Ќе инсистираш, нема друга опција Матичниот генеколог дава упат за тоа, ќе му ѕвониш цело време и ќе бидеш упорна, нив ништо не ги кошта да искуцаат еден лист за да знаеме на што сме, не ми се јасни некои матични, жими сѐ И каква е таа докторка да ти каже ако немате во фамилија немаш ни ти.. од кај да знаеш ти дали имаат они? Бог да чува, се изнервирав од твојот пост, можам да замислам па тебе како ти е Се надевам ќе успееш, па пиши што си направила❤️
И мене матичен гинеколог ми даде, иако тврдеше дека еден спонтан е недоволна индикација за детални испитувања како генетски мутации и слично. Ама и се качив на глава, бев толку многу досадна шо мислам дека ми даде само да ме откачи.
Јас имав спонтан со огромен хематом на постелката, плус имам фамилијарно луѓе со тромбози од двете страни, па сама си побарав упат за да испитам на трансфузиологија, инаку тогашната матична ќе го оставеше така тоа. И испадна дека имам 4 мутации, секоја се третира со различна терапија. Гени не се менуваат ама успешно се третираат состојби. Оваа бременост од позитивен тест сум на терапија, па фала богу добро е засега. Реално имаш индикации за да испиташ, ама ете има поконзервативни доктори и тешко даваат упати. Тоа до некаде е добро, ама некогаш па и претеруваат. Ти најубаво си знаеш каков впечаток ти оставил до сега и колку му веруваш...
Ќе инсистираш и нема да попушташ. Во спротивно, смени го гинекологот. Опција е и на приватно да испиташ ама зошто кога имаш матичен што може да ти издаде упат.
З Матичната општа ми закажа, со шифра за вени ли за што беше , не ми е при рака упатот сега да ѕирнам. Вика моли ја докторката, објасни и што е и како е и дека гинекологот не ти дава упат, па ваљда ќе се погоди од мајка родена па да помогне па да те прати во лабараторија. Ако не, правец од таму кај гинекологот и ќе си земам или упат или картон ако треба. Работава беше да не губам време дур се убедувам, и онака малце ги одложив испитувањата, а месеците си тераат а башка што многу се чека за резултат, како што прочитав. Инаку, мислам кај некоја Виолета трансфузиолог сум закажана, па се молам да не ме врати, па ќе споделам што сум направила.
@Konstrakta добро е штом си земала од општ матичен, нема да те вратат штом имаш упат. Обично општ лекар пишува упат за варикозни вени, а може и со тромбоза на вулва. Само ако си со упат од општ лекар ќе ти се наплати крвната слика во лабораторија, чисто да си знаеш. Јас еднаш отидов со таков упат и мораа да ми наплатат иако за трудница би требало да е бесплатно.
За трудница се бесплатни испитувањата ама ако не си трудница, а испитуваш нешто, без разлика дали со упат од гинеколог или општ доктор, се наплаќа. Не е проблем тоа, ќе си платам, ама бар да си завршам работа. Што е тромбоза на вулва? Мислам, прв пат слушам за ова, се приметува некако, по нешто?
Искрено поим немам, итно ми требаше упат кога бев на почеток на бременоста и ми кажаа под таа шифра да ми извадат упат од општ лекар за да ме прими трансфузиолог на преглед. Споделувам чисто може ќе му се најде на некој утре.
Zdr devojki, edno prasajne sakam da ispitam genetski mutacii, dali treba da zemam uput od opst maticen ili ginekolog i za kade treba da glasi uputot? Gledam na noj termin ima i vo imunologija i vo transfuziologija i skopje del 1 i del 2,neznam kaj se najduvaat ovie mesta i ne sum od skopje pa ako mozi nekoj da pojasni? Odnapred vi blagodaram.
Мислам дека прочитав некаде дека не ти прв спонтан нели? Можеш да закажеш на трансфузиологија и да испиташ се. Упат од гинеколог, не е битно што шифра ќе биде, важно им е да имаш упат. Јас имав шифра N97 (женски стерилитет), а имав две бремености за 5-6 месеци. Ќе кажеш на шалтер се во врска со неуспешни бремености, знаат тие. Генетски мутации, хемостаза, тромбофилни состојби, антинуклеарни антитела.. околу 2.500-3.000 ќе треба да платиш.
Zdr devojki edno prasajne do tie sto imate ispituvano genetski mutacii, zakazuvate vo laboratorija vo transfuzija ili prvo barate termin za kaj doktor transfuziolog pa posle ve prepraka doktoro vo laboratorija?
Zedov upat ama direktno za vo laboratorija, a ne za kaj doktor, prasajneto mie dali zemate prvo za kaj doktor ili za vo laboratorija pa odposle kaj doktor?
Како ти гласи упатот? Дали пишува дека ќе испитуваш мутации? Јас зедов од гинеколог упат до трансфузиолог, па трансфузиологот ми пиша што сè да ми испитаат.
Уште ја следам темава, две години подоцна читам ептен емотивно покрај 10 месечна здрава бебушка. Имав спонтан пред неа, за кој ми рекоа дека ете природата така одлучила и да не "копам" по причини. За среќа другар доктор ме посоветува да испитам мутации, бев на МАНУ со упат од гинеколог и излезе дека имам наследна тромбофилија. Со Аспирин, метилирана фолна и клексани во втората половина од бременоста истурка до 38 недела и бебушка се роди ОК, и мама помина добро. Ќе ја споделувам мојава приказна тука еднаш годишно, како потсетник дека еден бејби Аспирин може да направи голема разлика ако има вистинска потреба за него и да му верувате на инстинктот и да не се откажувате. Мене ми викаа дека нема шанси да имам мутации затоа што сум имала една уредна бременост пред тоа. Излезе дека првиот пат сум била само среќна. Ве сите
Е па тогаш ќе ти ги испитаат, не мора прво кај трансфузиолог, после ќе закажеш и со резултатот ќе одиш кај доктор.