Едно прашање, дали да си потражсм упат за генетски мутации, пробуваме 1 г друго се имам испитано, кариотип испитав и хистеро лапаро правив Дали треба некој предиспозиивии да имаш за да се испитуваш ?
Здраво, доколку пробуваш подолго време, доктор пред мене има кажано дека праќаат и за тромбофилија да се испита жената. Можеш да си побараш упат од матичен гинеколог и да одиш во Ману испитуваат. 450 денари е. Резултати за максимум 3 недели
Јас сакам да споделам дека очигледно без испитување нетреба да се пијат никакви витамини.Исто со генетски мутации хомозигот по препорака на гинекологот и генетичарот пиев 3 месеци и метилирана фолна и метилиран б12 од 1000 мцг.Поради втроглавици и мигрена требаше да правам испитувања на крв и среќа во несреќа што направив на резултатот излезе предозираност со Б12 (границата е 500 кај мене 1050)како и високо железо поради тоа што б12 се врзува со железото. А напоменувам железото секогаш ми било ниско слабокрвна сум. Така да мислам дека и претпазливо со витаминиве бидејќи мора прво да се испита па да се пие не е само ајде ја имаш таа дијагноза и пиј.Ова е моето искуство и одам денес на консултации со двете докторки бидејќи незнам како да продолжам со терапија а секако б12 го прекинувам да видам со фолната.
Здраво дали некоја испитувала Хомоцистеин, каде сте испитувале? Денес ми кажа трамсфузиолог но незнам каде се испитува и дали треба да ми даде упат матичрн гин. Фала
Мене упат ми даде трансфузиолог и го испитав на клиничка биохемија во државна. Ако не може гинеколог, општ матичен би требало да може.
На извештајот ми пишал дека важи до 3.11 а на трансфузија да одам на 2.11 незнам дали со истиот се оди на клиничка биохемија
А и прв пат длушам за вакво испитување зашто и до сега сите гинеколози ми кажаа да пијам метик фолат и б12 метилирано па сум изненадена
Хомоцистен се испитува кога има сомнеж (мутации) за недостаток на б6, б12 и фолна. Не се замараа со ова. Јас пред година и пол кога испитував се, сама побарав да испитам и хомоцистеин. Сега гледам дека почнале да даваат. Јас имав нормално ниво и ми рекоа фолна и б12 да пијам преку еден ден.
Ич не можам да се сетам која беше вредноста. Ми се врти во глава 6 или 9. Баш ќе се јавам сабајле кај матичната да прашам.
А трбр матичниот гин ти даде упат и каде испита? Јас се јавив кај нив и сестрата вика не даваме и јас незнам кај се испитува тоа
Јас ради мутациите имав термин кај трансфузиолог Елена Ристовска на трансфузиологија во државна. Ми ги виде резултатите и ми кажа да ја пијам терапијата. И реков дека сакам да испитам хомоцистен и без мрчење ми даде упат. Одма отидов на клиничка биохемија и ме боцнаа. Прашај општ матичен.
Општ не дава а трансфузиолог не ми даде упат само на Извештај стои. Ќе пробам со тоа ако не ќе си одам приватно. Фала ти