Девојки можете да ми кажете што значат овие испитувања ако не ви е мака првите 3 ги знам Овие други ниту знам за што се и прв пат ги проверувам
Значи ова докажува зошто се прима клексани? Јас сум 6та недела Имав лани спонтан и прва успешна бременост, само што во 7миот месец примав 5 недели клексани заради висо д димерии скатено време
Ако имаш мутации на тие гени имаш поголеми шанси за спонтан абортус. Терапијата е Клексан и Аспирин. Тоа отприлика. Димерите и хемостаза тековно ќе ги следиш кога ќе одиш за нов извештај за клексани, тоа докторот ќе ти напише.
А за д-димери и хемостаза мора да имам индикации за да ми дадат упат? Така ми кажа матичната. На имунологија се испитуваат?
Веројатно мора да имаат они причина за да дадат упат, не знам што да ти кажам, тоа во бременост се следи, сега не ти е толку битно. На трансфузија со упат, приватно можеш во други лаборатории. Исто можеш и на Клиничка Биохемија.
Не мора да си бремена, може да имаш друг здравствен проблем. Овде во контекст на бременост ги испитуваме.
Да, да, јасно ми е тоа дека не мора да се испитуваат само ако сме бремени, туку и ако имаме здраствени проблеми, значи треба да имаме некои индикации за тоа, ама ме интересираше дали пред ивф се испитуваат, дека мене ниту матичен, ниту ивф доктор ми спомнал.
Пред ивф не мора, јас димери проверив пред трансфер, само затоа што од стимулациите ми се качуваат. Затоа и паралелно примам Клексан додека трае постапката.
Јас сум со близначка бременост Во едно ќесе има плод и срцева реакција а во второто празно Многу чудно Можеби заради тоа и правам плус овие испитувања
Природно Се борев година дена да спуштам тсх и да пробам бременост Сега бидна ама вака Незнам ни што да мислам