Zdravo do site i dali ke moze nekoj/a da mi kaze kako i kade vo nasevo zdravstvo moze da se proveri genetska mutacija na MTHFR?
Нема што да ти одредува терапија гинеколог за мутации тоа мора да си се консултираш со трансфузиолог он ќе ти каже дали треба или не треба да примаш клексан, аспирин или ништо од антикоагуланси. Не чекај закажи си одма, јас имам супер ддимери па од почеток до крај трансфузиолог поради мутациите ми кажа да се боцкам со клексани и еве веќе 30+ сеуште се боцкам и ќе боцкам до крај на бременост.
Со упат од матичен гинеколог за на трансфузиочогија за испитување на генетски мутации со кој се испитуваат повеќе мутации исто така и MTHFR
AFA ( mislam ova ti E pozitiven rezultat) I kolku sto razbiram toa se antiphospholipidni antitela ili steknata trombofilija I plus Imas homozigotnost vo pai - plus homozigotnost vo MTHFR sto znaci terapija E kleksani I metilirana folna obavezno. Kako Moze ginekolog bez transfuziolog da odlucuva?? Jas na tvoe mesto pravo kaj Jani. Mene nikogas terapijata ne mi bese sledena spored hemostasa tuku spored mutacii
Јас во МАНУ, гинекологот не сакаше да ми даде упат за на трансфузиологија, побарај упат за на трансфузиологија.
Која цена е Torch, и која цена е испитување на генетски мутации во државна отприлика, за да знам колку да носам со мене, и може глупаво е прашањево ама од ваше искуство дали да одам во ист ден да ме боцнат и тоа и тоа или за торч да одам друг ден?
Торч беше 700, генетски мутации на трансфузиологија скоро 3000 а во ману ти е 450 со упат. Трансфузиологија заглавени во 19век немаат терминал, ако одиш носи кеш
За резултати од кариотип Вие се јавувавте или чекавте они да Ви се јават кога ќе се готови резултатите ? Сопругот доби повик пред неколку недели, па ги однесе и родителите за да проверат дали еден од хромозомите е наследен, ама од нашето испитување поминаа веќе 2 месеци...
Мене ми рекоа да се јавам за резултати за еден месец. На 22.Април не боцнаа. Планирам да се јавам од понеделник натака.
Samo topla preporaka za doktorka Pavlina Gerasimova od Remedika, denes pak bev na redovna kontrola za krvna slika,ddimeri i hemostaza, znaci dosega sum nemala takvo iskustvo, prosto sum iznenadena od doktorkata, kakva zena, sekogash da pomogne da te upati, da te smiri, ke ja prevrti bolnicata da najde kolega ako ti treba nesto, sekoja cest. Detalna, ke proveri se, ke zapise se, prosto zlatna doktorka.
Девојки дали некој знае што значат овие мутации ? Се спремав нареден месец за ин витро на своја рака си ги испитав,но во саботата имав позитивен тест за бременост и бета. На гинеколог сум дури наредна недела мисла ми е да не треба порано да отидам ?
Нема што да се мислиш, почни одма со Methyl Folate и Methyl B12 и тоа тебе ќе ти треба поголема доза и од 1000 затоа што си хомозигот и на MTHFR и MTRR. Не чекај доктор да ти "препише". За PAI ќе ти треба клексан, тоа во прво време нека ти препише гинеколог, а ти фаќај термин за на трансфузиологија (не мора кај Јани, оди кај Елена Петковиќ одлична е). За Аспирин ќе ти кажат дали да пиеш.
Мене ме води Јани од сам старт гледам кога има термини на мој термин и се јавувам на матичната општа и ми фаќа термин зашто матичните гинеколози не им дава за упати за трансфузиологија ...
Консултирање одма со гинеколог а и со трансфузиолог, јас со овие мутации исти со плус MTR а без MTRR примам клексани од сам позитивен тест и ми рекоа до крај ќе примам веќе сум 30+ недела. Мој совет консултирај се колку за почеток со гинеколог обично гинеколозите што се за ивф знаат за терапија колку за почеток да ти дадат за разлика од општите
Здраво, јас со генетски мутации (за кои ми велеа не се страшни, ги има пола Македонија) се боцкав со клексан 0,4 до пораѓај. На почетокот трансфузиологот Јани ми рече да се боцкам од прв ден, цела бременост и аспирин 100 секој втор ден. И метилирана фолна и метилиран б12. Резултатите секогаш ми беа одлични и гинекологот, еден од најдобрите во ГАК, ми ги прекина во 16-та недела, не можела да ми ги оправда на одични резултати. И реков не ги прекинувам, ќе се боцкам до крај и сама ќе ги купувам. Ми рече епа ако ти е страв да ги прекинеш тогаш боцкај се. Да напоменам претходно имав родено без проблем и клексани, па три спонтани, па пета бременост која фала му на Бога заврши добро. Значи по совет на Јани, до последен ден се боцкав, решив него да му верувам. Кога ме породија инсистирав да ми испитаат димери, ми беа 8.000. Ме задржаа уште неколку дена во болница и уште 10 дена ми ги продолжија клексаните. Додаток (може некому ќе му помогне): Цела бременост пиев и Метформин, иако тоа е терапија за дијабетичари, а јас немам проблеми со шеќерот. Ми ги препорача гинекологот Ложанкоски, во смисла не можат да ти наштетат а помагаат. Зошто реално никој не знаеше од што ми се спонтаните, сите се случуваа во 8 недела, престануваше срцето. Го консултирав и специјалистот ми рече пиј ги ако сакаш, не штетат. И до што беше не знам, ама важно родив синче во 35 недела