Тоа мора со трансфузиолог, мене и ивф доктор ми препиша сумплементи што ги пиев на своја рака, јас пијам многу:метил фолат, метилиран б12, мака, коензим Q10, дхеа, ПреМама, кардиопирин, витамин Д и Е, ивф докторот ми препиша и Профертил, пиев 3 месеци и толку, тешко се наоѓаат. Ама како што пишав, според дијагноза мора доктор да ти препише.
Да баш така, треба сама да си водиш евиденција за се. Јас вакво барање досега немам доставено па ни ми имаат побарано. Извештајот, сметкопотврдата заедно со фискална ти ја даваат, извештај од кај матичен за примени клексани од кој до кој датум, извештај од установа што работи во викенди и државни и копија од трансакциска. Јас овие документи ги доставувам и досега сум немала проблем.
Се имам испитано во МАНУ уште во 2020 год., и резултатот покажа хетерозиготност за MTHFR A1298C полиморфизам. Ден-денес оваа дијагноза не ми значи ама баш ништо, ама истерав успешна бременост со клексан од 0.4 од 5та до 9та недела, а после бев на фраксипарин од 0.6 мл од 10та недела до крај на бременост и уште 40 дена после породување. Плус магнезиум, метилирана фолна. Со фраксипаринот д-димерите беа константно во средина како што треба согласно неделите, протоците одлични. Јас се советував со доктор Павлина Герасимова од Ремедика, и бев презадоволна. Ако имате генетска мутација ви треба добар трансфузиолог. Овие работи не може да ги одлучи гинекологот според мене. Кога отидов на породување, доктор од ГАК ми солеше памет како и зошто сум се боцкала така, па толку долго, да не сум сакала да умрам... Рандом доктор погоден на смена што те гледа прв пат и ти кажува гачки. Слушајте трансфузиолог и не се потресувајте за боцкање, поминува и тоа. Кај мене беше клучно за да се издржи бременоста успешно докрај.
Jas vo 2005 se porodiv so prvoto dete na 21 god.Sega imam 39. Togas ne se ni znaese za mutaciive jas imam pieno samo obicna folna nisto drugo deteto zdravo pravo. Neznam kolku e se dokazano so mutaciive i vlijanieto jas neodamna doznav deka imam no faktot e deka sum gi imalai togas so prvoto dete pa ne sum.piela b12 i slicno. Samo citav i periodot i ako se predoziras so b12 deka ne e dobro isto za plodot.
фала ти, исто и на тебе. на каква терапија си ти и која недела? јас сум 6н5д, а со клексан и аспирин почнав од 4н4д.
Уште немам во план трета бременост (две неуспешни), што од психичка неподготовка што од други причини. Кога ги испитав мутациите, пред скоро две години, едни ми викаа треба клексан едни не треба. Останатито исто, метилирани фолна и б12 и аспитин.
Барањето ќе го поднесеш откако ќе ги примиш, потврдата знаат матичните шо треба да пишат, не ти треба да водиш евиденција, барањето е тоа шо си го постирала, ако ти е овој прв извештај ќе немаш проблем, после натака мене на се ми правеа проблем и не ми рефундираа како што треба туку дел ми кратеа....
Значи сепак треба да го вклучам и барањето? Што треба да штиклирам од овие понудени? Зошто искрено, врска немам во која категорија спаѓа клексанот, веројатно само делот од лева страна.
Б. Лекови од болничка листа Точки 1, 3, 4, 5 Откако ќе ги примиш сите клексани што ти се напишани во извештајот, ќе земеш потврда од матичниот, ќе го пополниш барањето, ќе направиш копии од фискалните и сметкопотврдите, исто и копија од извештајот и ќе ги однесеш во фонд.
Јас во брза помош за викенд и празници се немам јавувано. 300 клексани имам рефундирано само со потврда од матичен гинеколог. Кога ги завршував клексаните напишани на извештајот, идев кај матичниот, ми пишуваше примени се пример 30 клексани од тој до тој датум и толку.
E mene mi baraat od brza pomos za vikendi i praznici i plus obicnite denovi kaj maticniot ginekolog. Vo brza pomos si plakam a kaj maticniot ne. Ne znam kako moze da bide sekade razlicno, jas eve od pocetok do kraj cela bremenost sekoj mesec so takvi potvrdi poddavam dokumenti vo fond.
Dali vo forma magnezium hlorid sto se rastvara vo voda i se pie e dozolena vo bremenost, bidejki go imam od prethodno neznam dali da prodolzam ili nov magnezium da kupam.
Матичниот ли така те праќа во брза помош? Имам и блиски пријателки и роднини што се боцкале со клексани и ниедна не идела во брза помош за потврда. Сите само од матичен земаат. На форумов сум читала дека и рецепти поднесуваат, а реално нема потреба од нив.