Следи секој ден на страната и веднаш по упат. Кога ќе пуштат, има кај сите слободно, можеш да бираш кај кој доктор сакаш.
Гледам пуштиле термини за трансфузиологија, е сега се мислам кај кој да закажам кај Елена Петковиќ или Анита Христова Димчева за испитување на MTHFR мутации.некое искуство од ваша страна
Каде проверуваш дека се пуштени термините за трансфузиологија? Јас сакам за следниот месец, па да знам каде да проверам. И јас сакам кај Елена, велат дека била ептен добра.
Навистина не ми е јасно. И што оваа Елена Петровик само еден слободан термин има? Покажува дека само 30 септември во 16:00 е слободно? Или пак јас не знам да ги читам термините.
Сега ѕирнав. На 30 октомври во 16 е слободно, не септември. Па ги фатиле термините, затоа нема слободно.
Кога ги објавија, кога ги фатија? Значи јас до Елена не можам да дојдам никако . Плус ние од другите градови, имаме таму трансфузиолози, додека да закажиш кај нив, па тие да закажат во Скопје, кај никој доктор нема да има термин, не па кај тој што сакаш. А приватно може ли некако да одам кај Елена Петровик?
Ако веднаш не се реагира, тешко е до термин да се дојде Јас би ти предложила некој вторник да отидеш после 13 часот, кога се читања на резултати, па да пробаш да те прими.
Ти благодарам за советот. А ке ме прими ли? Зошто од друг град, да не одам до Скопје само за тоа а да не ме прими?
Па не знам, има шанси да те прими, но не можам да ти гарантирам. На среќа треба да одиш и таму да замолиш.
Чекав многу долго и ме праќаа до гинекологија за упат од таму да земам. И беа многу дрски дури и докторот. Ако имаш познат на гинекологија да ти дадат од таму приоритетен и да одиш така иначе тешко ќе влезеш.
Девојки, има трансфузиологија и во 8ми Септември. Јас бев задоволна од докторите таму. Трудници влагаа први, обавезно разговор со докторот и даваат извештај и мислење. Јас немав ни врски, ни мака. Бев во Јули последно, ваљда не се сменило од тогаш. П. С. Без мој термин бев двата пати.
Здраво на сите. Би сакала да прашам, дали генски мутации и антитела можат да се испитаат приватно? Исто, прочитав некаде дека а можно да се испита генска некомпактибилност? Ако некој има информација каде ова може да се испита приватно ќе ве замолам да ми пишете. Голем поздрав.
Благодарам на одговорот. Можно ли е приватно да се отиде на Имунологија? Јас немам здравствено осигурување па затоа прашувам. Можно е сите испитувања за една недела да се направат? Поздрав.