Јас сум хомозигот на фактор 5, мтхфр, итга2, а хетерозигот на паи и мтрр. Затоа ми рече од почеток на бременост до крај клексани и аспирин на 3 ден.
Здраво на сите. Јас сум 14 недела бремена преку ивф Од самиот трамсфер па се до денес редовно примав еден клексан 0,4 Вчера правев испитување на тромбологија и според резултатите докторот ми ги стопираше клексаните до нареден месец кога ќе треба пак да направам испитување Д димерите ми се 303 Притромбионско време 14 Активно парцијално 31 Тромбионско време 21 Јас немам правено генетски испитувања. Прв пат сум бремена без претходни неусоешни бремености. Дали имавте некави индикации да ги направите овие испитувања или на своја рака го правевте тоа? Сега кога ми ги стопираа клексаните се плашам да не биде некаков проблем. Инаку НИПТ тест имам правено- во ред е. И сите други испитувања и скринингот се добри Освен што имам полип на цервиксен канал и мирувам повеќе
Направи си ако сакаш еден генетски тест за тромбоза во авицена за два дена стига резултатот. Да си бидеш мирна. Зошто во ману и на имунологија се чека по месец дена. Ако имаш мутации, извади приоритетен и пак на трансфузиологија да ти препишат.
Од денеска треба да го стопирам клексанот. Се мислам дали да купам уште два три клексана до тестот на своја рака да се боцка или два три дена без клексан не би направиле проблем? Инаку правев скининг на антитела: негативен.
Јас генетски мутации испитав на своја рака, што прочитав од тука. Ама тука прочитав некоја членка пишала дека во бременост не се испитувале, колку е точно не знам.
Се случува. Јас три и нешто месеци се боцкав сама и не чести ама два три пати се случи. Може да се погоди некоја жила или сл ама бидејќи не е длабоко не може да направи проблем. Освен што ќе имаш како мала модринка, како точка.
Па јас да сум би се боцнала уште два три дена додека добијам резултати ако направиш во понеделник. Ништо нема да изгубиш само можеш да добиеш. Сестрами со мутации па незнам кој беше на трансфузиологија и ги прекина демек добра била хемостазата. И после кај Јани отиде и примаше до крај клексани ради мутацијата. Имеѓу зедоа приватно и се боцкаше на своја рака.
И јас повеќе размислувам така. Ама за вечерва немам клексан. Утре ќе купам. Не верувам дека би направило голема разлика А во Авицена вајда ќе треба да закажам претходно? Дали би ме примиле веднаш во понеделник? И дали во Авицена би ми одредиле терапија или треба повторно со резултатите на трансфузиолог? И бтв кој е Јани?
Не треба да закажеш, јас бев во карпош кај хотел гран плаза Авицена што е, си плаќаш ти земаат крв и ти стига на маил. Резултатите може матичниот да ти ги прочита, ама за клексани да ти препише може само трансфузиолог или гиниколог од гак или чаир. Др Јани е Трансфузиолог на клиника сите трудници се кај него. Многу има знаење. Секој понеделник е во ординација.
Мене ми ги прекинаа на месец вр извини што те замарам со 100 прашања ама претпоставувам дека ми треба упат за др. Јани?
Да треба, јас идам со приоритетен неможам да начекам слободен термин, земам од гак понеделнички и после кај јани. Провери прво мислам за упат ќе се снајдеш.
Фала на инфо ❤️ Видив и дека ви рамус прават вакви генетски тестиви. Не сум од скопје ќе треба само за тестот да одсм во авицена а не смеам многу да патувам Од рамус доаѓаат кај мојот матичен па ќе се јавам да заксжам кај нив Вајда се истите тестови
Здраво на сите, Правев генетски тестови, Во прилог закачив резултати доколку може некој да ги разгледа и разбере. Имам закажано кај гинеколог во Систина за консултација што терапија треба да пијам пред забременување и после бременост но додека да отидам имам мн прашања :/ Дали овие генетски мутации влијаат само во бременост, или не? Ве молам споделете искуства доколку сте или биле во ваква слична ситуација. Јас имав една неуспешна бременост миссед абортус каде што плодот не се формираше и сега пробуваме повторно но со оглед на овие резултати малку сум исплашена
Здраво, сакам да ве прашам дали за вакви резултати ви давале аспирин или клекасани? Јас имам позиттивен тест за бременост и сакам брзо да реагирам во случај да треба. Утре сум на гинеколог за да знам ако не ме посочи она да барам сама упат да ми даде за трансфузиолог. Имам една успешна бременост и еден спонтан. Ви благодарам на сите
Zdravo, se the zvonuvam za latinica, ama nemam na Tel kirilica. Gi sonic rezultatite od genetski ispituvanja, ama za eve nedeli ke odam na transfuziolog. Dali ima nekoj so isti tip na mutacii pa da minkaze zamato se raboti
Вие шо пиете аспирин и клексани боцкате на кое растојание го пиете аспиринот? и дали се пиеше на гладно? не се сеќавам баш од предходната бременост.... вчера бев кај Јани, ми препиша пак аспирин и клексан, ама скроз заборавив да го прашам...