Ако не ти е многу итно околу 10ти пуштаат термини за кај Јани на клиника мора да ти даде упат матичната Цела бременост кај него одам за мутациите презадоволна сум
da i jas sekoj 10 si sledam na moj termin a vidam termini otvoreni se javuvam i maticnata mi zakazuva. Jas sum prezadovolna od nego isto
Здраво девојки. После втор спонтан испитавме генетски мутации за мене и за сопругот. Ќе ви прикачам слики. Секој совет е добредојден.
Здраво. После долго време не остварување на бременост сакам да испитам генетски мутации, кариотип, клетки убијци, дна фрагментација, мар тест, антитела. Дали има уште за испитување освен овие ?
Јас на имунологија бев позади фармацевтски топла препорака, еден од докторите кој и да е јас со двајцата се видов многу добро насоки ми дадоа и по моја препорака и притисок на матичниот почнав терапија и го задржав плодот. Иначе два пати прокрварев во почетокот и после Јани на трансф. Ми вика добро што си била упорна. Хематомите уште рано во почетокот настануват како резултат на мутациите.
Kariotip i genetski mutacii ne pravat problem za zabremenuvanje, tuku moze vo bremenost da ima problem. Imunoloski ispituvanja na institut za imunologija moze da napravis. Probavte so inseminacii? Nlaga stimulacija? Kako e hsg,spermogram, hormonite, tiroidnata?
Пробано е и стимулации и инсеминација. Хсг, спермограм, хормони во ред, освен под терапија за инсулинска резистенција и тероидна.
И ние бевме со необјаснета неплодност 2ипол години, се што наброја пробавме. На крај се опуштивме 2 недели на одмор и до манастир Острог бевме и тој месец забременив. Исто тој месец пиев и зеолит за прочистување на организмот
Бидејќи гинекологот не може да ми даде упати за генетски мутации на тромбофилија одлучив приватно да испитам па дали е доволен првиов пакет или заедно двата : 1.Тест панел за ТРОМБОФИЛИЈА (СКЛОНОСТ КОН ТРОМБОЕМБОЛИЈА) за можни мутации во гените за: Factor II, Factor V (Factor V Leiden), Factor VII, Factor XIII, Fibrinogen, Integrin A2, Integrin B3 и Plasminogen Activator Inhibitor (PAI-1). 2.Во комбинација со панелот за ФОЛАТЕН МЕТАБОЛИЗАМ (генотипизација на MTHFR, MTRR, MTR гените).
Треба двата пакети, и мтхфр спаѓаат во мутациите за тромбофилија. Инаку матичен гинеколог може да даде упат за испитување на мутациите за на трансфузија
Не треба термин за во лабораторија, термин треба само за преглед кај доктор, барем до скоро беше така.
Нека ти даде за на генетика и имунологија ептен се фини и се испитуваат и таму мутацииве, плуд можеш ана ако не си правела до сеа за автоимуни заболувања
Проверив на мој термин, навистина нема термин за ноември. Ако ти се чека, почекај на почеток на месец кога ќе пуштат термини нека ти закажат кај некој од докторите и тие ќе ти издадат упат за во лабораторијата. Преедноставно е, зошто да даваш пари, од кај докторот веднаш одиш во лабораторија, врата до врата се. Ако сепак се решиш за приватно, во авицена ги имаш сите 12 гени, 3000ден мислам беше, провери.