Девојки ве читам од кога останав бремена меѓутоа за жал во 8ма недела ми кажаа дека нема повеќе срцева акција и дела плодот престанал да се развива и е со големина на 6та недела. Ми беше прва бременост и срцето ми е скршено. Ми дадоа за среќа да го однесам плодот во МАНУ и чекаме резултати. Дали имате инфо другите испитувања кога може да се прават? Матичната ми рече откако ќе добијам ќе ме прати на испитување дека ми правеа киретажа, меѓутоа дали треба за сите други испитувања толку да чекам? Мислев барем додека сум на боледување да ги завршам некои од нив.
На трансфузиологија можеш уште утре да отидеш за мутации, на имунологија за антитела и за Торч можеш дур си на боледување. За хормони најубаво да почекаш 3м, за пап и брисеви после прв циклус јас бев. Од ману за брзо ќе ти излезат резултатите
3 недели(најмалку) го нема во амбуланта, на боледување бил. Како рефундирате средства за клексан, дали е задолжително да има потпис и печат на извештајот? Мојот е симнат од мој термин, без печат и потпис, а Јани никако да го најдам за потпис.
Оди кај матичната нека го испечати и нека пише превземено од мој термин со нејзин печат и факсимил и ќе немаш никаков проблем. Барем мене не ми направија проблем ми рефундираа.
Мојот извештај немаше ни потпис ни печат, го поднесов без и еве денес гледам ми стигнале на сметка пари. И трансфузиологот и матичниот гинеколог ми кажаа дека нема да имам проблем без печат и потпис и така испадна.
Треба да испитам во МАНУхемостаза,тромбофиличен тест. Дали знае некој до колку сатот земаат крв,дали има гужва и колку се чекаат резултатите, Оти истиот ден ќе треба и на ГАК да појдам за кариотип
Здраво Дали на потврдата од матичен доктор треба да има потпис од доктор за секој датум додека се прима терапија? Мене така ми рекоа од фондот.
Не. Од матичен гинеколог земам, едно ливче е Потврда од кога до кога и колку инекции сум примила. Никогаш не сум поднела со напишани посебни датуми, но има некои и така поднесуваат.
Здраво Хетерозигот сум на двете мтхфр мутации и пијам 660 mcg L-5 methyltetrahydro folat и 3 mcg methylcobalamin. Дали имате искуство со висока вредност на фолна киселина при овие мутации? Кај кој доктор треба да се упатам?
Почнав да се боцкам со клексани. Ме интересира нешто гинекологот ме испрати кај специјалист во Чаир за клексаните, дали тоа значи дека парите ќе ми се вратат назад или поефтино ќе можам да ги набавам? Не ми е јасно после специјалистот каде треба да се обратам. Благодарам
Со извештајот од специјалистот и потврдата од купените клексани и потврда дека си се боцкала од гинекологот ги поднесуваш во социјално и ти даваат бројче едно а ти со сите документи им носиш копија од лична карта и трансакциска. И ти ги префрлаат парите на сметка. Повратот е 70% од сумата што ја имаш дадено но и ти кратат од тие пари за партиципација(али е мала сума).
Да додадам, треба и барање за рефундирање коешто може и на сајтот на ФЗО да се најде, а треба и фискална сметка од инекциите покрај сметкопотврда. А во фонд покрај наведените работи, нешто по ново изгледа им е, бараат и копии од сметкопотврдите со фискалните.
Глупости. На сајтот не ни пишува дека треба копија и од сметкопотврдите, па ајде се м'кнев барав фотокопир. Такво нешто немаше пред 3 години
Женски извинете пак јас, откако ке го земам извештајот од специјалистот за клексани можам одма да ги купам или ќе треба да одам пак кај мојот матичен гинеколог за рецепта? Утре сум ограничена со време ептен на работа сум потоа и да каже некоја ако знае дали во Чаир со приоритетен се чека многу кај Доктор Илиевски? Благодарам.