1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Немаш опција. Терапија се прима секој ден. Најди си занимација некоја или на спиење нека те боцкаат за да немаш мака. Зошто те читав дека ти е страв.
     
  2. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Секогаш да бидеш легната кога те боцкаат и да полежиш пола саат после тоа, вода и шеќер или кока кола до тебе. Исто како во лабораторија кога ти вадат крв :D
     
  3. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Како ми е тешко само да знаете, не можам да ви опишам, од кога ги примам ниту еден момент не уживам во бременоста, и плус од овие стресови штитната се полоша ми е и покрај високи секој пат дози
    @Brpbrp сама се боцкам во стомак, еднаш свекрва ме боцкаше ја стави течноста одма истата секунда кога влезе иглата и ми помодрело местото( сакаше што побргу да завршам)
    Мм исто ме боцкаше во рака па во мускул погоди
    Секоја чест на тие што издржуваат и по 2 на ден кога треба :(
    @intj_girl овој страв од игли никогаш нема да излезе од мене, сите сме фамилијарно такви, само мајка најсилна, издржа се и уште се лекува од карцином на дојка.
    Сега треба да вадам анализи за штитна и хемостаза а тоа е 2 различни места, сакав да ги прашам дали можат да ме боцнат во една лаб. И дали дозволуваат во друга да носам епрувета со крв да не вадам во ист ден 2 пати, да не знаете за тоа нешто?
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
  4. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Може да, ќе им објасниш кои анализи ќе ги правиш на друго место, ќе извадат крв и за тоа. Јас сум обратно од тебе, одам на двете места во еден ден, јас па немам баш некои вени, па нека се помачат малку кај мене :D
     
    На nancyyy и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    33.763
    Пол:
    Женски
    И јас немам некои вени, едвај ми се познаваат, кога ме боцкаат не можат да ми најдат, летоска на ГАК на таа сестрата и се заглави иглата, и наместо јас да испаничам, таа испаничи, цел ден раката ми трнеше, до сега такво нешто не ми се случило.
    На клиничка биохемија еден дечко млад ме боцкаше, не знам како ме боцна ама кога излегов почна да ми тече крв (ова прв пат), среќа летно време беше и бев по кратки, и се миев на фонтаната.
    Инаку за крвна слика порано од двете раце ми земаа крв.
    Повеќе ми е страв од дијагноза отколку од игли.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Има вакви случаеви, јас на лева рака многу ме боли и модрица ми излегува, па само десната ја давам, јас во несвест паѓам, кога седнувам одма им кажувам дека ми се лошува да знаат за секој случај.
    Мене еднаш ми трнеше цел ден раката, се зачудив. После утредента ми помина.
    А јас за дијагнозите веќе знам дека се ми се лоши и се навикнав :(
    Само урината ми беше ок друго не
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Браво,фала му на Бога што немаш страв тоа е среќа.
    Стварно и на мајка ми и викам тешко тебе со нас децата вакви плашливи од игли.
    Ќе ги прашам на трансфузиона и на биохемиска за анализите, супер што примаат.
    Фала :hug:
     
    На intj_girl и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.593
    Допаѓања:
    33.763
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека може да однесеш епрувета со крв од друго место.
    Сум видела на клиничка биохемија носеле епрувети.
    А зошто не те боцнат на едно место ако толку ти е страв?
    Инаку јас воопшто немам страв.
    Можат и секој ден да ме боцкаат.
    Мене ми беше страв сама да се боцкам со инекции за стимулации да не истече течноста, друг нека ме боцка колку сака.
     
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Секој 3 недели или на месец правам анализи на хемостаза, д димери и хормони на штитната.
    Во биохемисла лаб.не прават испитување на хемостаза само д димери прават а на трансфузиона не прават за штитна, затоа е зезната работа за вакви како мене :)
    А јас па се боцкам сама клексани во стомак и кога ми се доближува времето да знаете само каква сум цела испотена и некогаш ќе се исплачам чисто да се олеснам.
    Тоа е нема друго чаре, ние жените колку сме силни некогаш не сме ни свесни
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Ти го исклучија во бременост? Еве не знам што да правам, преку еден ден го пијам и некако не ми се прекинува на своја рака, му пишав порака пред малце на Јани па се надевам ќе ми одговори.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Само што добив позитивен тест ми го исклучија зошто прокрварев како локва крв.
     
  12. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Димери 1200 во 18 недела, не се некако високи? Се боцкам со два клексани од почеток и секој ден аспирин.
     
  13. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Јас во 6та недела кога бев д димерите ми беа 5903, а сум на 1 клексан 0.4
    Што се случува со мене во бременоста незнам
    А без ми се околу 300
     
  14. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Првпат пишувам на форумов, се надевам дека долго ќе се дружиме.
    После три неуспешни бремености (секоја со раллична причина за престанок), конечно сум повторно трудна. Имам мутација хетерозигот на МТХФР, и по консултација со гинеколог, кажано ми е дека морам да примам клексани и аспирин во секоја бременост. Ги почнав истите уште на 4н4д, веднаш по прв гинеколошки преглед, односно неколку дена по позитивен тест. Дополнително, пијам Фемибион веќе 4 години, и од пред година дена паралелно и метилирана фолна на NOW.
    Клексаните ги купувам сама до сега, и бидејќи немам извештај од трансфузиолог, не ми подлежат на рефундација. Ве читам дека сте многу задоволни од Јани, но нема никаков термин кај него, па ми дадоа приоритретен упат за во понеделник - дали има шанси да ме прими докторот, и дали да одам на крај на работно време, или сабајлечки?
    Дали за прв преглед ми треба крвна слика со хемостаза и д димери, или докторот ми пишува наод за да ги направам истите?
    Ми кажаа дека и на гинекологија во амбуланта 36 може да ми дадат извештај за клексани, ама морало да имам хемостаза и д димери исклучиво од трансфузиологија, не признавале од приватни ординации, а од трансфузиологија ќе морам да ги чекам 2 недели.

    Извинете на долгиот пост, и се надевам дека овојпат се ќе биде како што треба, и конечно ќе дочекам да си родам живо и здраво бебенце <3
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Резултатите за д димерите и хемостазата на Трансфузиологија се готови истиот ден после 15ч.
     
  16. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Навистина? Имам испитувано неколку пати до сега таму, обично сум чекала по две недели, меѓутоа можеби затоа што паралелно испитував и тромбофилија и мутации, па затоа сум чекала подолго.
     
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.723
    Пол:
    Женски
    Да да, истиот ден се резултатите. Дури и ако во истиот ден испитуваш мутации за тромбофилија, резултатите за д димерите ќе бидат готови тој ден, не треба да ги чекаш и нив две недели. Може и матичниот да ти ги испринта нив.
     
  18. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    369
    Женски јас примам клексани во стомак сама се боцкам, на лева страна ме боли многу, а на десна помалку, нели не е добро секој ден на една страна, некогаш ќе ставам игла во десна и ме боли пецка и пред да ја ставам течноста, незнам што ќе правам цела бременост, од стрес и страв главата ме фати не ме пушта, и имам точки црвени од боцкањето со модрици. Инаку сум 11+3
    Како ви е вам кој што се боцкате секој ден?
     
  19. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Исто и на мене, деснак сум, во стомак кога се боцкам од десна страна ме боли помалку, од контра страна ме боли повеќе, ама немам ич салце на стомак за да стиснам таму. Почнав во нозе да се боцкам, ама таму веројатно дека кожата е подебела, цела сум со модрици. :(
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Од едната страна те боли повеќе зошто во исти правец ги ставаш и на десно и на лево. Иначе штипни го местото и боцкај побрзо ќе помине и мачкај се со хепатромбин за модриците.
     
    На Anyshka и nancyyy им се допаѓа ова.