Здраво девојки, се породив, бебето е во инкубатор, но за тоа кога ќе соберам сила ќе пишам. За мутациите сакам да го споделам моето искуство, може на некој ќе му биде од корист. И покрај претходни три спонтани, повеќето доктори ( од гинеколози до трансфузиолози) ме убедуваа дека не сум за клексани, дека мутациите ми се мали и дека таа дијагноза ја има пола држава. Сепак инсистирав и се боцкав од прв ден на позитивен тест, зошто тоа беше советот од Јани, и да ти се уредни резултатите ќе се боцкаш поради историјата на спонтани. Гинекологот специјалист ми рече да престанам во 16 недела, но не послушав си ги купував сама и се боцкав до крај. Пред да се породам димерите ми беа 1.600, тоа беше максимум што се качија. Е сега, откако ме породија природно, инсистирав да ми ги испитаат. Среќа што бев упорна зошто сега ми се 8.000. Да не барав немаше ни да знаеме. Ме боцкаат и навечер и насабајле и ме задржаа на клиника. Така да барајте проверки, жално е што сме доведени во таква ситуација...
Devojki jas denes bev kaj dr.Jani ! Gi razgleda rezultatite od mutacii i mi prepisa Aspirin i Kleksani od pocetok na bremenost! Mislev ke me vrati , ama me primi covekot fino kulturno
Што ви имаат кажано за АФА на горна граница? Негативно е <20, а мене ми е 20. Имунологот што ми го виде резултатот рече дека не е ништо страшно, дека не е тоа причина за спонтан зошто сите др антитела се негативни, дека терапија не треба, само да повторам за 3 до 6 месеци..тоа, ништо посебно. Од сите испитувања жими ова е на граница. Што ви имаат кажано за само АФА на граница?
За афа и ана обично даваат декортин (кортико), но знаат во бременост дасе покачат и атоа после 3 месеци треба повторно за да се стабилизираат. Вредностите кај тие што имаат проблем со афа и ана се доста повисоки. Затоа почекај 3 месеци и повтори. Кај мене лупус антикоагулант беше позитивен после бременост и посче 3 месеци пак правев испитувања и се имаа покачено за 10 вредностите но само аспирин и клексан за тоа ми дадоа. Другите работи како ти се?
Zdravo devojki, Nekoj da mi obajsni sto so ovie mutacii i dali ke se prima terapija. Izvenete na prasanje dodeka otidam na lekar
Здраво. Мене ме интересира нешто а тоа е кога бев кај специјалистот ми препиша само 14 клексани, за да ми ги врати фондот парите. 5 купив претходно и сега треба да купам уште 5 без да може да ми ги вратат парите затоа што кога го прашав матичниот гинеколог ми рече: ќе одиш наредниот месец кај специјалистот за овој месец имаш, но бидејќи тој гинеколог специјалист прима само во среда јас ќе треба до наредна среда да набавам а да незнам дали ќе ми ги вратат парите затоа што нели ги гледаат фискалните сметки од кога се купени клексаните. Ве молам за совет? Дали е ова вака кај сите? Не ми е јасно зошто не ми напишат 30 за да имам до наредно идење.. Утре е среда но е пак во овој месец и сега незнам... Инаку идам кај докторот Илиевски во Чаир за да ми напише. Не ми е јасно дали ќе ги дадат парите на тие 5 што сум ги купила пред извештајот од специјалистот и сега што ќе ги купам тие 5 за до 5ти да имам...Молам за одговор.
Сите клексани што ќе ги купиш пред датумот на извештајот од специјалист нема да ти бидат рефундирани. Јас обично одам во аптека се дог со аптекарките купувам коллку ми требаат до извештајот плаќам но не земам фискална. Кога ќе добијам извештај истит ден одам и земам фискална со сметкопотврда. Ова само ако сака некој раб да ти заврши-познат.
Првиот пат на извештај ми пишаа 20 клексани и ги купив сите наеднаш. Втор пат бев на преглед и извештај за клексани пред да ги довршам тие 20 и на извештај ми пишаа уште 30 клексани што ги купив истиот ден кога е извештајот. Дали ќе ми прават проблем за рефундација, бидејќи ми се поклопуваат датумите на првите и вторите купени клексани?
Девојки повторно јас. Нели купив клексани без извештај и го прашав вчера гинекологот ми рече да идам на 10 ти Април за да ми даде упат за кај специјалистот што е премногу купив 5, за да имам до среда бидејќи специјалистот прима само тогаш и сега ќе треба уште 5 да купам што се вика, што е премногу.. А докторов ми вика дека сум била влезена веќе во систем и секако ќе ми ги вратиле парите само сметкопотврда да побарам. Се нервирам. Јас бев кај специјалистот на 15ти Март, а пишува на извештајот 14 клексани само. Не ми е јасно, дали важи извештајот од 15ти Март до 15ти Април. Дали да одам кај гинекологот во понеделник да барам упат за во среда додека е време
Ако на извештајот ти пишува 14 клексани, толку можеш да рефундираш. За следна тура клексани ти треба нов извештај. Земи си упат за да идеш пак.