Здраво, Мислење за резултатите, наредна недела сум на доктор. Тромбоцитите ми се 240. Од терапија сум со клексан 0.4, метилирана фолна и метил.б12 од 1000.
Zdravo, cela bremenost odam na kontrola kaj Jani i primam kleksani, sekogas zakazuvam so termin, no ovoj pat mi zakaza za mesec dena kontrola a za Juni nema slobodni termini, dali ke mozam so prioriteten upat da odam, dali ke me primi?
И јас не најдов слободен термин за кај Елена Петковиќ, ама мислам дека може од таму да ти креираат упат на лице место приоритетен, со тоа што ќе си се изначекаш, прво ќе влезат тие со термин што се. Барем до сега така правеа. Јас ќе отидам на 28.05. така без упат.
Дали некој во брзо време има испитано антитела за ana, anca, afa, tpo.. И каде? На имунологија немаат реагенси веќе трета недела Дали се испитуваат на друго место некаде овие?
Здраво, да ве прашам од кога ви дадоа клексан, одма од позитивен тест? И дали на прв позитивен проверувавте хемостаза и димери? Матичниот гинеколог ми рече да почекаме прв преглед и срцева акција па ќе видиме понатаму. После спонтаниот пијам метил фолат, метил б-12 и аспирин преку еден ден по препорака на Јани. Е сега мисла ми е дали овие две недели до преглед да останам со оваа терапија или да си го побарам Јани уште утре.
Побарај го Јани. Според мене две недели не е мал период. На извештајот од Јани мене ми пишува клексани да се почнат со позитивен тест.
Јас од позитивен тест преку урина и одма направив и преку крв каде што beta hcg беше 60 одма истиот ден имав примено клексан и до ден денес примам еве ме фала му на бога сум 33+ недела, исто ме води Јани. Секој месец сум кај него на боцкање и да ми каже што како. Со лесно и само позитивно ќе биде се во ред
Ви благодарам девојки, ќе гледам да стапам во контакт утре со него, закажав термин на 10ти јуни само тој беше слободен ама да не ризукавм да чекам до тогаш.
Ако неможеш да стапиш во контакт зборни со гинекологот види за клексани со него немаш штета ако купиш приватно без да можеш да рефундираш само можеш придобивкс да имаш. Мене гинекологот ми рече тогаш боцкај се клексани за секој случај зашто кај јани си тек за 20дена и така беше тие денови се боцкав и кога отидов кај Јани после 20дена ни рече супер нежаш штета убаво кажала докторката и сега ќе продолжиш до крај на бременост еве и така е. Мој совет појди и зборни со неа ако не дојдеш до Јани утре
Да, утре ќе одам кај гинекологот баш да прашам за ова, без размислување ќе ги купам на приватно само да му каже која јачина да ја земам и колку пати на ден. Во петокот кога бев не ми спомна он ништо а не ми ни текна мене да прашам, збунка појдов и ми се блокираше мозоков.
Девојки ве молам за совет тек следен петок сум на лекар Имав спонтан во март и денес ми стигнаа резултати од генетски мутации ,,homozigot za mutacija A1298C i PAI 4g/4g Што пиете за ова, каква терапија се дава и за следен обид за бременост колку треба да чекам, дали треба на исхрана некоја да внимавам Пак ќе кажам ќе одам на доктор ама дур да дојде термин сакам да се распрашам
Закажи си кај Јани на Трансфузиологија, ова не се многу мутации не плаши се. Аспирин може да ти даде да пиеш, со метилирана фолна. Ова не знам дали е за клексани воопшто. Не се секирај, овде скоро сите сме со мутации и терапија.
Здраво, поради мутации пијам метилирани фолна и В12. Сега гледам Пренатал на Џејмисон и во нив има Фолна 1000мг. На контрола сум за половина месец и ми е страв да не претерам со фолна. Какво е вашето мислење?