Си имаше лист одоздола со што колку кошта, толку беше. Ја додуша очекував дека толку ќе биде зошто 2 другарки исто правеа 2-3м пред мене и толку им наплатија
Јас бев во МАНУ и платив 450 денари за 10 дена беа готови резултатите. Немам коментар за матичниот твој, ужас.
Девојки да ве прашам во вторник имам упат за на трансфузилогија ама од општ матичен лекар за да ми напише за клексаните, дали ќе ми се наплати нешто? Бидејќи на упатот не е наведено дека сум бремена бидејќи матичниот гинеколог несакаше да ми даде упат, као неможело они тоа..
Јас одам со упат од општ матичен и трансфузиологот ми запишува шифра за бременост и ништо не плаќам за димери, хемостаза и крвна слика.
Види со која шифра за дијагноза те упатува. Мене така еднаш ме прати општата матична со несоодветна шифра па платив за испитувањата околу 700 денари или така нешто. Баш и администраторката се чудеше зошто не пишала шифра за трудници. После наредниот пат и напоменав на сестрата за друго кога одев па најде шифра како што треба.
Исто и мене ми наплатија, упатот ми беше од ревматолог, но ми рекоа штом нема шифра за бременост, мораа да ми наплатат.
Ама зошто да ви наплатат ако трансфузиологот напише шифра на упатот за проверка на димери и хемостаза? Значи, општ лекар ми пишува упат спо шифра за варикозни вени во бременост, не со шифра за бременост. Трансфузиологот ми го зема упатот и креира нов за проверката на димери, хемостаза и крвна слика. Со упатот од трансфузиологот одам на шалтер, не плаќам ништо, потоа одам на боцкање и си одам.
Поим немам. Кај мене во тогашната дијагноза ми стоеше само варикозни вени и тогаш ми наплатија, а знаеше докторката дека сум на почеток на бременост. Кога бев со дијагноза варикозни вени во бременост не платив ништо. Инаку за редовни месечни проверки ми даваше упат матичен гинеколог. Ама кога одев за консултација со лекар морав да одам преку општ.
Е па веројатно бидејќи само варикозни вени била шифрата, па затоа, можеби немал на писмено основа трансфузиологот да даде за бременост шифра. Гинеколозите не даваат веќе упати за кај лекар, затоа се снаоѓаме преку општ, тоа е А даваат само за проверка на димери и хемостаза, но така не добиваш извештај од трансфузиолог. Да не е едноставно, тоа е.
Да искомплицирано е без потреба, да нема кој да ти каже сигурно барем еднаш ќе те зафркнат. Затоа два пара очи кога се вади упат од општ за време на бременост, многу од нив знаат да не стават соодветна шифра, а мислам дека за секоја супспецијалност има нагласени дијагнози за во бременост.
Ама и зезнато им е да дадат соодветна шифра, сестрата кај мојата докторка прво не успеваше да ми креира упат со соодветната шифра, но ептен запнав кажувајќи дека само со таа може трансфузиологот да ме прими. Па ајде се снајде после, нешто менуваше сè и на крај успеа. Не си одам од ординација додека не е како што треба Од старт терам така. Имам искуство од претходно, во првата бременост кога бев при крај ги сменаа работите, многу поедноставно беше порано. Се согласувам дека треба да се внимава со која шифра ви прават упат.
Женски на последниот извештај од 8ми септември ми пишува контрола за 2 месеци. Дали со тој извештај можам да рефундирам клексани за 2 месеца или да си одам пак месецов за нов извештај?? Да не ми направат проблем да ми рефундираат само за еден месец. Некој искуство???
Девојки дали ова значи дека не ми се пишани клексани? Ве молам за одговор. Се боцкам со клексани денес отидов на трансфузиолог за да можам да не ги плаќам клексаните добив ваков извештај каде што докторот не ми објасни ништо
Немаш клексани, трансфузиологот смета дека немаш потреба заради резултатите од хемостазата. Има препорака гинеколог да направи проценка според постелката дали би имала потреба за клексан од гинеколошки аспект.