А инјекциите сами си ги ставате ? Јас изгледа до крај на бременост ќе треба да примам терапија па најверојатно ќе треба и сама да почнам да се боцкам или сопругот.
Јас го кажувам на сите блиски луѓе што сум разговарала на тема создавање семејство. Секако кој сака да послуша совет. Истото го зборам на работа по гиниколозите дека треба секоја трудница пред да остане бремена или веднаш чим се констатира бременост да испита. Да не чекаат еден два абортуси. Пример моите мутации што ги имам создаваат абортус од 0-8 недела.. И според Петличковски требало да примам од пред забременување. Јас почнав од 4+3 мислам кога прокрварев односно два дена одкако дознав и тоа пак со моја иницијатива .. И после со клексани пак прокрварев во 8ма недела. Јани ми препорача и аспирин на секој втор ден. Моментално сум добро 13+5 и се осеќам сигурно.
Да сама ставав во рака и преден дел на бут ама мн ме болеше мн модрици и Јани рече дека мн слабо имам масно ткиво таму и сега ставам во сполјер и немам болка немам модрици супер е.
Сами пд почеток до крај и јас ќе треба 40недели… здравје само ич не ме плаши боцкањето само бебето да ми е здраво и да си го донесам на светов живо
првиот пат отидовме заедно со сопругот му покажаа, он ме боцкаше од прв ден позитивен тест до последен на пораѓај а се плашеше од игли ја се боцкав само во раце. иначе не се секирај терапијата делува, од искуство ти кажувам, јас моето прво бебе го изгубив во 18та недела изгуби срцева акција, втората бременост со терапија си бев покриена, се си беше во ред, еве ја 3 годинки ќе полни. со лесно и со позитивна мисла
Јас открив дека имам вродена тромбофилија кога добив епилептичен напад на 29 год заради тромб заглавен венусно до малиот мозок. Уште тогаш неврологот ми кажа добро што е откриено сега ќе си дознаела кога ке останеш бремена. Немав проблем со забременување ама имав 2 спонтани. Сега сум 14 недела терапија клексан и аспирин и на секој 3 недели гинеколог и трансфузиолог. Така да почести контроли ми рекоа док за да истераме до крај.
И како ќе ги контролираме овие мутации кога нема да бидиме бремени ? Докторите викаат дека само во бременоста прават штета
Јас пијам Аспирин 100мг секој ден ми рекоа доживотно само во циклус пауза.Подолго пстување со кола или авион 5 дена пред лет eliqvis 5mg и 5 дена послем лет.6 месеци до 1година проверувам хемостаза
Здраво Сакам некој што се разбира во ова и вон бременост да ми каже ние што веќе имаме некој мутации што треба да правиме во текот на живот Јас си проверив на своја рака на почеток на бременоста инаку пред имав еден спонтан на 6та недела Што треба сега да правам
Консултација со трансфузиолог и ќе ти каже што како. Јас примам Аспирин од 100мг.Кога планирав бременост ми додадоа и магнезиум со Б6 и витамин Ц,метилирана фолна,и Б12 метилирана.
Јас боцкав клексан уште пред трансфер некои 5 дена, една недела по трансфер ми зголеми Јани на два клексани(не успеав порано да најдам термин) и повторно имав спонтан. Не знам што е проблемот, може требало од старт по 2 да боцкам. Се надевам дека до тоа беше спонтаниот а не е некој друг проблем. Следно ИВФ 2 недели пред трансфер треба да почнам со клексани, па се надевам дека ќе биде во ред.
Јас клексанот го почнав вчера ама се зафркнав оти почнав да го ставам во 14 часот а треба растојание барем 12 сати од аспиринот. Сестрата на болница денес ми рече пополека да го подтурнувам клексанот секој ден по пола час за да стигни барем вечерта да го ставам. Си велам дека нема да има гајле така
30 минути разлика нема да прави проблем .Јас наутро се боцкам Клексан околу 9:30 Трансфузиологот ми рече наутро да се боцкам а навечер послем 12часа Аспирин ако има разлика покасно или порано 30 мин не е проблем.
Од тоа што гледам сите имаат некакви мутации кога ќе направат испитување. На гинекологија ми викаат секоја втора е сега со терапија ...
Девојки некоја сега скоро да испитувала генетски мутации и останати на имунологија за колку време стигнаа резултатите? Ми рекоа по 3 недели да прашам ако не стигни смс дека се готови.