Твоите родители треба да направат кариотип и со резултатите кај генетичар. Сакаат да видат дали промената во кариотипот е наследена или не.
Zdravo sakam da prasam Dali moze da si gi pijam cisto radi sebe zosto sum so mutacii metilirana folna I methyl b12 ne planiram bremonost skoro ete za 1 godina 2 megutoa sakam da pocnam Dali se stetni podolgo vreme da se pijat ?
Jas mislev deka vi e rezultat od histopatologija od kiretaza, bidejki nema naziv na prikaceniot dokument. Ako ova vi e rezultat od kariotip, togas ke barate razgovor so geneticar za da vi objasni. Kariotip e genetika i ne se menuva. Vi trebaat upatstva sto ponatamu, pretpostavuvam ke ve sovetuvaat za PGD na embrioni.
Испитувањата за генетски мутации и антитела колку време после мисед абортус можат да се прават? Два циклуси поминати се доволно или не? Генетски мутации и тромбофилија се прават на Трансфузиона медицина а антитела на Имунологија? Има можност да се добие упат за двете места во еден ден или невозможно? Благодарам
Може да се прават и порано од два циклуси и може во ист ден. Порано-покасно од закажаното на упатот не прават никаов проблем.
Јас генетски панел, ANA, AFA, LA, PS, PC, ATIII, LA Screening сите ги правев на трансфузиологија август месец
Јас одма после мисед испитав мутации, нема што да се чека тука, во тие недела дена како бев на боледување завршив работа. После вториот мисед, истата недела испитав антитела (немаше потреба мутации да испитувам јово на ново, имав веќе) Матичен гинеколог ќе ти закаже за во лабараторија за на трансфузиологија за мутации а за истиот ден за на имунологија ќе ди земеш термин од кај општ матичен. На мојот упат пишуваше "молам преглед", вработените на имунологија ме прашаа од која причина испитувам и што реагенси имаат. На трансфузиологија платив 2700, имунологија 2500. Ако испитуваш мутации во МАНУ, ќе платиш само 450 денари
Здраво , др Кочо на трансфузија ми кажа да проверам хомоцистеин и ако ми е под 10 да ги прекинирам метилираните фолни но др Павлина Герасимова не се согласува со тоа ( исто трансфузиолог) а по моја иницијатива си проверив б12 и испадна дека ми 438, а граница е 500. Не знам што да правам . Некоја да се соочила со вакво нешто ? Инаку сум мутации сум Хетерозигот и сум бремена боцкам и фраксапарине а пијам и фемибион 2
Пиј ги преку еден ден, ни мое ни твое Шала на страна и мене ми беше во нормала па ми рекоа преку еден ден да пијам. Пиј ги така па после 3 недели испитај пак и види.
Мојата матична се оградува а Павлина од Ремедика дури во декември ќе ја видам после втор скрининг она кажа тогаш можее да се пие преку еден ден ќе сме виделе
Повеќето матични се оградуваат од се што не е фоликул, секоја чест на исклучоците. Чим ти спомнала за преку еден ден, не се согласува да го прекинеш скроз, значи тоа е тоа. Преку еден ден.
И јас сум хетерозигот со мутации и плус лупус и боцкам клексан. Во првата бременост пиев и метил фолат и метил б12 и родив здраво право бебе. Сега пак кога останав пијам само метил фолат и боцкам клексан и еве веќе пред пораѓај сум со тоа што колку сум заборавена фолатот не го ни пиев секој ден туку како ќе ми текнеше после 3ти месец. Хомоцистеин никогаш немав испитано никој не ми ни напомена, а за првото Јани ме водеше. Пострашни се мутациите на хомозигот. Али бидејќи ти е веќе на горна граница скоро б12 пиј ги преку 1 ден како што ти кажале.
Мене сестрата кај матичната ми даде упат за во МАНУ и таму испитував, и барав за на трансфузиологија, ми кажа тоа отпосле, ако имам мутации, и во МАНУ читам ги нема сите, треба ли и упат да барам за антитела, ништо не ми кажува, тука читам и сама барам. Или после резултатите кога ќе ми стигнат за мутациите.
Треба упат за на имунолошкиот за антитела, да. Нема што да чекаш резултат од мутации. Одма можеш антитела да испиташ