Зошто терапија? Па и нас не ни испитале ко мали и истерав здрав живот. Кога прашував доктори по добиени резултати, бидејќи бев испаничена сите ми рекоа дека не е ништо страшно, ќе си терам нормален живот како и до сега и во случај да не планирам бременост не ми треба никаква терапија. Така да по некоја логика и малата би требало да испита валда пред да планира бременост, за тогаш да биде покриена со терапија. Тоа е мое мислење.
Јас секогаш наоѓам во Алпи Фарм во Топанско поле, а често и во Алпи фарм кај Гоце Делчев студентскиот.
Сега го гледам постот. Јас земав последно во Полин 2 аптека во Аеродром. Ми рекоа дека кога ќе ми треба може да ми набават. Јави се прашај.
Обично на 10. Прати деновиве на овој линк. Јас следам секој ден околу ток датм и штом видам и јавувам на матичната да ми пушти упат. http://mojtermin.mk/map/specijalist...t_za_transfuziona_medicina&resource=813093090
Eve I jas da se prijavam iako imam ednogodisni bliznacinja uste ja sledam temava odvreme na vreme I mi e zal sto citam Jani I drugive doktori I transfuziolozi se pod pritisok da ne prepisuvaat kleksani ( pretpostavuvam oti ne se eftini I se pod pritisok da pravat zastedi za budzetot na ministerstvoto za zdravstvo). Jas znam koe cudo od lek se kleksanite oti bez niv 100% ke nemav potomstvo I nemase da bidam majka. Tuka sum da dadam podrska za site vie sto se borite da bidete majki da stignete do vistinskite doktori I so pravilna terapija se e mozno !!! Koga jas posle tolku mnogu godini (12 brak) I bezbroj neuspesni invitra stanav majka site mislam ke bidat majki samo so pravilna terapija!!!
Ни значи многу поддршката од вас мајки коишто сте поминале и знаете колку е тешко... Може да препорачаш гинеколог од кој си задоволна?
Мораш да си земеш упат. И она самиот ми кажува со време да си фатам нареден термин за контрола. Еднаш ургентно имав договорено преку луѓе ме прими, ама не можеше терапија да ми пише зошто немав упат, па ме праќаше на токсико да ми издададт ургенрен или од матичен. Од тогаш си следам редовно и во зависност колку ми се препишани си закажувам следен термин. Сега дека имам 70 и ми е долго да чекам контрола па во меѓувреме со упат од гинекологот планирам да направам само лабораторија за да видам да не има некое енормно пореметување.
Кога читам колку има недостиг од клексан, одма ми ствара страв уште поголем и ме одврака од помислата за бременост. Кој стрес е при самата помисла бременоста да ти зависи од нив а да не може човек да ги најде. Ќе преминам и стиснам заби и што се скапи ама па што ги нема И не е прв пат да нема од нив, преку еден месец има некој недостиг за трудници. Кога бев бремена немаше ниту клексан ниту утрогестан па уште толку паника ме маваше Сега при самата помисла дека низ исто треба да минам ми се превртува во стомак
Sekoj den nov stres.kleksani 30 koga treba da kupam strav me mava od ovde 5 od druga apteka 10 i se taka... no moraat da imaat nekakva zamena za niv ne smeat taka da gi ostavaat trudnicite no vo nasata drzava se e dozvoleno. Vcera se nervirav od 30 kleksani 15 samo kje mi gi refundiraat pa go isprativ denes maz mi vo fondot da podnese zalba.em gi nema em nemoze sekoj da si dozvoli da kupi 30 naednash...
Има замена enoxaparin rovi . Кога немало клексан сум боцкала такви, не е никаков проблем одобрено ми е од лекар. И никогаш не сум имала проблем да најдам. А мислам дека има уште една замена , ми нуделе , не сум сигурна ...
И мене ова цело време ме мачи, во бременост треба да примам клексани, во секој случај кога почнавме со обиди си купив само 5 клексани да си имам на лагер кога ќе добијам позитивен тест, ама патот кој го поминав само да ги купам тие 5, тие стресови кои ги поминав дека никаде ги нема, тоа беше нешто страшно, а пазете не ни бев бремена, ами да бев? Потоа разбрав дека има замени, еноксипарин рови и инхикса мене ми ги нудеа, па се надевам и од тие нема да снема кога веќе нема никаде клексани па да си останеме така
Da i jas tie gi koristam momentalno deficitar se i tie pred mesec ipol kupuvav od strumica ,poslednata kontrola nemaa dovolna kolicina pa gi setavme aptekite
Од Мај месец боцкам и никогаш немало проблем да набавам. Може да нема клексан во моментот, ама замената на Рови ја има. Дури и таа да ја снема во моментот, има трета замена. Не си правете стресови, не е како во короната кога стварно не се наоѓаа.
Да не цитирам 10 поста. Во врска со клексаните уште пред да забременам на два пати успеав да закажам кај Јани и го замолив да ми пише клексани па колку ќе најдам толку да земам.Тоа беше некаде мај се смири ситуацијата со короната и успеав да земам се што ми пиша , така во јули кога дознав дека сум бремена немаше потреба од паника и стресови немам клексани дали ќе дојдам до докторот и слично. За да не дојдете до таква ситуација тие што се обидувате за бременост пробајте да набавите барем за еден месец терапија имајте ја дома и така ќе се надополнувате само после и нема да има потреба од паника дека нема клексани. Да не се најде некој да ме нападне зашто сум земала клексани предвреме и сум направила залиха пак ќе пишам ги земав во време кога имаа залихи и купував пр. 10 па после пак уште 10...
Зошто да те нападнеме, баш добро така што си направила, јас и кога земав секогаш имав залиха, само што сега е проблем со овие од клиника, Јани препишуваше а овие се ептен против клексани. А јас сега ако бидам на два, ќе ми треба поголема залиха