Другари што е разликата меѓу овие две? Јас сум со мутации и хомо и хетеро прикачив слика погоре па така док.ми рече да пијам фолна но не прецизираше која фирма, и доза! https://www.iherb.com/pr/solgar-folate-666-mcg-dfe-100-tablets/14274 https://www.zegin.com.mk/mk/solgar-folna-kiselina-metafolin-400-mkg-50-tableti
Многу непрофесионално од докторот што не ти потенцирал бренд на фолна и од колку Иначе, мислам дека од 400 ти е малку, со мутации обично пиеме од 1000, ама нормално тоа мора да ти го каже трансфузиолог, батали генеколог не се ич стручни тие околу ова Ако најдеш термин, обавезно барај го Јани, или Нино во Систина
Zemi si na now metilirana folna okolu 1.650 se mozes 1 na den a mozes i dve,prasaj si za dve,i metiliran b12 i jas sum hetero i homo
Женски, ајде пак ќе прашам. Јани прима сега пациенти, некоја била вчера/минатиот понеделник? Пред 2 месеци имав упат, но го откажав, тука прочитав дека враќал и трудници и останати што идеме за мислење со мутации. Дали сега прима, имам упат и многу ми е битно неговото мислење и стручност. Не ми се ризикува да ме врати.
Не се рекла казала муабети, јас бев една од тие што не сакаше да дискутира за мојата состојба, затоа што му било забрането. Не сакаше ниту мислење да даде. Можеби сега пак прима трудници, не знам за сега, јас бев пред некој месец.
Знам дека и уште некоја членка кажа дрка ја вратил, исто до упат, затоа и прашав, ете гледаш и тебе те вратил.
Он нема да те врати само мислење нема да даде, а тоа мислење ти треба за понатака. Ни криви ни должни ние го јадеме.
Да, да, и јас бев со упат и ме врати, со муабет дека им забраниле да даваат терапии и совети на таа тема. Прв пат бев есента. Ама сега бев пред 2 месеци, исто со упат, и човекот баш најкултурно ме прими, ми објасни.. така што - оди слободно сега.
Јас сум хетерозиготност во Ф13 и МТРР и хомозитност во МТХФР 1298, ПАИ-1 ( појам немам џабе што читам на нет) прво ми рекоа да одам кај доктор имунолог,па кај генетичар, овде читам трансфузиолог и веќе навистина не знам каде да се обратам, инаку 11 год. во брак нема бременост, нема абортуси нема ,последно не сакаше ниту јк да се оплоди замислете.
A mozes i na IHerb da poracas jas gi poracuvam od tamu i kaj niv se 10 evra mnogu poeftini,na now sve si poracuvam od kaj niv duplo poeftino e
За мутациите можеш да се обратиш кај Јани, Елена или Виолета на трансфузија. Можеби имаш друга мака некоја штом не е оплодува јк. Предпоставувам сте пробале преку инвитро процедура до сега.
Мене Виолета за мутациите ништо, ама баш ништо не ми даде. Дури и ми рече дека за моите мутации(што патем не ми ни ги објасни) не треба ништо метилирано,да земам слободно обична фолна. Отидов на второ мислење кај Павлина во ремедика, одма ми даде аспирин (веќе тазе трудна) и ми рече дека мора се метилирано, плус аспирин. По втор абортус истово и Гордана во Систина ми го кажа, дека и пред бременост треба горе наведеното да земам. Значи Виолета мене скроз ми утна терапија. Ич не ја препорачувам
Можеби те откачила безвезе не знам што да кажам. Јас кога бев кај нејзе ми кажа метилирана и аспирин и клексан првично кај нејзе отидов после првиот мисед.
A koi mutacii gi imas? Jas imav nekna zakazano kaj Violeta za konsultacija ama ne bese taa tamu mi se pogodi Aneta I super se ubavo mi objasni ama nisto ne mi Dade osven metiliranite vitamini I aspirin preku den toa sto I si go piev, jas sum heterozigot na FGB I MTHFR c677 mi kazaa deka se mnogu recsti I ne pravat problem deka samo edniot gen e mutiran drugiot normalno si raboti...