И јас читав страни на назад и тоа го разбрав. Па тогаш што да се испита доколку не доаѓа до забременување години ?
Хормони на третиот ден од циклусот со АМХ HSG – проверка на проодност на тубите. Авто антитела NK (Natural Killer) клетки Спермограм Спермокултура ДНА фрагментација на сперматозоиди.
Направено е спермограм, спермокултура, хсг, хормони се во ред. Останативе не ни се испитани. Месеци следено е циклус со фоликулометрии и кломифен 2 пати. Фоликули има и без стимулација.
Ќе биде све.. Знаеш телото кога е под стрес неможе да зачува плод, не му дава знак дека е спремен теренот за да се вгнезди. Затоа релакс, телото ќе се спреми и ќе останеш бремена кога најмалку очекуваш. Испланирај нешто прошетајте негде Ако почне каснење на циклус, мозокот е многу оптоварен прави филм дека си бремена од што толку посакуваш. Сестрами имаше од што мн се оптовари.. Замина на зимување и остана бремена, јас исто бевме на викенд и се вратив направив хсг и си уплатив карти за виена ( ми пропаднаа тогаш прокрварев) бев убедена да шетнам да одморам мозок и останав бремена.
Мислам на АФА, АНА, TPO.. Моја препорака е да си земете упат за Имунологија и Хумана Генетика, и да го побарате и проф. д-р Дејан Трајков. Многу добар доктор, може ќе ви препорача и дополнителни испитувања од имунолошка страна.
Здраво за моја блиска личност се работи имаше спонтан матичната и кажа мутации да испита. Сега е повторно бремена 5та недела доколку се разбирате да ги протолкувате резултатите,ви благодарам.
Консултација да направи со трансфузиолог, може ќе и вклучи тромбопрофилактична терапија ( клексан, аспирин).
За хомозигот во Pai сигурно ќе и вклучат клексан. Јас сум исто хетерозигот во фактор 13 и поради една неуспешна бременост претходно ќе примам клексан од позитивен тест. Нека си закаже кај трансфузиолог во прва прилика.
Здраво женички. Приказната моја е следна, после два абортуси во рок од две години, деновиве правев тест и излезе позитивен, петта недела сум бремена и по препорака на многу доктори испитав тромбофилија и испаднаа некои генетски мутации па сега сум на терапија, од денес се боцкам со клексан 0.4, пијам метилирана фолна, Аспирин и тие б12 витамините. Премногу сум уплашена, иако сите ми го велат истото дека со терапијата ќе се среди се, секоја втора е на клексани. Се консултирав и со Јани и дури на 24 декември имам термин кај него а од Битола сум. Прашањето ми е следно, дали и покрај оваа терапија постои некаков ризик за жената, мислам дали е можно со терапија да не се подобрува крвната слика и да постои некаков ризик за мене и за плодот. Хормоните си го прават своето и расположението ми варира на секои 15 минути, на моменти си викам не си само ти, види колку жени има со сличен проблем, на моменти на најлошото мислам. Сега откако имаме пристап до се и сешто на интернет па секаде ни шета паметот
Не се плаши, заштитена си со клексаните, земај и метил фолат од 1000ка по едно. И чувај се не се оптоварувај многу. Сега нема да има абортус.
Од 400 ми препиша матичниот. Сега ќе терам со оваа терапија дури не одам кај Јани па да видиме тој каква насока ќе даде, Господ да ви дај здравје на сите од тука научив за него
Здраво феминки. Може ли некоја да ми објасни зашто и во кој случај ги правите овие испитувања за генетски мутации тромбофилии итн. Дали ги прават тие што неможат да забременат, тие што се обидуваат со години да забременат па конечно биднало, тие што се со инвитро постапка ,или тие со повторувачки спонтани абортуси, или пак ништо од ова туку се открило нешто во првите недели од бременоста кога сте биле на преглед па ви рекле да испитате. Јас сум 12 недела и 2 дена бремена и живеам во Австралија. Кога бев на прв преглед докторка ме праша за историја на болести и тромбофилија и реков немаме таков случај и толку. Ми рече чим си останала природно бремена и за кратко време нема потреба да се испитуваат генетски мутации. Досега се е во ред со бременоста никакви проблеми ни крварења не сум имала, но сепак се прашувам дали треба да инсистирам да ги направам тие испитувања за да бидам мирна и во понатамошната бременост од таа страна. Ако може некоја да ми одговори. Фала ви
Јас немав проблем да останам бремена ни првиот ни вториот пат, после неколку обиди успеавме, но првата бременост крварев цело време и за жал заврши трагично, тестовите за тромбофилија барем во мк ги правиме после изгубено дете. Јас сум поборник и најискрено ќе работам на тоа индиректно да секоја жена која планира бременост треба да испита пред да се реши. Мене ме чинеше животна траума и изгубено здраво бебе во 5ти месец! Бидејќи кај мене најдоа доста мутации и вродена тромбофилија по целата ситуација, со клексан сум од позитивен тест, б12 и метилирана фолна + останати витамини и засега се изгледа во ред во оваа бременост. Моја најсилна препорака за сите девојки што планираат семејство прво ова па се друго