Одлична е. Јас кога му кажав на Јани дека она во првата бременост ми даде клексани, рече дека докторката е многу добар трансфузиолог и дека си ја знае работата
Девојки, бев во чаир да ми препишат клексани ( хомозигот на MTHFR ) докторот ми ги виде резултатите од дидимери и хемостаза и ми тече дека он не би ми препорачал да примам зошто можело да дојде до крварење. Се јавив после тоа кај друг доктор што ми е врска се симна и ми препиша 20. Ми рекоа двајцата консултација со Јани. Неможам да чекам термин за нареден месец. Хаос ми е у глава кажете друг добар трансфузиолог. Да одам што побрзо.
Павлина во Ремедика, Кочо на трансфузиологија. Или Емилија, нз како и беше презиме. А што е со хемостазата што би можела да ти створи крварење?
Па добра ми е и хемостазата и дидимерите. И ми рече " ја не би ти дал клексани на овие резултати, може да дојде до крварење. "
И мене ми беа во нормала времињата се до 3ти месец а примав клексан од 0.4 заради мутации и што се случи сега димери во ред али аптт 22 ми е скратено за сите пари па ако се исти резултати за 3 недели ќе треба уште еден клексан да примам. Не можеш да искрвариш од клексан колку што може лесно да се формира тромб.
А може и од аспиринот. Да ти кажам искрено толку се изнервирав со не го ни слушнав. Два саати чекав за на крај пак да се јавам и за 5 мин работа да завршам. И коа дојде на шалтер му реков да знаев порано ќе се јавев немаше два саати да чекам и ми вика извини јас сум крив зашо виде кој доктор се симна.
Аспирин прекинуваат да, заради можно прокрварување, а за клексан прв пат слушам. Инаку @Brpbrp и мене едното време ми е скратено после првите 30 клексани, дали беше аптт или тт не знам, ама само ми продолжи Јани уште 30 клексани.
Да ама кај мене се крати уште повеќе а веќе сум со примени 120 клексани. Се држеше некако до 24 секунди сега се 22 за сега немам лакуни и бебе си одговара за неделата ама ќе се следи ситуација.
А со тромбоцитите како си? Мене на почеток ми беа над 300 сега 147.. почнуваат да паѓаат, тоа ме загрижува, со првото вака ми паѓаа до под 100ка отидов, ама тогаш почнаа веќе при крај на бременоста нагло да опаѓаат
200-250 ми се движат константно никогаш не сум била испод. А и природно ми се 280 зошто сум крводарител.
Здраво девојки ми доцни 4 дена имам позитивен тест. 8 ден сум со клексан 0,4 и аспирин пред два дена и денес имав оскуден розеникав исцедок што ме преплаши тахикардии почнав да имам од страв да не се случи нешто. од симптоми повраќање и мачнини цел ден. дали е можно од аспиринот да е оскудно крварење и кој да прашам трансфузиолог или гинкологот за аспиринов зошто ве читам на многу им се јавило крварење од аспирин во комбинација со клексан