Истото и мене матичната ми го направи 2 спонтани и никако не ми даваше испитувања демек се случувало ... Се додека не ја сменам и отидам на друг доктор за да ме прати да направам испитувања и да откријам дека имам мутации катастрофа .. И неможам да сфатам како првото детенце си го родив без никакви компликации никакви проблеми нормална и убава бременост а сега за 2 детенце мутации ужас ..
Исто и мене не ми даде гинекологот требало да има некоја индикација за да даде. Јас сакам да испитам превентивно ако има нешто на време да знам не откако ќе се деси, не знам од кај да земам упат. Ако може некој да ме советува како да дојдам до упат
Јас направив во Авицена, генетски панел за тромбоза се вика анализата и мислам дека беше 2300, а во Синлаб истото е 8500. Резултатите ги добив следниот ден.
Гинекологот дава упат. И мене не сакаше за на трансфузиологија да ми даде, ми даде за во МАНУ, исто ми велеше требало индикации да сум имала. Бев упорна и ми даде упат. И во Авицена прават приватно без упат 2.900 беше.
Може и општ матичен лекар да даде упат. Јас си земав од кај него за во институт за хумана генетика и таму на професор му објаснив што проблеми имам и ми означи кои испитувања да ги направам и ми земаа крв. Рез за месец дена.
Мене општ матичен ми кажа гинеколог требало, исто и за на трансфузиологија гинекологот ми кажа не давале упат и ми даде за во МАНУ. Кога ми стигнаа резултатите сакав да одам кај Јани, исто гинекологот не сакаш, и општ матичен ми кажа требало да имам проблеми со крвта па тогаш, ама тука ми кажаа под која шифра, му кажав и ми даде. Се ние треба да им кажуваме, му кажав дека ми е само за резултатите, па треба да знаат под која шифра.
Ти благодарам многу, но не знам дали е истиот пакет во двете лаборатории има голема разлика во цените.
Ти благодарам. И како излегоа резултатите исти и на двете места? Го најдов на Авицена дали скроз истото се испиува и на трансфузиона/МАНУ и ако не дали е доволно тоа што се испитува во Авицена за во бременост?
Доволно е тоа во Авицена, мислам во МАНУ нема за се. Не сум толку стручна јас, нека каже некој постручен. На трансфузиологија мислам дека се 18. Нека каже некој што знае. Јас само во МАНУ испитував, во Авицена не. Мутациите тие се, не се менуваат.
Тие се мутациите мила, ама прашај дали ја прават комплетната слика во Авицена, затоа што многу е битна целата хемостаза, со времињата, димерите, лупус, белите крвни зрнца. Времињата и димерот обавезно, дека на трансфузиолог тие му се многу бидни.
Falaa ke se javam da prasham sto tocno opfaka. @Anyshka @intj_girl kaj vas ima vreminja i dimeri vo rezultatite, toa sto spomna @QweenSM?
Времињата се всушност времето на згрутчување на крвта, ако ти се скратени и не примаш терапија, нема да има протоци накај бебето и доаѓа до спонтан. Затоа трудница со мутации и скратени времиња секој месец испитува и оди на трансфузиолог, па според тоа додаваат/одземаат терапија.
А на трансфузиолигија нели 18 беа? Или грешка сум? Сестрата од кај матичната не сакаше да ми даде упат за на трансфузиологија, биле вечно скарани со трансфузиолозите, така ми кажа, и за во МАНУ ми даде.
Да ама во Авицена тие 12 ги испитуваат. Со резултатите отидов на Имунологија после, ми рекоа доволно е тоа, најбитните ги имало.