Па тоа да, еве ме советуваа барем 2 мислења да имам од инф доктори, ама кога ќе размислам повеќе ќе ме збунат. И од многу други слушнав дека Јани си ја знае работата. Секој со своето искуство.
Сменив и јас мн доктори, и "кликот" одма се гледа со кого бива со кого не, така да за ист доктор 10 различно ќе ти кажат. Да ни се пофалиш дека убаво си поминала кај Јани
Еве јас имам позитивно искуство со Јани. Толку убаво и пријателски ми објасни се’. Разговаравме многу, ми напиша извештај и ми рече дека е на располагање во секое време. Не се секирај, отиди опуштена и објасни му се’.
Jas od Jani sum pozitivno iznenadena. Nemase termin da zakazam i posto sum uporna mi tekna da go dodam za prijatel na facebook i da mu pisam. Mu objasniv deka sakam od nego da slusnam mislenje za terapija i deka mi znaci negovoto mislenje, ako ima vreme da gi razgleda rezultatite. Ocekuvav sekakva reakcija od tipot: zosto mi pisuvas na facebook, zosto me dodade, mnogu neprofesionalno ama naprotiv Jani odma mi zazvoni na facebook i mi kaza deka nemoze da mi dade terapija preku telefon i mi kaza koj den i vo kolku saat da odam kaj nego co kancelarija. Otidov toj den, toa vreme nemase nikoj pred kancelarija, me primi i mi objasni. Mu se izviniv uste ednas deka sum go barala na facebook. Moj sovet ti e pojdi kaj Jani vidi kako ke pomines, ako ne moze da zakazes i kaj Koco, ama mene toj mi bese aroganten, odma uste nevlezena vnatre me napadna i mi vikase zosto sum gi pravela tie ispituvanja, sum ja trosela drzavata. I mi vikase koj ti e maticen ginekolog...koj?? Posle otkako mu objasniv sto e problempt se smiri, razgleda rezultatite i mi kaza negov sovet. Sfati deka se sekiram i deka samo dojdov za pomos ako moze da me nasoci i pomogne
Закажав, матичниот ми закажа за во Понеделник, претходно немаше термини за Ноември и чекав да излезат во Декември, случајно видов се ослободил термин на 20-ти Ноември, се јавив кај матичниот да ми закаже. Не ми е јасно како матичниве и општи и гинеколози не сакаат упат за на трансфузиологија да дадат. Општиот ми вели гинекологот треба, гинекологот ми вели општиот, тие не закажувале, скарани биле со трансфузиолозите. Општиот па ми вели неможел, само ако имам проблеми со крвта, па му кажав под која шифра да ми даде упат, тука што ми пишаа, благодарение на членките, и ми закажа за кај Јани. А ти имаше спонтани? Да не ми вика и мене зошто сум правела испитувања за генетски? Мене дека ова ми е прво ин-витро па затоа, да бе јас ќе чекам спонтани па тек тогаш ќе испитувам, не им е јасно дека сме исплашени, сме ја трошеле државата, Бог да чува значи. Па за што плаќаме здраство?
Ме заболе мене дали ја трошам државата. Испитувањата ми де преплатени ! Секој месец ми се цицаат пари од плата за здравствено а го користам ретко (дај боже и да не ни затреба, нели) ама да ми ги оставаа тие пари наместо да одат во државата, немаше очи да ми видат на државно, така да нека не дробат многу. Ако сакам да испитам, ќе испитам. Да сум знаела порано, со време ќе испитав, ама никој не очекува абортус нели. Епа подобро спречити него лечити
Па да, тоа велам и јас, како помислил да каже такво нешто, еее до сега колку се потрошивме, што приватно што државно, ако можам државно зошто да не, тој ќе кажува дали сме ја трошеле државата. А оние во влада не ја трошат.
Nemav spontani, neobjasneta neplodnost bese kaj nas 3 godini. Inace moze da smenis opst maticen. Jas sum vo asklepious novo lisice i doktorkata e specijalist za se dava upat ne preprasuva mnogu. Moze kratko da prasa zosto za da znae sto da pise na upatot.
Јас бев Ј. Сандански, ама таа отиде во пензија, многу добра матична. Откако се омажив во друг град ја сменив таму, катастрофа се и таа и тој замена што и е, како и да е морам да сменам зошто Скопје седиме сега, неможам само за упат да одам таму.
Ne mora da znaci deka i kaj tebe ke bide takov odnosot. Jas znam mnogu i sto isterale cela bremenost kaj nego super. Olabavi se i misli pozitivno, moze jas sum pogodila pogresen moment, ne znam, ali mnogu bitno e da bides opustena vo ovie procesi, t ikazuvam od iskustvo, pozadi mene se 6 transferi ivf. So srekja
Знам дека треба да бидам опуштена, ама посилно од мене е. И јас други вака би советувала. А бе што не сме претрпеле, па и за едно дерење ќе истрпиме.
Kolku vreme posle porajgaj ste primale kleksan vie sto ste so mutacii i od sto zavisi dali ke prodolzis da gi primas ili ne?
Зависи од димерите и хемостазата каква е. Ако не се високи само тие денови во болноца што си ги примаш.
Бев кај Јани, ми остави добар впечаток, ми кажа клексани од денес, 15 дена пред ет, ама јас му кажав дека на 30-ти имам термин кај Ивановски, не дека ќе имам ет, ме збуни, незнам што да правам, дали да почекам Ивановски што ќе ми каже или да си почнам со клексани, исто и метил фолат 0,4 г дневно, значи можам на солгар. Ми препиша 40, ми кажа може и да не ми требаат толку, да не ги земам наеднаш, да земам прво 10.
Како што те имам читано моментално пред некој ден почна да пиеш микрогинон, а на 30ти ти е прв преглед со Ивановски. И да почнеш со ивф, тоа ќе биде нареден циклус, треба прво да добиеш. Па може ќе те стимулираат незнаеш дали ќе бидеш со долг или краток протокол, дури и да се одлучи Ивановски на природен циклус треба да ти дојде овулација…Имаш време до е.т. Така што прерано ти е уште од сега да ги зимаш. Како и да е ако се двоумиш пиши и на сестра Сашка да се консултира со Митко
Благодарам, јас му кажав на Јани дека на 30-ти прв пат ќе одам кај Ивановски, не дека ќе ми прави ет, тоа ќе биде консултација и да ми ги види сите испитувања, инаку овој месец добив, сега ми заврши, и микрогинонот ги почнав 5-ти ден од циклус, значи негде од нареден циклус треба да почнам со стимулации. Ќе и пишам на сестрата, како и да е можеби не ме разбрал Јани, можеби мислел ет на 30-ти па затоа, по негово треба 15 дена пред ет, знам дека сега ми е рано за клексани. А метил фолат можам и сега, ги прекинав, ми завршија, ама од 0,400 мг. ми препиша не од 1000.