Не мораш да ги купиш сите наеднаш. Инаку треба да ги примиш и гинекологот да ти издаде потврда дека си примила па гогаш поднесуваш во фонд.
Кои денови др. Јани е во амбуланта и дали може со приоритетен упат некако да се појди. Треба да одам почеток на јули на контрола,а и за тироидна исто ќе треба да одам,ако можам некако да ги усогласам да појдам во еден ден,зошто не сум од ск.
Можеш на 2-3 пати да си ги земаш месечно. Во аптека барај со фискалната и сметкопотврда. На крај на месецот со потврдата од матичниот, сметкопотврдите со фискални, копија од трансакциска сметка и извештајот од трансфузиологија ќе си поднесеш во фонд и ќе ти рефундираат.
Не знам точно да ти кажам, прашај кај матичен. Јас секогаш приложувам и сметкопотврда, до душа во аптека кога ги земам секогаш сами ми даваат со фискалната и сметкопотврда.
Zdravo, dali nekoj ima telefonski broj od transfuziologija skopje, bev na 22.05 da gi napravam site ispituvanja, mi rekoa rezultati posle 10 dena vo maticniot grad na transfuzija deka ke gi pratat rezultatite.No za 10 dena vo mojot grad mi dadoa samo del od rezultatite drugi nema, a tie za mutaciite sto mi se najbitni gi nema. A na 19 ti imam termin kaj dr Jani, i zagrizena sum bez rezultatitw kako ke odam. Na toj brojot na internet od transfuziologija ne se javuva nikoja kako isklucen e. Dali nekoj ima nekoj kontakt? Vi blagodaram
Јас вака пробував да ги добијам, ама залудно. Им пишав маил дека телефонот не им работи и дека емаил адресите од докторите не им се точни, на што ми вратија дека телефонот им е во функција. Како не, ѕвонев со денови не добивав никој. Што функционира кај нас па ти.. На 19ти ќе појдеш прво ќе си ги побараш резултатите па ќе одиш кај Јани. Јас ги земав после трансфузиологија има едно објектче за крводарители, до него одма има еден објект, во него се подигнуваат резултати а работат и до кај 6-7 вечер. Знам јас таму ги земав беше веќе приквечер. После тоа ПАИ доиспитував и исто отидов таму ги земав и се вратив наназад за преглед кај Виолета.
Ти треба и сметкопотврди за рефундирање. Со фискалните и извештаите оди во аптеката каде што ги купуваше и кажи им да ти дадат сметкопотврди.
Ме интересира дали некоја со генетски мутации на наследна тромбофилија имала здрава бременост до крај и со каква терапија била во текот на бременоста? Мене ми се откриени такви мутации и примам терапија од метилирана фолна киселина од 1000 мг и метилиран б12 од 1000 мг. но без асприн како што читав низ темата дека некои примаат и аспирин. Ќе ви ги испратам и резултатите и доколку некој ги разбира подобро ќе молам да ми објасни бидејќи докторот само терапијата ми ја препиша. Иначе имав два спонтани абортуси во 5 недела пред да ги откријам овие мутации и исто така сум со направена хистероскопија за Т-shape матка.
Се ти објаснето во вториот документ доколку детално прочиташ фактор 5 леиден е доста комплициран за бременост и луѓето примаат клексани за ова, а некои и по 2. Да си најдеш трансфузиолог асален или барај го Јани на трансфузиологија он е упатен за вакви работи. Хетерозиготните мутации и не се толку страшни, за разлика од хомозиготните затоа пред бременост убаво консултирај се со соодветно лице. Земи си упат и за на имунологија да си направиш и антитела афа, ана итн зошто и тие знаат да направат проблем исто така и лупус и лупус атикоагулант да си провериш.
Jas gi pravev oddamna so upat od maticen ginekolog na transfuzija vo gradska, a potoa mi dade i upat za podetalno na imunologija na klinika
Ве молам кажете ми каков точно упат да барам од матичната и за каде. Сакам да испитам генетски мутации. Во друга тема прочитав и за испитување на кариотип, кој дава упат за тоа и дали треба да го испитам во случај на необјаснета неплодност 2 години, никогаш немам постигнато никаква бременост.
Mene ovie mi gi pisa za ispituvanje i jas sum so neobjasneta neplodnost. Upatot e do institut za imunologija
Провери на мое здравје апликацијата. Ако имаш со упат испитувано, можеш да ја симнеш мое здравје апликацијата, да се најавиш со корисничко име и пасворд од ујп и имаш во делот специјалистички -> архива, сите резултати што ти се прикачени од мој термин.