Мтхфр? А кај кој трансфузиолог одиш ? Јас примав од почеток до крај клексани, иако требаше и пред бременост. Плус аспирин имав и јас до 32 недела , а цело време уредни рез за ддимери .
Кај узунова бев и сега за сега не требало пијам аспирин и другата терапија. Неделава ќе се конслутирам и со друг трасфузиолог.
Радо би знаеш и сама дека за тоа секад сум помагала на сите колку сум можела. Но, од пред некој месец многу им е стегнато и сакционираат. Не ја знам ситуацијата на членката ама да напоменам.... терапијата зависи од склопот на кој и колку митации тромнофилски се. Во кратки црти....ако се склоп на мутации кој се поризични се дава обавезно клексани, метилирана итн. Но, ако се не опасни мутации само со метилирана фолна се тера. Еве ја сестра ми е со 2ро трудна ( 24та недела и сце си е супер и Дај Боже до крај да е ) само МТХФР и уште едена мутација и беше и само метилирана пие и витамините за бременост ( Елена Петкович ја води ). Значи според нејзините мутации и резултати нема потреба од аспирин ни клексан. Јас имав мутации многу, биохемиски,7ивф ( конечно успешно и синко е 14месеци ) и заради сето тоа имав клексани, аспирин, метилирана, Б12 спреј, Б6 итн. Значи како ви кажал трансфузиолог така терајте. Не се споредувајте со други жени ( од форум или приватно ) не секоја сме со иста историја, мутации, здраствени проблеми итн. Затоа неможе сите да сме со иста терапија. Со среќа и лесно на сите и од се срце ви посакувам наскоро да сте мајки, а ќе бидете верувајте колку и да ви е далечна таа мисла или колку и да ви е тешко, знајте ќе дојде тој ден. Мај некој порано, а кај некоја покасно. Некоја ќе се помачи, некоја не ама битно сите ќе сте мајки
Мене мие само МТХФР хетерозигот другото сее во ред. Примам аспирин,метилирана фолна вигантол,б6 и б12. Докторката ми рече дека на 1 месец ќе правиме испитувања за да следиме сега за сега вака е ок. Фала ти многу ептен ме смири,јас и така во понеделник ќе одам на ГАК па ќе пробам од таму да ме препратат за мирна глава.
И јас имав мтхфр хетеро ама и уште две нз како беа имињата. Знам дека не е лесно цело време мислиш , ама знам дека си позитивна тоа е многу битно
Од Б витамините го пијам тој на синерџи во форма на метилкобаломин и пишува на нив Б12. Б6 обичен пиете или и него го има во пречистена форма?
Да се немав изгорено претходно немаше толку да мислам ама сега тоа е што е. Мора да сме позитивни што ако се нервирам може само бетер да му направам на душичево што веќе си претка во меше. @PeachGirl Јас пијам обичен б6 и б12 на синерџи.
И јас имам само МТХФР хетерозигот, првата бременост воопшто не се развиваше плодот, па бев на трансфузиологија пошо не знаев за генетската мутација, кај др јани ,ми направи испитувања и и ми рече метилирана фолна само од бугарија и аспирин, па ја пијав терапијата, повторно забременив се беше во ред но во 8 недела престана срцевата акција, бев пак кај др јани после тоа, ниакви испитувања не ми направи само ми рече нареден пат со клексани од прв ден, башка аспиринот и метлилната фолна. Го прашав за б12 и б 6, ми рече да пијам метилкобаломин и б 6 ама дека него најбитна му е фолната, и не ми кажа доза,од колку мг пиеш и б 12 и б6? или тоа треба да направам испитувања, а исто и за вигантол?! Д витамин немам направено испитувања, ама како испаѓа све на своја рака да си проверувам, на никој до сега гинеколог не му текнало никаде да ме прати на испитувања , циркузи.
Јас ја терам 10 недела од бременоста и пијам по две на ден б6,едно аспирин,едно б12,вигантол 15 капки навечер и метилирана фолна две насабајле едно навечер. Дали сте сигурни дека спонтаните се од мутираниот ген? И дали имаш правено хсг и хистероскопија. Јас оваа терапија ја пиев исто три месеци пред да забременам.
Немам направено, што е тоа и каде да се обратам ако знаеш? Како што кажав до сега се на своја рака никој од докторите божем најдобри ништо не ми кажал
Одев кај еден пола живот, испаднаа триста работи да не речам од нигде негде цин 3 , итоа редовно контроли сум правела бидејќи сум доста дисциплинирана, па интервенции , и низ тоа имам поминато, не во Скопје, па го сменив отидов кај др Черепнакловска во Ск , па по нејзина препорака кај трета сега, но никој не ми кажал ништо за хистероскопија, иначе немам спонатни , абортус правам после тоа пошо како што кажав не се развиваше првиот пат, вториот пат имаше срцева акција па престана во 8 ма недела. Абе никој ни испитувања ни бутур не кажал, се од што се распрашувам.
Моник дозата за металираната фолна доктор ти ја препиша? Јас пијам по една капсула во денот од 400 mcg, така и Јани ми пиша во извештајот.