Odi na internist da ti dadat upat ili ke si odis na maticen opst lekar i ke si pobaras za varikozni veni da ti pisat dijagnoza i da si se ispitas na transfuziolog pred transfer i mene nikoj ne mi kaza sosem slucajno ispadna od drugi rezyltati kade internist vide deka folnata i b vitaminot mi se pomali me isprati na vakvo ispituvanje, moj sovet ti e da si odis.Mojot naod iskoci deka sum so mutacii i zatoa moram da primam kleksani i metil folat so metil b vitamin
Да, ама и за на интернист треба упат од општ матичен, мене така за антитела тг, анти тпо, инсулин и гликемија мораше општ матичен упат за на интернист па интернистот за на клиничка биохемија ми даде упат. И ова ќе мора така, ооо дај Боже да стигнам до трансфер. За на трансфузиолог едвај ми даде и општ матичен за кај Јани, ми кажа требало да имам проблеми со крвта, и му кажав од тука што ми пишаа шифра l88 мислам беше.
Kaj mu e kancelarijata na Jani na klinika? Planiram utre da odam so prioriten upat...pa dali znaete kade mozam da go najdam, od kolku saat da odam i dali e istata zgrada kaj sto odime za bockanje?
Истата зграда е кај што се боцкаме, иначе јас како што знам со приоритетен не примаат мене ме вратија почеток на декември кога бев .. па со луѓе некако стигнав до др.Ефтим колку да ми препише клексани за рефундација и после тоа на мој термин следев за кај др.Јани и така фатив термин за да ме види со резултати со се и ми продолжи клексани. Со лесно и со среќа да те примат утре и баш пиши што си направила
Зошто не примаат со приоритетен? Ќе пишам утре што сум направила ако не ќе ми предложите некој друг доктор
Незнам тогаш ми кажаа така било кај сите доктори на трансфузиологија... па јас тогаш се јавував по едни други луѓе да кажам дека ми треба само за да ми препише клексан за рефундација зашто веќе ќе ми беше 30 клексан па зашто да им оставам за да не рефундирам и онака се приватно плаќаме скоро па и ова да им оставам јок па дека за консултација и преглед ќе чекам термин па среќа дојдоа до др.Ефтим некако бил тука па само ми пиша и толку беше после чекав термини ..
Од тука на форумов што читав, Јани само понеделник прегледува, ама не знам сигурно. Пробај кај Елена Петковиќ утре, она е во вторник обично. Нека те пријават на шалтер за кај неа.
Да Јани е само понеделник амбуланта денес бев на термин кај него редица до надвор па ме почести попладне со извештајот кај матичната со нови 70 клексани
Која е цената на клексани и колкав износ рефундираат? Вчера ми кажа матичната дека ќе треба цела бременост да ги примам. Кој е начинот за препишување и рефундација? И каде се ставаат?
Што мислите дали е потребно да се испита ова за проблем со забременување? Прочитав различни мислења, а гинеколог ми нема спомнато.
Испитав… ми рекоа ф2 и ф 5 се добри и дека имам предиспозиции за тромб, згрутчување на крв и сега ме фати паника. ве молам кој се разбира да погледне.
Проблем за забременување мислам дека нема со мутации, ама ако имаш веќе мутации, во бременост и те како мораш да ги испиташ за да се дади соодветна терапија на време. Матичните не се замараат многу со оваа проблематика дека не се стручни за ова, ама мораат барем насоки да дават, наместо се да гледаме од форум.
Ве молам кој знае и има време да ми каже за ова И за овие метил фолат и метил б12 Прв пат ги купувам и дали тие одат по 1000 мцг и можам да ги пијам заедно?
Имаш мутации, активираното парцијално време ти е скратено, ќе ти треба мислам обавезно клексани во бременост, исто така и димерите ти се високи. Консултирај се со трансфузиолог.
Сум испуштила дека си бремена сега, честитки и со лесно! Обавезно секој месец да си правиш проверка на хемостазата, ако одиш кај Јани обавезно ќе ти ги прати времињата секој месец.