Мојот матичен сеуште се чуди зошто зимам метил фолат од 1000 и метил Б 12 од 1000. Според него доволно биле само пренатални. На последна контрола му реков дека го има извештајот од трансфузиолог па нека го ѕирне ако не му е јасно зошто пијам . Он и испитување не сакаше да ми даде за мутации и покрај неуспешните бремености, јас инсистирав. Имам родено едно и кога го виде резултатите со мутации ми рече е од кај ги доби сега овие??? А имам вродена тромбофилија. Така да нека не те чуди ништо, оди си на специјалист и како ќе кажат таму така терај
Епа да го испитам. . 1000 ден е приватно па да продолжам.. Незнам Трсјковски у newborn дали води бременост, ја кај него би одела... Матичнава е добра ама се е на брзање семинари..
Ако сакаш испитај, ама онака без испитан и без препорака јас би пиела само нормална препорачана доза, а тоа е баш оваа што јас ја пијам 4,5мцг. Се над тоа само со лекарска препорака. Е сега кај нас незнам дали има друг препарат со таа доза на метилиран б12, јас пијам прегнатол актив. Инаку Трајковски не би ти го препорачала за водење. Не е заинтересиран. И двете бремености со ивф ми се кај него, ама после срцева акција си се префрлав кај друг доктор да ме води. Човекот си ги тера постапките и тотално разбирам. Не дека не ми одговарал ако имам прашања, ама не му е тоа приоритет.
Незнам мене многу убав впечаток ми остави... Да ми препорачате некој гинеколог.. јас сум со мутации цисти и ендометриоза малку сум специфична.
Знам од 2016 сум негов пациент. Јас само го споделив мојот впечаток за водење. Незнам што да ти кажам, јас одам кај д-р. Черепначковска во Промедика и сум задоволна. Она ми ја водеше и првата и оваа бременост. Матичниот ми е само за упати, брисеви и боледување.
@Ivana 8 и јас имам хомозигот на МТХФР и плус уште една мутација, ама трансфузиологот не ми даде ни Аспирин ни клексани. Само метилирана фолна и б12
Мене јани коа отидов со резултатите ми пиша така... незнам више што е паметно. Кировски ми рече нема зијан од клексаните. Ја во животов не сум била толку исплашена. Незнам што ми е.
Ама и Јани ти пишал клексани Она LMHW се клексани (low molecular...). Јас би си го почитувала неговиот извештај без отстапки.
Најпаметно да си го слушаш трансфузиологот, сепак тој си е стручен во таа област. И јас се загрижив што не ми пиша плус терапија ама ете, верувам дека си ја знае работата
Да си најдеш под итно гинеколог кој ќе ти води бременост и ќе биде на иста бранова должина со трансфузиологот. Во нашите случаеви двајцата се неопходни за терање на бременост. Не е фино едниот едно, а другиот друго да вика, па ти да одлучуваш а немаш благе везе од медицина. Ако не ти е нешто јасно од извештајот на Јани, појди кај него кога не е во амбуланта и замоли ги на шалтер дека сакаш да го прашаш, мене ме примил. Сега дозата и не варира многу ако веќе примаш антикоагуланти, покриена си не се секирај, ама како одминува време може ќе треба да се модифицира нешто и тогаш ќе треба и двајцата доктори да се согласат дека тоа е најдоброто решение.
Девојки, помош. Имам позитивен тест за бременост (сеуште не ми доцни официјално, задутре треба да не добијам), денес имав цел ден кафеав исцедок и отидов на приватно, зошто после абортусот не можам да дишам од страв. Ме покрија со терапија, а потоа и се јавив на докторката од истата болница (бидејќи не беше на смена), што ми правеше скрининзи и прегледи во првата бременост. Кога разговарав со неа и кажав за спонтаниот и испитувањата што ги правев, одма ме праша за мутации дали имам. И кажав дека имам PAI хетерозигот и MTHFR хомозигот и ми рече дека треба да почнам со клексани. Не ни и докажав што ми кажа трансфузиолог на клиника, туку сама ми рече дека за МТХФР ајде може само со метилфолат и б12 да се третира, но за PAI рече обавезно треба профилакса. И реков дека трансфузиологот не ми даде ништо, на што ми одговори дека скоро секоја трудница што и е пациент а ја има оваа мутација дека прима клексан, препишан на трансфузиологија на клиника. Не знам што да правам. Секако ќе одам на приватен трансфузиолог за второ мислење, и јас се чудам како ништо не ми дадоа на клиника, а скоро сите и јас што ги познавам а што ги имаат овие мутации, примаат клексани. За кај Јани ако чекам термин за второ мислење, ќе се изначекам сигурно, а и не знам веќе со што шифра би одела, веќе имам една кај нив отворена.
Ако имаш резултат од мутациите и не ти е проблем можеш да консултираш приватен транфузиолог. За кај Јани земи упат од општ матичен со дијагноза варикозни вени, кај и да е за јануари ќе ги пуштат термините и се надевам ќе ти каже терапија. А сега во прво време купи ги приватно клексаните за почеток. Пробај си ја исто среќата уште еднаш на Гак ама оди со упат со термин попладне во амбуланта 36, генерално се специјализанти и не прават проблем за клексани ако имаш извештај од мутации и терапија од трансфузиолог. Исто уште една опција, Јани е во понеделник во амбуланта, може и да си ја пробаш среќата дали ќе те прими.
Не ми е проблем за да отидам со резултатите на приватен трансфузиолог, туку проблем ќе биде ако нејзиното мислење не се совпаѓа со тоа на државно. Ќе треба да си купувам клексани и да не ме рефундираат. Исто и на гак, не верувам дека би ми признале извештај од приватен трансфузиолог, а згора на се за да ми даде матичен гинеколог упат за на гак, ќе инсистира прво да се види дали е бременост во матка. Инаку јас со шифра варикозни вени идам на трансфузиологија. Во среда сум таму на финална контрола, зошто PAI дополнително го испитував. Ама ако пак ми рече дека не треба ништо терапија а на приватно ми кажат поинаку, е тогаш сум во ќор сокак.
Не мисли за понатака, оди чекор по чекор. Штом си во среда ќе видиш што ќе ти каже трансфузиолог па после ќе му ја мислиш. Ако добиеш извештај од трансфузиолог државен дека треба клексани, ќе ти ги препишат од Гак.
Јас сум PAI хетерозигот, единствено таа имам. Консултирав двајца трансфузиолози. Првиот рече не треба клексан, нит метилирана фолна, нит метилиран б12. Вториот (ради претходен спонтан) сакаше да ме покрие со клексан 0.4+аспирин, метилфолат и метил б12. Го послушав вториот. Боцкав клексани две-три недели, направив контрола, димери во ред, времиња во ред, тромбоцити многу ниски. И вториот трансфузиолог ми го укина клексанот, ама продолжив со аспиринот и метилираните. Од тогаш уште еднаш имам испитано димери и хемостаза, во ред беа за второ тромесечие 630, времињата исто уредни. Од мое досегашно искуство, по позитивен тест, забележав гинеколозите 'попанично' реагираат на мутациите. Исклучок е мојата матична пошо гледа дека плодот добро напредува за неделите и воопшто не ме ни праќа да испитам хемостаза. Секое трансфузиолошко испитување до сега го направив самоиницијативно. 19+ сум. Да потенцирам пак, јас сум само со PAI, што важи за мене, може да не важи за тебе, фала богу. Само споделувам искуство. Пуштам среќа сѐ да биде во ред да смириш душа после сѐ. За било што може да ме прашаш, слободно пиши ми лп.
Ќе ме води Кировски, и тој ми рече да почнам клексан коа се слушнавме телефонски. Рече 40 за почеток па ќе видиме. Ја купив 4 приватно т.е. без извештај и сеа да ми препишат за да можам да рефундирам средства. Несакам него да го замарам за да ми препишува ако можам да средам на ГАК. Е сега за да ми препишат на ГАК клексани морам да имам упат од матичен? Трансфузиолози више не давале извештаи за трудници така ми рече една сестра на трансфузолигија... Во понеделник треба да испитам дидимери и хемостаза, па за два месеци пак. А кировски рече чим Јани пишал мора да примаш, а испитувања на транфузиологија се правеле 20та недела до тогаш клексани. Го фалат и Нино во систина, тешко се стига до Јани па се мислам и до кај него да отидам на консултација..
Не знам што е сменето од лани. Клексаните секако ги плаќаш прво во цела сума. За рефундирање мора да имаш извештај од трансфузиолог, не знам што сакала таа сестра да ти каже, кој ако не трансфузиолог би дал клексани.. Не сум сигурна дали ќе ти го уважат тој од систина ако одиш приватно, по мене освен ако ти е итно во моментот оди, инаку фаќај си термини кај Јани. Јани на извештајот ќе ти напише 30 или 60 клексани и тој извештај ти треба за во фзо заедно со белешка за примена терапија од матичен (може и општ) и рецепт мислам бараа. Е сега јас темпирав 1 месечно да одам кај него отприлика. Значи секој месец одев кај него на преглед, ме праќаше да ми земат крв, врз база на резултати вечерта добивав извештај кој може да го земеш и од општ матичен. И без разлика он ако имал пишано пример во извештајот 40 инекции, јас земав 30 од еднаш и на 29ти ден темпирав да закажам нова контрола/преглед.
Сега го видов последниот извештај од ГАК и наместо бројка на пример 30 клексани, докторката пишала кај терапија 1х40мг клексан еден месец. Дали некој имал ваков извештај што му го признале во фонд или ќе треба да одам корекција да барам? Како малку да дремам во државна уште ова ми треба сега
Jas ne gledam nisto pogresno tuka, vaka se prepisuva vo cel svet , jasno e deka dozata e ednas dnevno a kolicina eden mesec I se znae mesec vo prosek ima 30 dena