Што се случува со рефундацијава на клексани,од 21ви ноември имам поднесено документи во фонд,а на сметка сеуште немам пари,а решение стаса,до сега 7месеци подавам и секогаш ми пуштаат најкасно за 3недели.
Не не смее, јас ги дадов документите без таа потврда, па ми побараа од фонд и земав од кај општиот матичен. Мора да биде божем таму си се боцкала.
Каде точно се поднесуваат документите за рефундирање на клексаните? Знам дека е кај Црвен Крст, дали од страна влезот што има скали, дали на посебен шалтер?
Се поднесуваат точно во социјално пред мвр амбулантата што е на шалтер 2 и 3. Кипија и оригинал од сметка и сметкопотврда од клексаните купени, копија од трансакциска твоја, документот оригинал од трансфузиолог, и пополнет лист кој го купуваш од карши во фотокопирницата.
Здраво девојки. Само што ги земав рез од кариотип и кај сопругот излегоа некој промени. Дали некој има искуство или знае што би значело ова. Таму кратко и не баш јасно ми објаснија. Демек ова е причината за спонтаните. Викам ок, чаре некое, нешто да преземеме? Вика не, ова како лотарија како ќе се фати така, нешто во тој контекст. Додека ми се јави матичната сакав и тука да прашам за мислење, малку ме испаничи резултатов. Ви благодарам
Колку што читам проблем е во хромозом 9 и затоа се спонтаните за жал лек за хромозомски аномалии нема единствено преку ивф да пробате со добри ембриони па да се фати. Зошто скоро со секоја хромозомска аномалија на плодот телото го исфрла т.е. имаш спонтан. Ова треба да разговарате со специјалист али најдобро со ивф специјалист за да не ви биде лотарија секој пат и да се мачиш ти.
Девојки колку рефундираат за клексаните и дали можам некако да проверам уште за колку треба да ми исплатат. На почетокот поднесував за по 10/15 после почнав за по 30 и не знам до каде се
158 denari refundiraat za kleksan. Mozes da se javis vo fondot do kaj e ispatata. No, mozno e da ne gi dobies.
Да толку е исплатата претходно во короната беше 5500денари да рефундираат сега 4700 скпро цела 1000ка помалце.
Женички кажете ми колку имате пиено метил-фолна вода испив едно шише од 1000 нели за 3 месеци и сега незнам дали да купам уште да пијам?!
Од 1000 mcg на Now, Methyl Folate и Methyl B12. Плус ПреМама quatrefolic пијам и тој е со метилирана фолна.
Sakam da prasam posle spontan odprilika kolku dolgo cekavte za nova bremenost Dali e najdobro godina da pomine tie sto sme so mutacii zenicki ?
а нели б12 може да се провери преку крв, ако е во нормала зошто да пиеме? И ако пиеме долго време сигурно ќе се качи над граница па тешко се спушта