Се обидувам, ама душа не ми е раат. Сакав се да завршам пред да почнеме со обиди. Знам дека ништо не е гаранција дека нема пак да се случи нешто (не дај боже) ама немаше да имам мирна глава ако не испитав
Во секој случај поправилно е да испиташ отколку да не испиташ. Знам дека е борба сам со себе, ама пробај да мислиш позитивно. Зад облаците секогаш има сонце.
Девојки хелп. Денес бев кај матичната, ми даде упат за на ГАК, но таму не само што не ми препишаа клексани туку мн ме искраа. Каква глупост било тоа, не труеле матичните со клексани, па секоја втора имала мутации, во странство не им давале и т.н. Ако сум била вонматерично ќе сум искрварела. Ми рекоа да појдам кога бета ќе ми биде над 2000 тогаш ќе ми препишеле. Пред да појдам на ГАК матичната ме боцна со клексан. И сега нз што да правам. Да чекам до срцева акција или да си продолжам со клексани? Им покажав извештај од Јани, им кажав дека имам една неуспешна бременост, и ми рекоа не значи дека ако примаш клексани ќе успее. Ептен се разочарав.
Prodolzi si so kleksani. Jas sum vo stranstvo I tocno ne davaat kleksani ovde oti se izgubeni jas nikogas nemase da bidam majka da ne dojdev vo Makedonija na pregledi kade mi prepisaa kleksani I eve moze si procitala vo moite prethodni postovi nekolku pati imam spomnato deka sega imam bliznacinja koi samosto napolnija Edna godina. Da si go slusas Jani toj e svetski doktor! Podobar od edno 50 takanareceni strucnjaci koi jas gi imam poseteno vo stranstvo I koi me Odraa finansiski I emocionalno!
I jas imam mutacii, Edna neuspesna bremenost, 5 neuspesni invitra, 12-13 godini neplodnost I ete so terapija kleksan, zelezo, b12 stanav majka
Може да земеш на приватно инекции додека не стане бетата 2000 и пак оди на ГАК штом ти рекле дека ќе ти ги препишат. После ќе си фатиш ред и се надевам дека нема да имаш пак вакви непријатности.
Не се прават некакви испитувања пред да почнеш со клексани? Зошто и мене тоа ми пишува во извештај па прво идпитувања некои па после клексани така ми рече матичната
Јас првото испитување поврзано со клексаните, односно димери и хемостаза правев 12та недела. Сега во 22 второ. А цело време од почеток си ги примам.
Ја аспирин пијам преку еден ден, вајда дека само еден мутиран ген имам не ми даде матичната одма клексани. Ама сакам да одам на приватно да видам што ќе ми кажат
Ако имаш мутации, е сега зависно какви се и ако трансфузиолог ти препишал клексани, без разлика на резултатите од д димери и хемостаза клексаните треба да се примаат.
@Ivana 8 Тука пишува дека од почеток на бременост треба да земаш аспирин, метилирана фолна и инекции.
Се слушнав со доктор од Чаир да земам 4 5 приватно дур отидам да ми препише... не ми е јасно зошто матичнава ми викаше да не пијам метилирана да пијам фемибион и тој имал фолна и зашто од старт не ми рече клексани туку и аспиринот сама почнав на своја рака го пијам преку еден ден. И б12 на своја рака пијам и понеделник крвна слика исто на своја рака зашто сум слабокрвна..
Слушај го Јани, а не матичен. Благодарение на Јани и неговата терапија сега држам две неделно бебенце в раце.
Ќе пијам и фемибион ради другите витамини што ги содржи, а метилираната не ни помислувам да не ја пијам... Нека ти е живо и здраво. Гордост да ти биде
Само со б12 не претерувај. Колку што гледам Јани не ти го пишал воопшто. Мене на пример ми препиша минимална доза за моите мутации (4.5мцг). Не секоја мутација бара голема доза од метилиран б12 и може само контра ефект да постигне.