Кој ти даде да испиташ Хомоцистеин ? Мене Кочо ми даде и ми рече ако е под 10 да не примам фолна и б12 а Павлина од Ремедика рече никако да не ги прекинувам
Ispitan mi e okolu 6.5 mi e. Ne prasav za folna i b12, metilirani pijam. Se spremam za transfer pa sakav da sluhnam mislenje za kleksani dali kje treba. Sekako kje se konsultiram i so ginek. Blagodaram.
Ги земав резултатите, некој што знае да ми каже, кај Јани нема термин за Ноември, кај други незнам. Ми пишува присуство на хетерозиготност за Factor XIII V34L MTHFR C677T полиморфизмите, како и хомозиготност за PAI-1 5G/4G полиморфизмот.
Ооо уште да сум бремена, дај Боже да биде, ќе примам, што да правам. А за кај Јани сега гледам има термини за Декември, неможам никако да закажам.
Закажи кај Елена Петковиќ и она е добра и многу ми се допаѓа колку лесно се комуницира со неа. Да можеше ќе ја изберев за гинеколог
Ako si bremena ne prekinuvaj, moze samo dozi da namalis. Jas site vitamini gi pijam so pauza i prekini, ali vo bremenost bez folna ne se ostavaj
Од општ матичен или од гинеколог? Мене ми треба само за резултатите да ми ги прочита и да ми каже што терапија.
Општ матичен ми вели гинеколог, се јавив кај гинекологот ми вели не давале упати, скарани биле со трансфузиолозите, па општ матичен едвај ми закажа, прво ми кажа само ако имам проблеми со крвта, и му ја кажав шифрата што ми ја пишавте, под таа шифра, па треба да знаат, мене ми треба само да ми ги прочита резултатите и терапија да ми дадат, како и да е среќа се ослободил термин за Ноември, среќа. Многу комплицираат.