Ви благодарам од срце ова многу ми значи. Сега знам каде лежи зајакот Нарачавме од Германија за сопругот Профертил, а за мене Имприл ќе пробаме со нив, јас доста пешачам, се движам по природа, не сум гојазна и никогаш не сум имала проблем со кгр. до пред 10 год.активно и спортував, не пушам. Јадеме здрава храна, да се изразам народски од нива скинато и во тањир и така сме израснале двајцата. Па има ли поубаво пипер,патлиџан, јагода, цреша, круша,ореви многу се важни .... да си скинеш и само да ја забришеш со раце и да ја изедеш чунки знаеш дека производите не се прскани.Јас навистина не знам што е ова, навистина очекував заедно со сопругот дека ќе имаме барем 5 деца
Може ли сето ова во 1 ден или тешко? За генетски мутации и тромбофилија треба ли упат или на приватно?
Треба во МАНУ да правам тестови за тромбофилија по препорака од трансфузиолог. Дали може таму да ми земат крв?
Кај Васо Коруноски ли? Јас порано бев таму, сега кај Радица Бојчевска, ама изгледа ќе ја сменам, воопшто не е заангажирана, ништо не ми кажува, се јас ја прашувам како со сила да ми одговара. И не ми даде упат за сите хормони, не ни видов на упатот, дури резултатите кога ми ги даде, и викам сакам микробиолошки брисеви, ми вика ај понатака, сакам хсг јас. Незнам дали е само на државно, читав до Јуни само дека правеле хсг, после дури Септември, незнам колку е точно, јас планирам кај Толовски, може приватните прават и Јули и Август незнам.
Здраво девојки, ми треба совет од вас. Вака, прва успешна бременост без никаков проблем , после тоа биохемиска и спонтан. Сега повторно сум бремена, сеуште не се гледаше на ехо, во понеделник сум на контрола кај матичниот . Инаку имам генетски мутации (ќе ставам слика во прилог) кај Др. Јани бев во декември. Денес правев испитувања за д димери и хемостаза , дали ќе може да ми кажете дали се во ред , да не се грижам до понеделник ? И што понатаму , кој препишува терапија, дали на ГАК или како е процедурата?
Димерите ти се добри и веќе пиеш аспирин. Закажи си на специјалист кај матичниот за на гак но мислам дека друга терапија нема да ти дадат. 177ти се тромбоцитите ако ти препишат клексан да не ти паднат уште повеќе.
Здраво женски сакам да испитам вродени и стекнати мутации на приватно. За вродени гледам пакет 3000ден во Авицена, а стекнати мутации неможам да ги најдам во ценивникот. Колку пари се тие на приватно?
Јас исто вродени испитав во Авицена за 2900 денари, е сега стекната тромбофилија испитав државно на Трансфузија, АФА и лупус антикоагуланс, отприлика 1000 денари ме кошташе. Овие две приватно побарај ги, а може има и други некои анализи, нека кажат другите, јас само овие две ги испитав. Поздрав.
Мислам дека не боцкаат во МАНУ. Ќе треба во некоја приватна лабораторија да ти извадат крв, ќе ти наплатат за услуга вадење крв. Важно е да прашаш во МАНУ во каква епрувета треба да им ја однесеш крвта (многу битно!) затоа што во лабораторијата нема да знаат. За тромбофилија треба да биде крв боцната во EDTA епрувета, но сепак прашај во МАНУ уште еднаш!
Вродени мутации за тромбофилија (во Авицена го има како "Генетски панел за тромбоза"), истото што се испитува на Имунологија, Трансфузија и МАНУ.