Јас не знам што те матка твојата матична, но да си знаеш може да ти издаде упат за хемостаза и дд. Мојава секогаш ми дава, пред терминот кога имам закажано кај Јани. Ќе ми пише со дијагноза за бременост, за да не плаќам. Проверувам и со резултатот одам кај Јани. Ако тој ти даде да испиташ дд и хемостаза тогаш ќе си платиш 350 или 390денари, не ме држи за збор колку беше.
@Brpbrp @Алек*** еве не знам, мислам дека или не знаат како или ако има врска што е од друг град па стварно да не може. Ќе си го одврзам ќесето така ми личи
Vo Sin Lab , hemostaza i dedimeri privatno bea 1800 denari sega. Vo sporedba so Avicena kade bese duplo.
Како рефундирате клексани преку фонд? Јани ми го праќа извештајот кај општата матична, обично понеделник приквечер, ја чека хемостазата за да ја види. Она ми го симнува и принта. Арно ама, дали тој важи за во фонд, го признаваат ли како таков, или ќе мора да се одвлечкам до клиника за да ми стават округол печат за да го рачунаат како оригинал?
Ќе мора да појдеш до клиника, да ти стават печат округли и печат од докторот. За да можеш да го приложиш во фондот.
Deka ne moze da ti dade dva upati so termini vo ista ustanova toa e tocno. Znaci treba da pomine prvo terminot kaj Jani ili da go otkaze pa da zakazuva za hemostaza i ddimeri vo laboratorija sk 1 i labotorija sk2 taka glasat. No koga veke ke odis kaj Jani toj ke ti dade upat za lab pa ke se dogovorite dali da pricekas ili ke ti iskuca izvestaj pa od maticna direktno da go baras Toj sekako vo zavisnost od mutaciite vednas ke ti kaze dali si za kleksan. Kaj mene rez se sekogas vo granica no kleksan primam od pocetok
Да ви споделам за моите мутации бев кај Јани ми даде само аспирин на два дена, метилкобаламин на 2 дена и метил фолат секој ден. Ме праша дали на ехо се е во ред и бидејќи се било во ред, само ова како терапија. Го прашав во кои случаи би вовел клексан, само рече во случај да на ехо се покаже дека има потреба. Не ми даде да испитам ниту ддимери и хемостаза. Му спомнав дека последно испитував во 8ма недела, ми рече штом гинекологот кажал дека е се во ред, нема потреба. Супер што не треба да се боцкам, ама морам да искоментирам дека од цело читање си створив некоја поинаква слика за Јани, да не го читав тука каков професионалец е, ќе помислев нема појма. Во смисла се беше сведено на тоа што кажал гинекологот.
Женски, да прашам примам фракспарине секој ден во 19 ч, но на 5ти октомври сабајле имам кај Кочо Димитровски закажано, докторот ми има закажано сам за контрола. Сега незнам дали да ја примам инекцијата претходниот ден... А не би скокала ни на своја рака. Некој дали имал искуство да треба да провери димери и хемостаза, а примал инекции дали ја примила таа претходниот ден? Фала
Или се до 15-16:00ч. Извештајот ќе можеш и од кај матичната да го земеш. Само што ќе треба да појдеш за печат на трансфузиологија. Јас сум имала термин во 13:45 ч, кога и да завршев работа, во чекална уште имаше луѓе.
Знам минатиот пат бев го земав од кај матичната па се враќав утредента. Таму е хаос и со паркинг затоа прашувам баррм попладне да се оди
Здраво девојки, само што го земав рез па додека се видам со саглам доктор може некоја од вас знае нешто повеќе да ми објасни. Отидов јас во имунологија да се консултирам но беше млад доктор и не знам колку да му верувам. Кажа дека во глобала се ок резултатите и немам висок ризик за тромбофилија. Имав два последователни абортуси, еден missed, еден blighted ovum. Ви благодарам.
Да и мене на Имунологија ми рекоа дека не ми треба никаква терапија бидејќи сум хетерозигот (демек не е страшно, хомозиготност е полошо)... Баш никаква, дури ни метил фолат. Среќа си верувам на својот здрав разум и интуиција и си барам чаре. Јас сум хетерозигот на шест од гените за тромбофилија. До сега сум имала само еден blighted ovum. Ќе ти треба терапија за тромбофилија сигурно, штом веќе имаш missed и абортуси. Поздрав и сѐ најдобро.
Дали некоја испитувала сега брзо антитела(спермални, оваријални, зона пелицида) на институт за имунологија? Јас кога бев пред 3 месеци ми кажаа дека не ги испитувале тогаш
Ne treba da ti dava mislenje koga neznae sto zboruva i I zalno sto i na drugi pacientki ke im kroi sudbuni vo pogresni nasoki ako nekoj ne mu kaze da se educira podetalno na ovaa tema. Sekako deka ima visok rizik na trombofilija so kombiniran Factor 5 i Factor 13 plus PAI homozigotnost se 100% indikacija za kleksani. Moja od srce preporaka da najdes asalen ginekolog i transfuziolog i so soodvetna terapija i doza i strucnost ti posakuvam uspeh sto pobrzo. I se nadevam stom ke dobies napismeno izvestaj od drug doktor jas bi otisla kaj ovoj mladiot i bi mu go slapnala na masa i bi mu kazala deka ne e vo red da dava mislenje ako nema vrska na ovaa tema
Секако дека ќе ја примиш. Јас секој ден де боцкам тој период а си одам редовно на контрола еднаш месечно кај Јани со претходен ден примена инекција
Не се секирај, си ја знае он работата. Два пати во различни периоди со резултати одев кај Павлина во ремедика која што ми кажа дека моите мутации (паи хетерозигот и мтхфр/мтрр хомозигот) не се за клексан и дека ако има потреба, сам гинекологот ќе воведе. Место не ме држеше па отидов и кај Јани. Он истото ми го кажа, па таман тргна да куца извештај, кога му кажав дека со првото нема протоци и се боцкав од некаде 7ми м, се подзамисли и ми рече ајде превентивно ќе го дадам, да не е тука проблемот, иначе немаше ич да ми даде. Уште поубаво ако не треба да се боцкаш