Мене тогаш Јани ми кажа дека генеколозите му правеле проблем што препишувал терапија на трудници, му се ,,лутеле” демек тоа нивна работа било и затоа цело време кажува да се обратиме кај генекологот И мене не ми е јасно како може да се обратиме кај генеколозите кога тие не специјализират во тоа, се знае која е работа на генеколог и која е на трансфузиолог
Јас бев кај Емилија Велкова на трансфузиологија. Не ме врати, ми даде упат за крв да проверам кај нив, ама на извештајот не напишала мислење и терапија. Па затоа терапија ми даде гинеколог. Не е логички да се оградуваш, сепак си учел за трансфузиолог и треба да се помага, независно дали е трудница или не. Ама нашата чудесна земја... Мотото е снаоѓај се како знаеш.
Да, јас сум задоволна. И сега одам се консултирам , ми кажува за терапија. И здравје кога ќе се решам за бременост кај него планирам. Мене ептен смирувачки ми делува. Што и да го прашаш детално ти објаснува, и за мутации и за терапија. Мене гинеколог ми имаше кажано не треба клексан, тој убаво се ми објасни дека треба според мутациите, и се до детал ми објаснува, кога да одам кај него, со кои испитувања. Јани со терапија можеби бил добар ама кај него првиот пат уште примаше трудници, за 2 минути и резултат и терапија добив, буквално те ти ова и пријатно.
Da imas dve mutacii ( Factor 5 I Factor 13) I so ovaa kombinacija mutacii so terapijata kleksani bi trebalo da imas uspesna bremenost kako mnogu mnogu od nas tuka. Moja najtopla preporaka od moment na pozitiven test pocni odma so kleksan I se nadevam ke najdes lekar sto e strucen I ke te vodi pravilno za sledna bremenost za da nemas poveke razocaruvanja . Se se najdobro
Девојки, некоја месецов дали била кај Јани, морам со сигурност да знам дали враќа , да се тропам денови од одмор и да го откажам упатот ако стварно враќа.
Дали ви се прават поткожно топчиња кога ги ставате клексаните во рака? Не знам каде грешам.. Катастрофа ми се рацете, сини, со модринки..
Да мила, се прават грутки и модрици кој болат, нормално е тоа, треба да менуваш страни секој ден и не во грутките да боцкаш, туку понастрана малце. Или смени локација, можеш бут, стомак.
Ставај ги многу поткожно, шприцот држи го на 20 степени. Кога ќе ја ставиш течноста, треба да се поткрене кожата како каснато од комарец. Така нема модрици, само мало црвенило истиот ден и утредента нема ништо. Малку може да осеќаш болка додека ставаш игла и додека вбризгуваш, но толку е. Вака боцкам и немам ни една модрица. Почни од горе, наизменично една па друга рака, не боцкај на исто место.
Фала ви. Ги менувам рацете, ама баш ми се како каснати од инсект Ги ставам под агол од 90(исто како во стомак) ама во раце ми е мн поболно отколку во стомак. Ќе пробам да сменам од утре во нога, може нема да е толку болно
Не бе какво 90 во рака Како каснато треба да е веднаш по вбризгување, поткрената и бела да се направи кожата, буквално како да си се чешала од комарец да изгледа такво топче. Пробај со мал агол боцкај, легнат шприцот да е речиси паралелен со кожата.
А мене исто дека ми кажаа под 90 агол во рака да ги боцкам... мислам јас уште недела две и готово ги прекинувам, ама цело време така сум ги боцкала А чудно ми беше зошто поткожни инекции се така знам. Мада прво ја штипев раката, ја стискав и после боцкање.
Јас и да сакам, не можам да штипнам, малку повеќе мускули имам таму и ќе погодам мускул Може да се боцка и под мал агол, секако ќе се апсорбира.
Ако можеш да прашаш дали е воопшто на работа докторот. Во понеделникот бев на трансфузиологија и он не беше на работа, му пишав и на месинџер ме остави на сеен.
Пијам аспирин за мутациите ама многу ме боли желудникот од него, има некоја замена шо не би ми сметала??
Да прашаш трансфузиолог најубаво, знам дека и кардиохирургија се исто така за циркулација, ама дали се исти или што е разликата не знам. Свекрва ми ги пие за циркулација а има варикозни вени. Затоа најубаво доктор да ти каже дали може тие. Во кое време од денот го пиеш аспиринот?
Не никогаш на гладно не ги пијам, за короната ги пиев со бруфен тогаш ме болеше многу еве и сега пак, морам да ги преќинам. А пред 4 години цела бременост ги пиев немав проблем, ама после коронава маки мачам со желуднико.. @Konstrakta насабајле после доручек ги пијам, морам да прашам доктор за замена.
Аспиринот и јас не ги поднесувам.Морав да пијам поради короната 2 пати.Првиот пат ќе умрев од желудник.Вториот пат пиев Фамосан,па јадев по половина час па аспирин со јадењето и беше подобро.Пробај ако смееш така ако не ти даваат замена.
Се корегирав, горе спелчек ми пишал кардиохирургија наместо кардиопирин таблетки хаха. Таблеткиве се како аспирин инаку, ако на некоја и треба