Здраво, дали некоја има прекинато со аспирин во бременост, по консултација со трансфузиолог и гинеколог? Пиев аспирин 100 преку еден ден уште пред бременост заради генетски мутации хетерозигот на MTHFR и FGB. Сега сум 22 недела и на последната контрола, според хемостаза, ддимери и наод од кај Јани дека нема хемостатски индикации за третман со LMWH и дека сите резултати си одговараат на состојбата на бременост, гинекологот ми кажа да го прекинам аспиринот. Тоа беше четвртокот.. од тогаш не земам, и еве денес осеќам тежина во телото, болка во мускулите и како оток во рацете. Дали има едно со друго врска? Да нагласам дека бев баш активна викендов со пешачење..
Дали вие што пиете аспирин пред бременост имате модрици по нозе? Јас често си имав години наназад ама и таква кожа имам ако на пример ногата ми е потпрена подолго време на тврд предмет одма ми се појавува.Сега не се сеќавам да дум се удрила.. Сега некако се мислам да не ми е од аспиринот. Доколку е од него треба ли да се прекине? Додека стигнам кај Нино да знам дали да го прекинам
Да, јас имав мали модринки, по нозете и рацете. Не беа многу на број, ама ги имаше. Кога го прекинав, не ми се појави нова модринка
Ми го прекинаа Аспиринот во 8 или 9 недела поради крварење, моментално сум 22 недела и нема никаков проблем.
Дебојки ве молам за инфо како до доктор Јани, кои денови,дали треба упат пошто не сум од Ск или доколку некој има негов контакт.
Кај што ти пишува мутиран ген тој ген ти е мутиран. Имаш еден хетерозиготен и другите се хомозиготни. За ова сигурно ќе ти дадат терапија најверојатно клексани и аспирин но треба да посетиш трансфузиолог. Совет мој да успееш дго фатиш Јани на трансфузиологија додека е сеуште на нозе човекот. Или пак Елена Петковиќ или Виолета Дејанова.
Тоа ќе ти кажат они. Најчесто аспирин е пред бременост, а после од позитивен тест клексан е сега дали дали ќе ти дадат еднаш да боцкаш или два пати се е индивидуално од резултати итн. Само во бременост почесто ќе испитуваш д димери и хемостаза. Не е страшно повеќетоени во државичево наше се со тромбоза.
Тоа најточно ќе ти го каже гинеколог специјалист. Јас имам мутација на паи и мтхфр за кои на трансфузиологија ми рекоа дека нема потреба за посебна фолна, додека трансфузиолог од Ремедика и гинеколог од Систина изричито потенцираа дека не дум за обична фолна, туку исклучиво метилирана како и метилфолат да земам минимум 3м пред обиди. Значи, има нешто. Секако штета немаш од земање однапред