Успешните и среќни приказни не инспирираат нас, кои сеуште се бориме за бебушки. Ти благодариме за споделеното. Јас би сакала да те прашам дали може да ми кажеш кај кој гинеколог одеше и дали пиеше аспирин пред бременост? Имам 5 мутации и јас, првата бременост ми заврши со предвремено породување и останав без дете, кога бев после тоа на трансфузиолог ми рече клексани во бременост дека ќе треба да примам, но не спомна ништо за аспирин... Ниту па гинеколог ми има спомнато. Ти благодарам однапред
Здраво девојки, до сега заменските за клексани, Inhixa, ги купував во Виола, но вчера ги немаше во нивните аптеки. Дали знаете каде можам да ги најдам, за во Скопје прашувам?
Пиев Аспирин и метилирана фолна 6 месеци пред бременоста и во текот на бременоста, ова второто во консултација со гинеколог. Во втората половина на бременоста примав клексани, сама се борев да ми ги препишуваат превентивно (матичната тврдеше дека нема потреба од клексани превентивно оти не сум била со инвитро, ама бев досадна и на крај со извештај од трансфузија од Систина некако се измоливме) а после почнаа брзо и драстично да ми рипаат димери па излезе дека добро е што сум примала и ми накачуваа дози согласно извештаите. Ако си од Скопје гледај да допреш до Јани, јас не успеав да отидам ниеднаш кај него, ама терав по препораките од сите кои биле кај него, со иста или слична историја како мене. Од бејби Аспирин немаш мака, а земи си и метилирана фолна секојдневно ако планираш бременост.
Гинеколозиве во последно време многу несериозно ги тераат работиве. Мојата исто ми викаше дека не сум била за клексан во првата бременост, а бебе не напредуваше скоро ич, она препишуваше на генетика, дека ја сум ситна па не можам да родам големо бебе. Отидов во ремедика кај Петрова, само што ме виде вика протоците не се во ред мора клексани, на што мојата матична рече штом така ти рекле таму, ќе мора они да продолжат да те водат и да ре следат. Во ковид криза, кога се беше нефункционално и немаше кјор државен трансфузиолог, за да мора приватно секој месец 100е да искеширам. Сега исто ме мафта со упат за трансфузиологија. Ми вика да сум идела преку општ доктор. Кај и да е изгледа ќе ја сменам, се така ми се чини
Да ја смениш ич да не мислиш. Толку ги ставаат своите ставови и убедувања пред добросостојбата на пациентот, кој патем носи уште еден живот во себе, тоа чудо едно! "Јас мислам дека нема потреба од клексани, си имала една нормална бременост со уредни ддимери и нема зошто да мислиме дека миссед абортусот е од тромбофилијата." Ама ако е? Сум стигнала до 5 месец со Аспирин и ако преку ноќ се случи нешто? Ова треба да го мисли докторот и да ме заштити а не јас да акам по приватни доктори и да не спијам од страв. Среќа се намоливме па кога се качија на 1800 од едно до друго мерење па "Добро што сме вклучиле клексани". Е Алелуја, да не ти заседнев во ординација дур не ми пишеш упат за трансфузиологија којзнае како ќе поминев
Луда работа. Дали има во Скопје од еден асален гинеколог, што не е егоистичен и што не се прави препаметен. Ја не знам значи, како гинеколог би знаел дека немам тромбофилија? Па дали тоа е негова област бог да чува? 1 минута работа е да искуца упат и да добие мислење од колега, кое што нас живот ќе ни спаси.
Колку е жално што сме доведени во ситуација сами да сме си свои доктори. Од интернет и форуми да учиме клучни работи, зошто матичните не знаат или егото им е до плафон. Среќа наша што живееме во поцивилизирано време па има начин како да се информираме. Мене буквално секој месец, на секое одење по извештај за Клексаните ми ги поставуваат истите прашања. Е зошто сега тој клексан, е кој ти го препиша. Ама онака со недоверба. Гајле им е што со секое прашање те тераат одново да си ја раскажуваш траумата и одново да ја преживуваш. Мило ми е за твојата среќна приказна и да ја раскажуваш постојано, сигурна сум дека ќе помогне на многу.
Е значи многу суетни доктори има Е ко ти рекле така, таму нека те водат... @Konstrakta Инаку, со упат од општ може да закажеш кај трансфузиолог, за тоа е во право.
Може да закаже за преглед кај трансфузиолог ама не и за испитување на мутации. За тоа упат дава гинеколог. Прво испитувањата се прават со упат од гинеколог па со резултатите одиш кај трансфузиолог со упат од општ матичен.
Ми даде општата со шифра за варикозни вени, кои што фала богу ги немам. И сеа ќе се молиме со трансфузиологот да ме прати во лабараторија да испитам и мутации, ќе и објаснам се, ако не, назад кај гинекологот и ќе и речам дај упат или дај ми го картонот и ќе си најдам некој што ќе дава упати за вакви работи.
А ако оди со упат од општ кај трансфузиолог, после трансфузиологот ваљда ќе даде упат за мутации. Мене трансфузиологот ми ги изнапиша сите испитувања, не гинеколог. Тој само ме упати со шифра за женска неплодност.
Е ова не сум знаела. Јас со упат од гинеколог си бев. Плус ко што се оградуваат сега трансфузиолозите од нас трудниците не би ризикувала. Јани последно не сакаше ни терапија ни ништо да препише.
Тоа е друго веќе, сега променети се работите и потешко се стигнува до трансфузиолог. Се согласувам, најдобро е да се оди со сигурна варијанта со упатите за да не се комплицира.
Обичен, најслабиот Инаку ова со тромбофилијата и мутирани гени толку е често, што јас да сум гинеколог сите би ги упатила да проверат. Помалку трагедии би се дешавале сигурно
Мене ми остана слатка асоцијацијата дека го викаат бејби ( малиот од 100мг), и бејби дека во бременост