Sigurno ke te sledat blisku i ke te proveruvaat redovno sekako ke odlucat zavisno i od tvojata istorija licna i familijarna
Здраво девојки, денеска ги земав резултатите, па ме интересира ваше мислење, сега за сега чекам термин за кај трансфузиологија, па можеби некој имал слични резултати ако сака да сподели мислење. Инаку имав веќе 2 спонтани и една биохемиска.
So tvoite rezultati sigurna sum ke ti prepisat soodvetna terapija od kleksani mozno e i dvapati na den zatoa sto imas dupla heterozigotnost vo Factor 5 i Factor 13 plus homozigot vo MTHRFR i MTRR sto znaci Moras metilirana folna i metilirana b12 da primas pred i niz bremenost. Misli pozitivno ova najverovatno e tvojot odgovor sto go barase i za se ima resenie se ke bide dobro so dobra misla i dobri doktori i soodvetna terapija i doza sekako
Со упат од матичен така? И која цена? Јас прочитав во МАНУ дека ги немало сите мутации, да не знаеш нешто во врска со тоа?
Матичен гинеколог ми даде упат, 450 ден. Имам и други испитувани на трансфузиологија, уште чекам резултати.
Поради MTRR и MTR ќе ти треба б12, поради MTHFR фолна, поради F5, F13 ќе треба клексан. Како ти се хемостазата и тромбофилните состојби?
Да тие се, се ти е во нормала. Ако си во можност провери хомоцистеин, за да се одреди дозирањето на б12. Мене упат ми даде трансфузиолог, не знам дали може матичен ама би требало да може. Испитај тоа и закажи трансфузиолог. Б12 и фолна би требало да пиеш 2-3 месеци па после да почнеш со обиди за бременост. После позитивен тест одма клексани. Најверојатно во бременоста ќе следите хемостаза и д-димери и според тоа ќе ти дозираат и клексан. Едит: и аспирин исто како терапија ќе добиеш најверојатно.
Кои други испитувања ги чекаш? Инаку да, ова е за терапија. Ти реков дека ова кога ќе го испиташ ќе го најдеш проблемот На имунологија беше за антитела да провериш? Кариотип закажавте? Одма во аптека по метилирана фолна и метилкобалмин. За нг да израдуваш со бебе!
Кариотип во Октомври имаме закажано, HSG ке правам во Октомври и спермограм треба да провериме. Дај боже да биде се во ред. ❤️
Се ќе биде мила, јас сум сигурна дека веќе го имаш одговорот на проблемите. Клексанот ќе си заврши работа, терапија ќе ди земаш пред обиди. Фаќај упат за кај Јани за консултации
Дали може и покрај мутации да биде се во ред? Од досегашното што прочитав низ форумов, научив дека кога си со мутации за кои треба терапија, доаѓа до спонтан ако не ја примаш. И повеќето веќе од следна бременост се со терапија од позитивен тест. Јас бев со близначка бременост и спонтан во 7ма недела на едното близначе. Со другото е фала богу досега се во ред, тераме 13+ недели. Ама ме јаде црвот да проверам мутации. И тоа во авицена сакам, не можам да се објаснувам со матичната. Ќе платам иако е скапо. Туку потегов за проверка дури сега дали би бил оправдан? Значи никој ми нема препорачано, тоа јас што си размислувам...
Па еве јас бев кај една Виолета што ми рече дека за моите мутации не треба ни клексан ни метилирана фолна. Сосем обична била во ред, за аспирин нејќеше да чуе. Нормално, уште еден абортус имав со таа нејзина "терапија" . Не требало клексан на покачен ПАИ. Не е секој стручен.
Гледам стручни сте за мутации, кажете нешто за моиве, матичниот ништо посебно не ми кажа за пред бременост ниту пак сум била кај трансфузиолог. Не знам ни дали има во мојот град Мислев дека тие метилираните фолна и б12 и клексани се пијат и примаат во бременост ама овде читам на некои и пред ви препишувале. Ако не да земам и јас од утре.