Можеш да закажеш термин во Институтот за Имунологија и Хумана Генетика. Таму вршат комплетни испитувања на генетски мутации и антитела.
Кај Јани нема термини како по обичај, денес со итен упат ме вратија од трансфузиологија иако имаше биквално двајца во 9ипол кога отидов. Многу безвезе, да не беше систина нема кој да препише прва терапија во рана бременост а со евидентирани мутации. Кои други доктори се покажале како ок за оваа нашава проблематика чисто ако отвори некој термин да знам кај да фаќам термин зошто кај јани нова година ќе ме фати
За кај Јани денес имаа пуштено за 7ми Ноември. Виду за кај Елена нешто на П и беше презимето за поитно. На ГАК веќе не препишуваат? Знам и таму лани дека препишуваат.
Не сум за одење на гак, во систина ја водам бременоста а и кога се пресметав со рефундацииве ништо посебно нема да ми смени … од 0.200клексани по еден дневно / 120ден ….60% ако вратат ништо пари…. А мрцварење безвезе … поише ми беше да се видам со Јани да видам дали се согласува со терапијата вака … фатив термин тек на крај на ноември до тогаш со др нино од систина ваљда ќе биде добро
Мораш да посетиш Трансфузиолог позитивна си на некои генетски мутации за да ти даде терапија ако си бремена или планираш бременост.
Ќе препишат за ова метилирани витамини сигурно, плус леиден мутиран има, ама кај Јани пробај најди термин или кај др нино во систина
Мене тој ме интересира шо како фактор 5 што е мутиран што ќе треба, за другите два знам за метилирани б. Кај јани тешко за термини кажуваат...
Јас го имам фактор 5 и уште многу други.Фактор 5 ја намалува циркулацијата на крвта ,протокот на крвта е послаб ,доведува до згуснување на крвта и може да се создадат тромбови кои сто можат да се движат низ телото. Јас генетските мутации дознав дека имам кога во 2019 имав епилептичен напад и со испитувања откриени се генетските мутации и тогаш на магнента откриено ми е тромб венусно до малиот мозок.Јас сум доживотно со терапија од тогаш.За забременување не ми прави проблем ама проблем ми прави во одржување на бременоста .Јас сум со 2 спонтани сега сум повторно бремена скоро 9 недела и одам на контрола гинеколог и трансфузиолог на 3 недели и сум под терапија .Мора да си најдеш добар трансфузиолог за бременост.Јас сум бед рест оваа бременост и одам Систина и гинеколог и транафузиолог.Сега терапија ми е аспирин и на 12 часа клексан 0.4мг .
Ти благодарам за споделеното. Јас имам една бременост истерано без да знам за мутацииве, без некои компликации. Ќе барам трансфузиолог и да видиме што како натаму, зошто сега се бориме за бременост.
Ако можеш побарај приоритетен упат за кај Јани. Знам дека кај него тешко е за термин, јас кога гледав исто немаше, потоа среќа се ослободи еден термин.
Имаш идено со приоритетен прима? Да не идам за џабе до ск... Јас ќе се консултирам и со тукашниве трансфузиолози ама ваљда ми треба некој што се разбира баш за бременост.
здраво девојки,правев испитување и денес ги добив резулатите… хетерозигот: F7, FGB, ITGA2, MTRR… ми треба ваше мислење/искуство пред да добијам термин за да ми ги прочита резултатите доктор на трансфузија
Немам одено лично јас, ама прочитав членки што оделе со приоритетен. Само со приоритетен се чека, единствено да замолиш некој да те пушти. Нека каже некоја членка што била со приоритетен, штом не си од Скопје да не одиш за џабе.
Епа затоа пишав да замоли некој, ама што велиш со нашиов менталитет тешко. Тие со термини што се па се бутаат. Јас кога бев немаше гужва.
Имам направено на своја рака проверка и ми искочи ПАИ мутација, сакав да одам кај Павлина во ре медика ама се пензионирала. Препорака за добар приватен трансфузиолог? Бидејќи на државно нема термини а и не знам дали ќе ми даде упат матичната
Jas sum kaj doktor Ninoslav Sistina deka sum bed rest i tamu mi e polesno da odam ne cekam deka kontrola imam na 3 nedeli.Drzavna ke se iznacekas .
И јас сум кај доктор Нино, смирен приступачен и секогаш ќе те прими, термини си има нормално, на клиника е ненормално … ако имаш комплицирана историја или бременост немој да се малтретираш и нервираш во систина правам се, сфатив дека дежавни доктори не ми бркаат работа и само ме паничат а не ми помагаат. За јани приказната е деуга, ептен добар доктор и префин ама термини кај него со гатање …