Добро што ќе почнеш со клексан зошто димерите ти се високи, а витамините се таман од 1000 колку што треба.
Јас би сакала кај Јани ама нема термини, ми закажале кај Флорије Рака и денес требаше кај неа ама имаше замена на Бојан трансфузиолог и тој ми ги препиша 30те Јас незнам зошто доаѓа до ова? Плачев цело време Значи имам и со тиоридната проблем сега со оваа охх Со лесно дај Боже на сите
Не доаѓа, тоа си е вродено, добро што си го открила на време и сега ќе си тераш со терапија и ќе биде добро.
А овие витамини дали се добри од оваа фирма. И дали се пијат секој ден и заедно? Денеска дадов скоро 6000 ден 1700 за фолната 1000 за б12 и 2700 скоро за 10 клексани
Извини те замарам Сега за боцкање дали се боцкате сами во стомак или рака Ај во прва бременост примав само 5 недели клексан од 7от месец а сега од вториот ќе примам сигурно до крај Ама ќе морам и сама страв ми е дали се зема малце од месото во стомакот и се боцка каде било?
Јас ги пијам овие, ивф доктор ми препиша метил фолат 2x1, a б12 по едно. Оди на трансфузиолог, ќе ти препише терапија.
Има мислам клексани од 0.20 0.40 0.60 колку што знам, Мене трансфузиологот ме праша колку имам кг. 49 имам од 0.4 ми препиша И денес кога се боцнав ме заболи раката ненормално и цел ден некако ми се лоши, дали од овие метил фолат и б12 или клексани Некако чудно се осеќам
Јас до 16недела се боцкав во стомак два прста подалеку од папук лево и десно еден ден една страна друг ден друга страна на 90° од позитивен тест и уште се боцкам вајда и до крај сега оваа недела Јани ми продолжи 70 клексани. Сега се боцкам во рака веќе т.е ме боцка мм. Иначе фаќаш со рака малку мевце собираш и боцкаш 90° од кога ќе боцнеш и вризгаш течност вадиш игличе и пушташ собрано мевце. Исто така пијам метил фолат и метил б12 на Now стварно се малку помрсни во цена но имам фармацевт во фамилија и ми кажа дека тие се најдобри, метил б12 го пијам (не го лижам) во исто време со метил фолатот
Јас така ги пијам два месеци уште пред да останам трудна и сеуште ги пијам како терапија ми се дадени поради мутации никој не ми кажал да ги лижам
Јас да можам сама би се боцкала, ама стварно незнам тешко ми е И нешто мислев, како прво не испитуваме б12 и фолна дали ни фали па да ги земаме? Или заради овие резултати на мутации, д димери и хемостаза Јас во прва бременост имав во 7от месец 7500 д димери и скратено време а сега 7+5 сум што се вика на почеток со вакви страшни 6000 д димери и временски И со штитна сум исто лошо Можеби сега и шеќер е покачен требаше од биохемиска да ми стигнат резултати денес ама ништо. А дали ние со мутации ќе треба царски да раѓаме? Дали некоја се породила природно со цела бременост клексани?
Поради мутациите ги пиеме, а и мислам дека со тие сме поради нив дефицитарни во организмот (така барем имам сфатено нека ме поправи некој ако не е така). И мене ми беше многу страв се тресев првите неколку пати после ми стана рутина..покриена си со терапија за мутации, ддимери, тероидна само следи и оди редовно на контроли за се тоа. Мислам дека нема врска мутациите за каков ќе биде пораѓајот дали природно или царски се зависи од други работи ама не од мутацииите ( за ова пак нека ме поправи некој ако грешам)
Ме боцна мм клексан во рака и имам сега модрица, прв пат му е, и не е на салото туку кај мускулот боцнал, што значи тоа? Прв пат ми модри од кога примам клексани