Да, дека работни денови му се од пон до петок и да ми биле оправдани викендите и државните. И затоа ми е чудно сега што ве читам вас дека само од кај матичен земате потврда. Исто така кога ги доставувам во фонд не спомнале дека не треба, ги прегледуваа и ги прифаќаа.
Ништо не ми дадоа мене. Аспирин и Омега пиев за гранична АФА, а Клексан при крај ми воведоа за намалени тромбоцити. За ПАИ стриктно не ми препиша ништо д-р Кочо, ниту д-р Павлина Ремедика. Поделени мислења има многу. Кај мене само тој беше мутиран, хетерозигот.
PAI со уште два имам јас промав пред бременост аспирин секој втор ден па од позитивен тест ми прекинаа аспирин и сум на еден клексан еве веќе 21 недела
Имам неколку прашања во врска со резултатите на времињата и д димерите Пред да почнам со клексаните времињата ми беа добри ама д димерите високи Е сега после 30 примени клексани, времињата полоши а д димерите пониски Дали тоа значи дека не ги аплицирам добро или треба време незнам, и некако ми е страв во стомак да не може подалеку да оди инаку сум доста слаба и немам баш сало во стомакот 12+2
Зашто толку многу навлагаш во детали?? Тоа дали добро аплицираш или не не влијае толку на тоа дали времињата ти се ниски ддимери ниски или високи туку ќе си имаш хемстоми и ништо повеќе. А хемостазата секако се менува кај мене се беше добро па после примени клексани 4месеца веќе аптт е ниско ми продолжија клексани и уште си се боцкам, искрено нит прашувам зашто ни до кога нит рипам ден ако немам извештај за тој ден подобро си примам клексан отколку да не примам. Тие клексани се дадени поради мутации, високи/ниски времиња, високи/ниски ддимери сигурно не се дадени туку онака. Мој совет не паничи, како ќе ти кажат така прави не прашувај трансфузиологот зашто ти ги дава до кога ќе ти ги примаш по колку ќе примаш и слично остај трансфузиологот да си ја врши работата како што најубаво знае он а твоја задача е само даденото да го земеш и користиш бидејќи имаш мутации и имаш проблеми. Мој добронамерни совети
Јас толку сум збунета што од 3 трансфузиолози имаат 3 мислења Првиот ми даде 30 клексани Вториот рече да оставам на гинекологот што мисли и што следи на ултразвукот Третиот вика добар хемостатски наод го имам тука постирано и не е баш добар по тоа колку што јас знам и затоа ми е чудно, и пак третман да ми биде по процена на гинекологот ама овој со дадени 30 клексани За тие мутации што ги имам не спомнуваат ништо А кога еден ден не примав гин. ми рече чекај до понеделник да ти кажат на трансфузиологија дали ќе ги примаш уште и мене ми беше мака и страв да не биде нешто баш прашав тука, инаку прашав во аптеките беше недела немаше никаде клексани само во една од 0.2 2 да земам да би била 0.4 така тоа си беше
Немој да идеш на повеќе мислења од трансфузиолози иди на еден што по тебе е најдобар и нека те води он до крај на бременост. Јас првите 20клексани не ги рефундирав ми даде гинеколог да се боцкам немаше термин а сакав кај Јани да идам си почекав бев и сега следам термини еднаш месечно чим објават термини фаќам одма и така идам и ме води само он. Ми дава мислење гинекологот и со тоа идам кај него со наодот од ехото он го гледа ми дава се боцкам хемостаза и ддимери и до вечерта имам извештај. Одлучи еден кој и фаќај термини кај него и нека те води само еден трансфузиолог
Ве молам за мислење. Прва бременост со ивф близначка примав само аспирин до 5ти месец каде имав missed на едниот близнак. Со терапија со клексан и редовни контроли истерав успешна бременост Сега бремена со второ дете повторно со ивф, после трансфер примам аспирин и клексан. Докторот гинеколог бара мислење од трансфузиолог за понатамошна терапија. Денес бев сеуште немам резултати и мислење, но според овие резултати докротот Кочо ми рече дека немам тромбофилија, се зачуди зошто така ме водат. Ве молам мислење
Е како немаш тромбофилија? Сите овие гени се за тромбофилија. А хомозиготност во PAI зарем не е тромбофилија? Другарка моја испита само MTHFR во МАНУ и ѝ беше мутиран и само со тоа примаше клексани цела бременост.
Не сакам да те бунам дополнително, ќе ти кажам за мојот случај. Јас пред бременост испитував АФА и АНА, мислам АФА ми испадна на горна граница. На клиника ми дадоа терапија аспирин протект и омега да пијам 3 месеци и за три месеци да проверам пак. Кај тебе е над граница веројатно, затоа е и болдирано претпоставувам. Не знам што, е лаик сум, само споделувам искуство и сакав да потенцирам дека тогаш докторот кога ми ја пиша терапијата ми кажа, да дојдам пак за три месеци пошто оваа вредност многу често варирала и не била 'фиксна', па затоа сакал да следи. Од тогаш поминаа две години, износив бременост во меѓувреме, а јас сеуште се немам појавено да испитам. Ми виси на глава дека треба. Ако можам нешто да помогнам и ако знам, слободно пиши ми инбокс.
Да прашам.. како од аспиринот што може да се јави крварење и обично го прекинуваат. Дали крварење може да се јави и од клексан? Дали има штета од непотребно примање на клексан и како се манифестира? Не примам клексан, препишано ми е за во следна бременост, но сакам да си разјаснам.
Дали треба да има временска разлика на примање клексан и аспирин? Во молам пишете како ги комбинирате
Zeni posle kolku vreme ddmerite pocnuvaat da opagjaat od primena terapija? Denes pocnav so kleksani, 14 treba da primam pa kontrola da napravam. Ke bidat namaleni ili mozno e da ostanat isti? 28ma nedela sum bremena.
Мене во 7ма недела беа 5900 После примени 30 паднаа на скоро 1500 Се зависи од организмот можеби Или неделите