа фаза, поминато било и ќе има исплата. Секако ми кажа дека оваа недела треба да има исплата па ќе ви потврдам дали се поминало без проблем
Оф оффф абе мора да комплицираат... Наместо да направат сите овие работи да одат без проблем и без компликации тие дополнително комплицираат со глупави административни работи
Треба да ги купуваме како секок друг лек по цена само на партиципацика, ама зошто да биде просто кога може сложено. Компликација за сите е ова
Dekortin mila jas piev do 6 den od et od punkcijata do 6 den od et a kleksani Jas pak realno ke si kazam za kleksanite nikogas ne pobarav sovet od ginekolog vo bremenosta oti specijalisti za kleksani se transfuziolozite I cela bremenost ddimerite si bea ok no posle poragajot se kacija I si primav uste 20 dena fraksiparin