Jas pak ne dozvoluvav gin da mi se mesa za fraksiparin a I realno ne sakase gin I on da se mesa vo taa rab
Знам дека не ти се дават пари мила, многу се скапи и плус клексани цела бременост, потполно си во право, ама мој совет ти е да си купиш иако си на крајот, оти толку време си далава пари и пари, па сега за уште еднаш дади и веќе готово, барем ќе ти биде мирна глава
Јас не би се оставила така. Знам дека и криза е, ама сега на крај не се оставај така. Јас сеуште не сум бремена ама не ги оставам ни ден витамините. Пари се изнадаваме ама тоа е, кога се мора, се мора.
Зборев со докторот, рече не е проблем да не ги пијам.Кај и да е ќе почне процесот на раѓање... А и ми кажаа дека ми давале на парче во аптекиве,јас незнаев, баш ќе прашам...
Vi otekuvaat li nozete i racete? Mene prstite na racete mi se kako kepabcinja a na nozete gluzdot ne mi se gleda,nemozam nishto da stavam od maz mi corapi nosam. Soleno ne jadam,ispitav d dimeri epten se niski
Здраво девојки. Имам општ извештај од Јани за примање клексани после позитивен тест. Утрово правев тест, позитивен е. Кој е следниот чекор? Со итен упат би ме примил Јани?
Честитки и со лесно бременоста. И јас имав таков извештај од Јани, без конкретна бројка на клексани, само потенцирано од најмалата доза да примам од прв ден. Кога забременив првите пет ги купив на приватно дур да се оправам со постапката. Со тој извештај ќе одиш кај матичен гинеколог и ќе бараш да ти даде упат за гинеколог специјалист. Специјалистот врз основа на извештајот ќе ти пишува 30 клексани месечно. Секој нов месец ќе ја повторуваш процедурата.
Јас отидов одма кај матичната. Ми даде упат за на ГАК, а во меѓувреме ми рече да купам клексани на приватно неколку за да бидам покриена првите денови. После тоа со упатот одиш на ГАК, може и приоритетен да е, само ќе почекаш, и ќе го покажеш извештајот од трансфузиологот и од мутациите. Би требало да ти препишат.
Здраво. Имам 2 мутации на резултатот од кои една е MTHFR хомозигот. Трансфузиологот ги виде резултатите и ми рече дека се добри и дека нема потреба за клексани или аспирин во бременост. Само метилирана фолна и б12 и толку. Ме стави во мисла искрено, скоро сите што имаат мутација на MTHFR примаат клексани. Не знам дали има улога дали е хетерозигот или хомозигот. Вака кога се расчитав на гугл за хомозигот на МТХФР пишува дека се дава профилакса превентивно. Хемостазата ми е во ред, ништо не отстапува од нормалното. Дали да барам второ мислење на приватно? Да напоменам дека немаше тогаш термин кај Јани па отидов кај Виолета. Ја гуглав докторката гледам ја имало и по телевизии, не дека го оспорувам нејзиното мислење, сепак некој учел сп години за ова, ама пак ме стави во мисла.
Јас сум хомозигот во MTHFR и хетерозигот во PAI1 и ITGA2. Јани ми го гледаше резултатот и првично освен метилирана фолна од 1000мг и метилиран Б12 не ми даде ништо. Откако му кажав зошто ги правам испитувањата, односно дека имав прекин на бременост во 33та недела заради срцева аномалија на бебето, ми рече да си мое дете јас би те заштитил со најмала доза Клексан и Аспирин во следна бременост. Не ти се неопходни, ама подобро е да ги примаш рече за да бидеш мирна, само позитивно можат да влијаат.
Епа тоа ми е стравот, да не се испушти нешто, да не треба бар Аспирин. Вака на своја рака да земам не би, нели. Затоа се мислам дали да барам второ мислење. Ako дојдам некако до Јани, да не испадне дека му ја дискредитирам колешката