1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Генетски мутации

Дискусија во 'Бременост' започната од kikin, 27 јули 2016.

  1. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.050
    Здраво
    Имам генетски мутации и со првата бременост од почеток до крај боцкав клексан.
    И сега боцкам од почеток, ама овојпат водам бременост во странство.
    Многу не ни се јасни овие работи и сега само ме повикуваат на некои испитувања што искрено ме нервира.
    Сега наредна недела имам пак закажано кај доктор, па денес ми стигна на меил имам закажано и наредниот месец и гледам претходно треба да ми земат крв наведно за тромбоза.
    Искрено не ми е јасно што со тоа ќе увидат?
    Ќе ги прикачам и моите резултати баш да ги видите и да ме просветлите што би можеле сега да ми со тоа испитуваат, не сум многу запознаена.
    IMG_0149.jpeg
     
  2. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Јас кај Нино не сум била цела бременост од позитивен тест ме води Јани бев кај него со резултати од Авицена ништо не ми кажа за тоа од кај ми се само ми рече за терапија си ова ова и ова се гледаме секој месец. Така и беше еве ме веќе 36недела
     
  3. babyyyygirl

    babyyyygirl Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Малце ван тема од твоето прашање,
    Како се породи првата бременост?бидејќи до крај си примала клексани дали беше на закажан царски или?
     
  4. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.050
    Да со закажан царски бев, ама не ради мутациите.
    Имав висок притисок и шеќерот ми беше на граница, па тогаш докторот одлучи за царски.
    Инаку не се убаво сеќавам, ама ден или два пред царски ми ги прекина клексаните.
     
  5. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Јас сум со клексани до крај. Понеделникот сега Јани ми рече 24h пред царски да ми биде последен клексан. Јас сум на закажан царски поради клексаните, тесна карлица, ситна што сум а бебе малку поголемо
     
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    33.712
    Пол:
    Женски
    Мене матичниот гинеколог ми даде упат за во МАНУ, не можела за на трансфузиологија.
    Со тие резултати бев кај Јани и ми препиша терапија.
     
  7. Тина 36

    Тина 36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    И јас примав клексани цела бременост и се породив природно. Последниот клексан го примив ден пред да ме породат. Бидејќи бев во болница, имав болки, докторите одлучија дали да ме боцнат. Не се знаеше кога ќе се породам, бидејќи бев 35 недела, па требаше да се издржи што повеќе. Но утре дента на бебето не му се чекаше и се породив.
    Мој совет, на тие со природно, потоа не ни ги проверуваат димерите. Јас инсистирав, ми беа покачени страшно многу и уште 15 дена бев на клексани
     
  8. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    9.021
    Пол:
    Женски
    20240619_112925.jpg
    Ве молам за мислење? Испитувањето го направив откако дознав дека сум бремена, после 3-4 месеци од спонтаниот(природно и без проблем).

    И приватниот и матичниот ми рекоа дека нема потреба од терапија, ама мене некако ме копка. Читав дека во поодмината бременост можи бебето да остане без доволен проток на крв па сум загрижена. :|
    16та недела сум. Засега бебе е ок.

    Немам испитано д димери, хемостаза и слично. :?:
     
    Последна измена: 20 јуни 2024
  9. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    За PAI хетерозигот даваат терапија Клексан, за MTHFR ќе пиеш метил фолат витамин.
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    32.850
    Пол:
    Женски
    Мила, јас за Паи хомозигот сум од позитивен тест со клексан. Исто за Мтхфр се пие метилирана фолна и метилиран б12. Да си испиташ и хемостаза и димерите обавезно.
    Ако си во можност со резултативе оди кај трансфузиолог, по можност барај го Јани.
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    9.021
    Пол:
    Женски
    За жал, не живеам во Мк, инаку би одела одма во Плодност, преку улица ми е. И кај Јани ако требаше, од шо го фалите:)
    Никој не ми кажа за метил витамините, една доза испив Премама, а после продолжив со Новалак(хрватски) во кои има фолат.
    Дали ова значи дека за џабе ги пиев и бебето можи да има невролошки проблеми? ;(

    Ќе си умрам од грижи. Ако сега нешто се случи, не знам дали пак ќе се решам за бременост, години ми се во прашање.

    Не смеам да патувам, инаку би дошла. Ќе барам овде консултација со хематолог на приватно. Овие дена ќе си направам и д димери и хемостаза.
    Чудно е во Мк шо на сите препишуваат клексани, а овде веќе не, за вакви "поблаги" мутации како моите, ми рекоа дека клексани се застарен метод.

    Вчера имав ужасен ден, плус се вознемирив читајќи за мутациите и цел ден се изнаплакав и не можев да спијам сношти ;( Жал ми е за бебето, како згрчено го осеќам..и почна на левата страна кај препоните да ме штрека.:(

    Ќе пробам и Таше од Плодност да го контактирам бидејќи му бев пациентка, а ако некоја од вас има контакт од др. Јани, би ви била благодарна ако ми споделите во порака.:l:
    Фала ви за одговорите:l: И Бог нека се смилува :angel:
     
    Последна измена: 21 јуни 2024
  12. Blanca25

    Blanca25 Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2024
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site, sakam da prasam, aspirin mi e prepisan da pijam do 32 nedela i od ginekolog i od transfuziolog no, mnogu se bunam so nedelite bidejki sega bebeto odgovara nedela ipol plus.Dali da si gi racunam nedelite kako sto si gi racunam ili da se vodam po goleminata na plodot? Ova mi e samo radi prekinuvanje na aspirinot
     
  13. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш, не сите испитуваат мутации па колку бебиња се родиле. Како што кажа сама хетерозигот е поблага мутирана форма, тоа што си пиела обична фолна сепак одреден % се апсорбирал.
    И Јани не уклучува веднаш клексан, битно му е ехото, протоците какви се.
    Јас сум хетерозигот во фактор 13 и ITGA2, за факторите на коагулација се дава клексан, кај мене беше близначка бременост со missed на едниот плод во 7ма недела, кај Јани бев во 16та недела, не ми вклучи клексан, со објаснување дека ако ехото е добро и бебето се развива, дека нема потреба.

    После спонтан и на другото близначе (од сосема други причини) за следна бременост од старт ми вклучи клексан, во насока да се преземе се што е возможно за успешна следна бременост.

    Те прочитав дека си вознемирена и затоа ти го споделив моето искуство со мутации и клексан, т.е дека не касниш ништо, види консултирај се ако можеш, ама ако бебче напредува нема што толку да се секираш.
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.422
    Допаѓања:
    10.461
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, се ќе биде во ред. Јас родив дете, со најубава и најлесна бременост, порагај прелесен. Отпосле на своја рака испитував и видов дека имам мутации. Скоро сите ги имаме само секоја не испитува. Уживај во бременоста :l:
     
    На P.S.love и Marsi* им се допаѓа ова.
  15. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.050
    Немој така да мислиш дека нешто лошо ќе се случи, убаво е што си проверила земи си сега пиј си метилирана фолна и метил Б12.

    Јас сум со мутации ги проверив после 3 спонтан што се случуваа во рана бременост.
    После тоа имам една успешна бременост и сега пак сум бремена се надевам дека ќе си биде добро се до крај.
    Примам јас по 2 клексани на ден од позитивен тест, ама еве сега се наоѓам во Данска и тука уште неможам уште да ни се објаснам зошто ги примам.
    И ете и јас се чудам зарем овие жени тука немаат мутации, немаат проблеми?
    Можам да кажам колку е и добар форумот има и доза негативности, читаме се и сешто и на своја рака проверуваме и се стресираме.
    Ама од друга страна тоа го правиме за да успееме, даваме максимум од нас и сме претпазливи за немој нешто да утнеме.

    Ако уште никој ти го нема бројот пратено од Јани, ќе ти го пуштам јас во порака.
    Секогаш одговара макар и со по еден збор.
    :)
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    1.050
    Па претпоставувам како што си ги рачунаш неделите, ама најубаво прашај си Доктор за сигурно.

    Исто и јас се бунам само што кај мене е наназад плодот.
    Сум имала доцна овулација и го знам датото кога пробавме за бебе и од тогаш кога сметам таман ми одговара неделата на кое што одговара бебе.
    Тие ме водат скоро 10 дена понапред и бебето кога го мерат секогаш е назад.
    И јас искрено незнам која недела да се сметам кога некој ќе ме праша.:shake:
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    32.850
    Пол:
    Женски
    Мила, да знаеш само дека не ми беше намерата да те плашам или нешто слично, само ти дадов мое искуство. Ако нешто те вознемири дополнително мојот одговор, ти се извинувам.

    Не прима секоја трудница клексан, има многу што тераат бременост па не ни знаат дека ги имаат мутациите. Не значи ти ако не си примала до сега и дека нешто ќе биде со бебуш, не смееш така да размислуваш. Штом до сега бебуш на ехо си е во ред значи немаш место за грижа. Само не е лошо да си земеш метилирана фолна, а клексан на своја рака никако.
    Ете членката ти се понуди да ти дади бројче од Јани, пиши му кажи му ја ситуацијата, верувам дека ќе ти врати и нема да те остави така :)

    Не плачи и не биди вознемирена, сѐ ќе биде во ред, ќе видеш :l:
     
    На P.S.love и Marsi* им се допаѓа ова.
  18. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Имав две неуспешни бремености. После втората испитував се. Меѓувреме сестра ми забремени. Јас со панични напади, ми се уврте дека и неа ќе и се случи исто, памтам дека три дена по ред повраќав од стрес (facepalm) Испита мутации, ги имаме истите (логично), никаква терапија не пиеше затоа што така и кажаа и се роди теткиниот здрав, прав.
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  19. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    9.021
    Пол:
    Женски
    Фала ви најмногу на сите за одговорите, мислењата, советите и утехата која најмногу ми треба.:hug: Камо вчера да го прочитав сево ова, ќе се поштедев од стрес и солзи.:|

    @QweenSM не мила, уживај, ништо лошо не кажа, туку јас се' шо прочитав си преточив во црни мисли и лошо сценарио (facepalm)
    Денес бев по упат за комплет крвна слика и плус д димери и хемостаза.
    @Marsi* ај те молам пушти ми го број од докторот.:handshake:

    Од која фирма купувате метил б12 и фолна? Има на Солгар? Now мислам дека нема овде.

    И уште нешто...додека вчера го осеќав цело време бебето, најмногу на десна страна, денес ништо, ни пеперутките ни ништо. :| И сега, треба да сум загрижена? И мажот ми го загрижив:( Нема да си простам што не можев да се смирам и солзите сами ми течеа, а можеби му наштетив на бебето;(

    Ви посакувам на сите успешна и лесна бременост и многу радости со бебињата.:sun: :f: :hug:
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    32.850
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш, сѐ ќе биде во ред! :hug:

    Тука обично ги земаме на Now. Солгар колку што знам имаат метилирана ама му е 400mcg, а тебе ради мутацијата на мтхфр мислам дека ќе ти треба од 1000mcg мила.
    Нормално ова треба да ти го кажи доктор, ние сме тука само за сугестија/размена на искуства.

    Добро е што си земала упат за димерите и времињата, ќе се види така целосната слика :) и кога ќе ги добиеш резултатите ќе му ги пратиш на Јани или па на некој друг трансфузиолог ако веќе неможеш да го добиеш Јани, ама верувам дека ќе завршиш работа.
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.