Метилирана фолна пијам веќе 3 години и повеќе, така испаничив исто, па пред некое време испитав хомостицеин, излезе во граници на нормала.
Нормално е да пече клексанот? Иглата не ме боле, ама одпосле лекот многу пече. Не дека е нешто неиздржливо, ама пак знае да ме заболи. Правам исто како што пишува на упатството, во стомак се боцкам. И во случај да не најдам клексан, што земате за замена?
Нормално е да пече, вбризгувај ја течноста полека. Мене кога има капка од течноста на иглата ме пече. Ама јас боцкам во рамо. Инаку за замена и фраксипарин даваат, ама никако на своја рака, само ако ти препише доктор.
Обично за мутации препишуваат метил фолат и метилиран б 12. Штом си закажала веќе, не се секирај, ќе ти препише терапија.
Последниве 10тина дена пијам аспирин. Знам дека не се пие додека имам добиено и не го пијам ама имам пообилна менстуација од обично. Од аспиринот е?
Од аспиринот е. Нино од Систина неколку пати ми нагласи штом видам капка од циклус веднаш да го прекинам.
Не се напив дента кога добив, а не сум сигурна дали се напив и претходниот ден. Видов во белешки од 31 јуни го пијам, со тоа што 2-3 дена имам заборавено да се напијам. Вчера имав повеќе од вообичаено, денес е ок. Не е страшно.
Pai 4g/5g homozigotnost ke treba kleksani. A drugi mutacii Imas ? Pusti fail da vidime vaka tesko se tumaci rezultat
Дали некој бил кај др. Нино во Систина со резултати од Авицена? Затоа што ми побара повторно да направам тест за тромбофилија со упат од матичен гинеколог за да ги потврдиме резултатите, а слушнав дека др. Јани ги прифаќа резултатите од Авицена..? Инаку превентивно направив тест за тромбофилија, не сум имала спонтани, кај нас матичните не даваат упат доколку си немала спонтан. И затоа сега се мислам да закажам кај др. Јани , бидејќи според овие резултати Нино ми рече ќе треба терапија. .
Мене ми потенцираа сите испитувања што ќе ги правам да бидат во државна. Сигурно има нешто. Кои мутации ги имаш?
FGB - 455 , MTR 2756 , MTRR 66, MTHFR 677 хетерозигот Па и јас баш се мислев што да правам пред да го направам тестот, затоа што знам дека матичните не даваат вака и се решив за Авицена.. ама сега не знам што да правам . Затоа ме интересира некој со слична ситуација дали бил со рез од Авицена кај него, а и кај др. Јани
Секако закажи кај Јани за да си рефундираш пари за клексани кога ќе дојде ред. Инаку и јас направив во Авицена и со тој резултат бев кај Елена Петковиќ државно, прашав дали да ги повторам анализите, рече нема потреба зошто.
Jas imav napraveno ispituvanje za mutacii i na drzavna i vo avicena i rezultatite bea isti. Neznam zosto ti kazal da gi povtoris sepak avicena e dobra laboratorija
Јани ми ги погледна и во Авицена, Нино ги виде не дека не, ама ми рече стриктно во Ману да се испитам,па пак да се вратам. Кажа дека биле поверодостојни.