Јас имав спонтан зошто мојата бивша матична не ми кажа дека требало да примам клексани од позитивен тест ( имам мутации). Кога останав пак бремена од позитивен тест ставам сега сум 34та недела и уште ставам и се е во ред. Ама консултирај се со трансфузиолог, или Јани на трансфузиологија или Нино во систина.
Fala ti, bash mi e zal za toa sto ti se desilo. So lesno vo periodot sto.ti ostanuva Da se konsultirav so transfuziolog i mislenjeto beshe ne e zadolzitelno poradi mutaciite no zavisno od hemostazata ke se vidi i izleze deka malce e skrateno aktiviranoto parcijalno vreme pa najverojatno poradi toa se dadeni kleksanite.
I mene taka mi vikaa za tretata bremenost, demek ke sledime pa spored hemostazata ako ima pptreba ke vklucime kleksan, pa ispadnai toa da ne se razviva, pa so poslednava bremenost mi vklucija kleksan od tocka vo matka koga sd vide i eve fala bogu izgurav do 38ma
А од кога почна со спонтаниот да ги ставаш, јас после една недела од тест, или 7,8 дена така некако беше..
После недела, недела ипол не се сеќавам баш точно , плодот не се развиваше, немаше ни срцева акција. И сега во оваа бременост кога бев кај Јани на контрола и кога му кажав ми рече дека било ради клексаните и аспиринот што не сум ги примала од позитивен тест. Јас имав извештај пред да останам бремена и си пишуваше убаво од позитивен тест тарапија со клексан аспирин и витамини ама таа моја матична рече дека немало потреба одма да чекам срцева акција па после клексани и во 7ма недела кога не слушнавме срце му се јавив на докторот во чаир ми рече одма да почнам со клексани ама касно беше... Ама не сме сите исти, не значи дека ако кај мене морало од позитивен тест ќе мора и кај други, јас верувам дека е и господова работа, така требало да биде. Зошто ако мислам поинаку ќе треба да ја убијам докторката бидејќи едвај жива глава извадив од спонтаниот.
Зошто да не издржиш? До кај си ти? Ми рекоа до 38ма о мене, утре влагам во 38ма па ќе видиме што ќе каже докторката
И моите се слични. Исто и мене ми рекоа дека не се задолжителни клексани, но да се прати хемостаза во бременост.
PAI znae da pravi problem so protocite i zatoa da ne se ni razviva plodot i da mora kleksan od start. Ja bi primala ama sekako toa transfuziolog treba da presece, kaj mene Jani nejkese da rizikuva so tret missed i zatoa mi dade od odma
Јас со овие мутации пред позитивен тест пиев аспирин од позитивен тест одма клексани и ми го прекинаа одма аспиринот.
Јас аспирин пиев од сам момент на обиди, клексан од потврдена бременост на ехо, Јани нејќеше да дае од одма, прво рече да се утврди бременоста а аспиринот ми го поместија на секој 2 ден се додека не ги видоа хематомите па ми го укинаа. Фала богу супер изгурав до сеа уште финалето остана
2 недели. Зошто тестот го направив пред да ми доцни 3-4 дена порано. Од ден на доцнење после 10 дена бев
Дали некоја примала клексан од позитивен тест? Јас за следна не би ризикувала, претходно почнав недела дена покасно од тест и мислам дека задоцнив.. Нино вели кога ќе се потврди ама на ехо тоа е за 2 недели чекање, баш кога плодот се гледа дали се развива или не.
Јас, направив тест испадна позитивен, ни на сопругот му немав уште кажано директно отидов во аптека и си купив клексан ама јас имав извештај од Јани од позитивен тест да почнам со клексан.