Еве паталец тука и јас сум хетерозигот на мтрр и други фактори. Јас имав 2 пати мисед во 6та недела и терапијата беше аспирин пред бременост со метилирана фолна и метил кобаламин б12 и од позитивен тест клексан. Но сепак треба да се консултираш со трансфузиолог т. е. со Јани. Но сигурна сум дека ќе ти даде некоја терапија штом 2 пати исто ти се случило. Според гинеколозите мутациите прават проблем од 2ор триместар па натака, но според трансфузиологот треба да примаш терапија пред бременост
јас бев вчера на гак и од таму докторот ме прати со приоритетен на трансфузиолог за второ мислење, дали да примам клексани. Трансфузиологот ми рече дека имам предиспозиции за тромбофилиа и дека треба да примам клексани и со тоа мислење ми препишаа 30 на гак. Иначе и јас имав првиот пат missed.
обавезно ќе одам и не ми е јасно сега за сега не планирам бременост бидејки сега скоро се случи абортусот дали треба да пиеме сега нешто како превентива или од како ке планирам повторно бременост ..
Топла препорака за Д-р Јани. Исто и јас сум со хомо и хетерозигот и примам по два клексани. Претходно кога примав само по еден, и пиев метил фолат плодот застануваше во развој. Во консултација со Д-р Јани, утврди дека не сум примила доволно клексани. Слушај тој што ќе ти каже, ако ги слушаме матичните до нигде нема да стасаме.
Само првиот пат ти треба упат од матичен за на трансфузиологија, а потоа зависно од резултатите и дали е потребно повторно да одиш на две недели или за 1 месец, самиот трансфузиолог во извештајот пишува термин, односно дата и време кога да појдеш и со тоа си имаш термин. Значи од матичен ти е потребен само прв упат за трансфузилог.
Мене матичниот ништо воопшто нигде не ме ни прати само не било страшно јас самата ке си барам упат и ќе одам ...
побарај му за на трансфузиологија и после таму терај си. Ако нешто има за понатамошно следење, таму ќе ти презакажуваат.
Колку мутации имаш? Јас имам 6 мутации, сите хетерозигот. Мислам дека и јас треба да бидам со два клексани, бидејќи мене и природно без никаква терапија димерите ми се качуваат до 800-900, а никој не ми спомнал за две дози.
Здраво,дали некоја што треба да се боцка со клексани цела бремемост се боцка во нога,до сега сум 13та недела и се боцкам во рака,па сакам да пробам во нога ама се плашам,искуства?
Јас ротирам. Рака, бут, стомак, зошто ептен ми помодрува се', кожата генерално ми е таква и мора да ротирам. Не е ништо страшно во нозе, иста е процедурата, агол од 45°, дупчето од иглата накај тебе свртено и аплицирањето да е споро. На нет има слики кој реон можеш да го боцкаш, мене ми покажуваше матичната една недела, два дена ме гледаше сама додека боцкам и продолжив после сама
Како сте со бебе Поттик сте ми неколку мешиња овде, ама кога ми текне на некои работи се сепнувам и се полнам со страв Кога ве читам се радувам и јас со Вас
Па сега за сега ок сме. Почести прегледи ќе имам. Некако од страв, не ни влегувам во ова со големи очекувања. Мислам, позитивно размислувам и се', ама така малце со резерва, што мислам е и нормално. Како си ти маци, колку време сте со обиди веќе?
Каде ви земаат крв за да однесете во ману? Таму од лабораторија ми рекоа ќе си донесете во епрувети, имам кој да ми земе, но епрувети не можам да најдам, нема во аптекиве
Не сме ни почнале, имам голееемм страв Два пати откако минав, се плашам трет пат да не има, ама се велам па трет пат среќа ќе биде. Од сите испитувања ТСХ ми беше над 3 и него скоро го средив ама пак се плашам.. Се ќе биде добро овој пат, од вас црпам сила, трет пат, трета среќа
Ајде, работи на случајот. И мене ми беше страв, ама седнав и си реков, страв не страв тоа е, ако сакам уште едно дете мора да се борам до крај. Трета среќа ќе биде кај сите, ајде, само со позитивна мисла и со Господ напред ♥️
Јас носев за друго, во авицена ми земаа сабајлето крв и однесов. Биотек мислам се поефтини, 300 беше од епрувета ама кај мене мораше некоја посебна со не знам што да има внатре.
Дојдов само да ти дадам поддршка, ќе ми извинете што ви се мешам во муабет. И мене ми беше прееемногу страв да пробам мила, со спонтан сум и јас и со мутации, ама еве 5ти месец ни е ова со обиди и како мине време некако го заборавив стравот и сега само чекам позитивен тест. Овој пат кај сите ќе биде успешно, нашата ден еднаш мора да дојде, мајки секако ќе бидеме. ❤️