Има на Солгар метил фолат од 400. Ако треба да пиеш од 1000 и не најдеш, можеш по 2 од 400. Јас на Now порачав од iHerb, многу се поефтини, 2 шишенца околу 1300 мислам беа со попуст, без попуст мислам едно беше околу 800-900 ден., а во Зегин скоро 1700 eдно шишенце, сепак за таа цена 2 шишенца од iHerb.
Фала многу за инфо Анушка Ќе се консултирам со др.Јани шо ќе ми препорача па ќе си нарачам ако треба од Now.
Мајки добар хематолог и трансфузиолог но по приватните клиники ми треба,бидејќи прошлата година бевме на клиника и повеќе не би одела. Не сме во Мк и кога и кажав на докторката почна како тука немало ли доктори што пак нив ги бараме и се така да не зборувам што се ми изнакажа. Малата има тромбофилија плус генетски мутации каде дво Мк ми велат мора антикоагулантна терапија а овде ми велат не треба. Сакам уште едно мислење кај добри доктори
Девојки ви се има случено малку да се раскрварите од иглата на клексанот? Првпат ова ми се случи во овие 2 недели, како ја извадив иглата и гледам топче крв, се избришав и престана. Исто ја ставив како и секогаш, ништо поразлично не направив. Најверојатно не е ништо за грижа?
Ништо страшно не се секирај И топчиња и крв и модрици Рацеве ми се ѓон последните неколку денови и иглата едвај влегува
Фала миличка Ај модрици знам дека излеваат и јас ги имам, ама не сум се раскрварила. И нормално одма мора да се прави паники Ќе издржиме сѐ за бебулињата
Знам како ти е, кога јас се раскрварив се исплашив баш мислам дека пишав тука, ама не е страшно штом се по една до 2 точки
Направив на своја рака испитување за тромбофилија од што имам буквално трауми од случаи околу мене, а ако не ти се случила беља кај нас упат не дават матичниве иако секој месец плаќаме здравство ама нејсе.. Ова се резултатите може ли да ми помогнете за толкување некако ме уплашија, ќе одам секако на трансфузиолог
Заради паи претпоставувам ќе мора со клексани Резултативе си се тие, така? Пример и после 2 месеци да отидам на трансфузиолог си важат
И друго што не ми е јасно, како може да имам потешка форма на хемофилиија (неможност на организмот да ја згрутчува крфта) и паи мутација што е тромбофилија односно предиспозиција за згрутчување Значи само јас може истовремено да имам две крајности.. Ај може ќе се неутрализираат меѓусебе
Здраво женички, ви пишав пред некоја недела дека др. Нино ми бараше да го повторам тестот за тромбофилија, (отидов со рез од Авицена), но еве денес имам позитивен тест.За др. Јани ми кажаа на 8јули со приоритетен е прв можен термин. Дали е многу да чекам 10 дена за добивање терапија? Дали да закажам некој побрз термин кај друг доктор? Не знам што да правам, страв ми е да не се случи непто во тие 10 дена.Што би ме посоветувале?