Дали на некоја и е дадено аспирин да пие пред бременост? Нино ми рече преку еден ден да земам и пред бременост дека нема штета.
Јас пијам преку еден ден веќе 3 месеци со дозвола од Јани, ми рече дека ако сакам да си ги пијам пред бременост уште поубаво, а освен аспиринот пијам и метил фолат и б12
Здраво девојки ако има некоја потреба од клексани од 0.4 имам две кутии вишок земени вчера нека ми пише.
Јас навечер го пиев и не го пиев на гладно. Имам осетлив желудник и ми рекоа дека најдобро е да сум јадена за да го испијам.
Мене овој муабет ми го правеше Кацарски. Си сменив гинеколог истиот ден и новиот ми даде упат одма, испадна стварно дека имам мутации и заради тоа сум имала абортус, па си примав до кај 20 недела клексани. Со среќа и упорно
Pozdrav devojki. Nova vo forumov, deneska primiv rezultat od transfuz.. i nemam poim sto imam. Sovet ve molam dali e nesto strasno ? Dali so vakvi mutacii ke mozam da rodam?
Имаш мутации, не е страшно само што ќе ти биде потребна терапија при бременост. Консултирај си добар трансфузиолог, на пример Јани, за да те води.
и јас почнав аспирин преку еден ден пијам веќе 2 недели. Јас го пијам навечер, така во аптека ми кажаа, немам некоја мака приметено од него. Иначе исто како @QweenSM земам и метил фолна и метил б12 веќе 4/5 месеци ама не бев баш редовна летото. Некако и јас не бев сигурна за аспиринот ама ќе го пијам 1-2 месеци ќе видиме што ќе биде.
И мене некако шубе ми беше мила да го пијам аспиринот ама штом Јани ми рече ако сакаш и пред бременост да си го пиеш уште подобро, решив да си го пијам заедно со витамините Јас поручек ги пијам сите апчиња, ама кога ќе дојде ред во бременост здравје ќе преместам оти ќе морам и клексан да боцкам, а знам дека од аспиринот и клексанот треба да има околу 12ч растојание Ќе правиме некако тоа е, мора да се навикниме, за наше добро е и за идниот бебуш
Ве молам мислење за овој резултат? Лош ли е? Дали е можно да останам бремена природно со ваков резултат? Кажано ми е само дека доколку се случи бременост ќе треба да се боцкам со клексани и сега пијам Аспирин секој ден навечер и метилирана фолна ама некако страв ме фаќа дали воопшто ќе се случи бременост ... Овој месец кога ќе добијам ќе испитам повторно хормони. Многу ми влијае на психа сето ова.
Искрено се исплашив со ваков резултат постојано да не имам спонтани. Благодарам убаво ми дојде ова што го слушнав
Па скоро повеќе од пола трудници овде сме со мутации, со клексан и витамини, а и скоро секој ги има, тоа не е пречка за да останеме бремени, не се плаши.